Јан 28, 2012

Градоначалникот Петрески ги награди ракометарите со одмор во Охрид

Градоначалникот  на Охрид , Александар Петрески , хероите од македонската ракометна репрезентација, кои го освоија петтото место на европското првенство и обезбедија учество на олимписките игри , како награда и почит, ги наградува  со  седумдневен бесплатен одмор во Охрид , заедно со нивните сопруги. „Македонските  спортски репрезентации секогаш доаѓале во Охрид , за да ги наполнат срцата , да се оснажат и во себе да понесат дел од охридскиот дух за да можат успешно да се справат и со најдобрите екипи во Европа и светот. Бесплатниот престој за ракометните херои е скромен дар на Општина Охри…

Јан 28, 2012

Охрид ќе добие спомен одбележје за Богојавление – Водици

Иницијативата за подигнување на спомен обележје за Богојавление – Водици, помина кај градските избраници. Сега започнуваат активностите за забрзување на формалностите и формирање на одбор кој ќе ги прати активностите за избирање на идејно решение и собирање на понуди за изготвување спомен одбележјето.„Треба да се формира одбор, кој ќе распише конкурс – меѓународен со различни идејни решенија и во зависност од идејното решение ќе се одреди и точната локација дали споменикот ќе биде на самата обала или во вода“, вели  потпретсадателот на „Богојавление“, Димитри Пендоски.Од локалната се задово…

Јан 28, 2012

Во Горна Влашка маала отворен комплексот Св. Георгија

Во Горна Влашка маала отворен современ комплекс Св. Георгија. Во него функционира реномираната  стоматолошка  ординација по општа пракса д- р Баткоски. Но, сега надополнета со најнова стоматолошка опрема  работи и специјалистичката ординација по ортодонција. Во ракмите на комплексот  функционира и аптеката Виа Фарм истакнува д-р Марица Угриноска Баткоска.„50  годишното искуство и традиција на аптеките „Виа Фарм“ од Ввечани од 2012 година станаа достапни и во Охрид.„Здравјето и грижата за пациентите остануваат основна професионалан грижа на фармацевтскиот тим, потенцира д-р Угриноска Баткоск…

Јан 27, 2012

Бура поскапувања на услугите во Охрид

Градоначалникот Александар Петрески ги искара советниците на ВМРО – ДПМНЕ, дека не ја почитуваат демократијата, затоа што без да ја слушнат и другата страна се повлекоа од  седницата. Тој рече дека тоа е очекувано од нивна страна, но правилата на игра биле поинакви, доколку сакаат да ја напуштат седницата тоа да го направат кога ќе се гласа за одлуката. Инаку Петрески на седницата и пред останатите советници го повтори неговото вчерашно излагање од прес конференцијата, каде образложи на што се должи бранот на поскапување на давачките на ниво на општината.Желен за жестока дискусија очигледно…

Јан 27, 2012

Во Охрид се води антикампања против ХПВ вакцината

Охридските епидемиолози очи в очи со родителите за да ги разубедуваат во нивните предрасуди за ХПВ вакцината. Стручните лица ги убедуваат родителите во исправноста и безбедноста на ХПВ вакцината и нејзиниот позитивен ефект во спречување на ракот на грлото на матката  чиј предизвикувач е ХПВ вирусот. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, истакнува дека во Охрид и Дебрца е поразителна бројката на родителите кои одбиваат нивните девојчина да ја примат ХПВ вакцината, која од крајот на 2009 година е задолжителна и во нашата земја. Во Охрид се вакцинирани само 18 посто, додека во соседна Струга и Д…

Јан 27, 2012

Денот на Свети Сава по петти јубилеен пат одбележан во Охрид

Имено вистинското име на свети Сава е Растко Немањиќ, и е син на Стефан Немања, големиот српски жупан. Стефан му понудил на својот син да биде крал на Србија, но овој го одбил при што избегал во Света Гора каде што се замонашил. Заедно со својот татко го изградиле манастирот Хиландар и таму го добива и своето црковно име Сава. Сава бил првиот српски архиепископ, основал манастири и школи во средновековна Србија. Починал во Велико Трново, во Бугарија. Согласно Законот за празници, Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија. Во Македонската опера и…

Јан 27, 2012

Охриѓани нешто добија, но нешто изгубија

На првото издание на седницата на советот на Општина Охрид, охриѓани нешто добија, но за некои работи ќе останат и покуси. Така граѓаните го добија и  вториот Локален акционен план за животна средина, а најверојатно ќе добијат и спомен обележје на Богојавление-Водици. Но,ќе загубат уште некој денар од домашниот буџет. Имено точките од дневниот ред кои се однесуваа на зголемување на цените на поголемиот број комунални такси  поминаа без проблем. На мнозинството дотолку им беше олеснета работата, бидејќи советниците од опозицијата, демонстративно ја напуштија општинската сала кога на дневен р…

Јан 26, 2012

Локалната ги крие кандидатите за директори во училиштата

Пропаднаа во вода шпекулациите дека во Охридските основни училиште на директорската фотеља ќе седнат староновите директори.  „Во Општинското Основно Училиште, Григор Прличев конкурсот е завршен, постапката е во тек и согласно законот и комисиската расправа, како и одлуката на училишниот одбор, градоначалникот ќе треба да се произнесе деновиве, по предлогот од Училишниот одбор“, вели претставникот од секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумовски. „ Мислам дека ќе го почитуваме законот и во двете ОУ ќе бидат избрани за директори други лица.Неможе истите директори да оста…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top