Како што информира МВР, синоќа во 01:57 часот по полноќ пријавено било во полиција дека 54-годишниот Ф.И.се наоѓа пред ресторанот во кој имало приватна прослава по повод верскиот празник „Водици“, кој со пиштол правел проблеми.По пријавата полициските екипи излегле на терен при што било утврдено дека пред влезот од ресторанот настанала расправија помеѓу Ф.И. и неколку гости кои не му дозволиле да влезе во ресторанот, го удриле неколку пати по лицето и телото, по што тој си заминал.По околу 10 минути, еден од гостите кој бил на терасата од ресторанот со уште неколку лица, го забележале охриѓ…
За изградба на ски жичара, Петрески, покрај апелот до домашните фактори за реализација на оваа идеја, се повикува и на пријателите на градот, пред се на збратимените градови. Тој потсетува дека поминале повеќе години од зачетокот на оваа идеа ама се останало само на празни зборови. „Можеби ќе поминат и 10 до 15 години, толку долго во јавноста се споменува изградба на ски центар на Галичица, но без ефект. Дојде и Бојан Крижај и други скијачки имиња ама се остана без реализација. Сето тоа може да го направиме со помош на збратимените градови Марибор од Словенија и Синаја од Романија кои има…
Во еден несекојдневен амбиент се одбележа денот на рибарите. Оваа охридска традиција од година во година добива се поголем публицитет. И годинава, организаторите на овој ден добро се потрудија да ги изненадат своите сограѓани и гостите кои престојуваат во градот. Пред некогашната библиотека беше поставен казан во кој се крчкаше 2 тона рибја чорба, приготвена од врвните мајстори на Општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Професорот Блаже Јорданоски, рече дека не е едноставно да се земе одговорноста за приготвување на голема количина чорба, бидејќи за се тоа треба време, л…
Младиот Александар Андоноски со својата тајфа го фати бурето со бело вино. Традиционалното фрлање на десетте буриња со вино во разбрануваните води на езерото, беше главниот настан за денот на рибарите. Александар пресреќен, изјави дека неколку пати се обидува да го направи овој подвиг и дека конечно денес во тоа и успеал. Вети дека тој и неговата тајфа ќе го испијат целото буре.Во годините кога била забранета манифестацијата на фрлањето на светиот крст во Охридските води, рибарите го земале крстот од црквата Геракомија, за да не се казни попот и пред да заминат ноќта на риби го фрлале во во…
Матичните лекари бараат 50 денари партиципација за секој преглед. Овој предлог ќе се разгледува утре во Фондот за здравство, а доколку се усвои, и оваа бесплатна услуга ќе замине во историјата. Ова ќе значи дека секоја консултација, посета, или преглед ќе мора да го платите, а доколку пациентот треба да прими инјекција, или некаква терапија ќе мора да даде и повеќе пари. Еве што мислат Охриѓани за овој предлог.„Мислам дека не е во ред. Народот нема пари, плаќаат други давачки и ова ќе е многу. А лекарите си добиваат капитација преку Фондот.“„Нека си го регулираат тоа со Фондот, мислам дека …
Охрид, балканскиот Ерусалим денес ги прими бројните верници во име јавувањето на Бога. Големиот Христијански празник-Богојавление-Водици по петти пат се покажа среќен за Митко Топенчаров. Тој на своите сограѓани им посака радост, среќа, бериќет и многу успеси. Ладното езеро не претставувало пречка за Топенчаров повторно прв да стигне до светиот крст, тој вели, во сета возбуда не се чувствува ладното. Ова е неговата тајна како да се стигне до крстот.„Па ние сме пораснати со таа традиција, скокаме од мали деца, од најмала возраст, 12-13 години и ја негуваме традицијата посебно тука во стариот…
Вида Огњеновиќ, големата дама на балканската и светската книжевност, добитник на овогодинешната Светска награда за хумнизам. Огњенович, пресреќна што нејзините заслуги ја донесоа во друштвото на Икеда, Солженицин, Де Оливеира и другите лауреати на оваа награда.„Па како прво многу се израдував, мислам дека и големо задоволство ми причинува фактот што претходните добитници на оваа награда се големи имиња во светот на културата во светот. Ми значи многу, прво да размислам дали навистина сум ја заслужила, и да ги пополнам оние места кои мислам дека недостасуваат во тие заслуги“, вели Огњеновиќ….
Митко Топенчаров го фати светиот крст во осветените води на Охридското езеро. Тој беше најсреќен од околу 1000 млади луѓе од Охрид и државава и неколкуте гости капачи од странство. Оваа година крстот ќе му носи среќа на Митко, неговото семејство но и на целиот христијански свет. Топенчаров по петти пат го фаќа крстот на Водици.Околу 20.000 луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство присуствуваа на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.Со церемонијата на осветувањето …