Мерките и активностите за еколошки проекти, договорени помеѓу македонската и јапонската влада, генерациска шанса за доизградба на колекторскиот систем на македонска страна и унапредување на неговите пречистителни станици.После разговорите помеѓу македонската и јапонската влада, околу договарањето мерки и активности за техничка и финансиска помош за еколошки проекти, Jапонската агенција за меѓународна соработка JICA, достави информација до надлежните институции во Македонија за отпочнување на процесот за аплицирање пред јапонската влада. Станува збор за проектна активност врзана за одобрувањ…
За една недела отруени повеќе од десет животни. Жителите со брза интервенција на ветеринарен лекар, успеале да спасат дел од животните, но многумина останале без своите домашни миленичиња. Оствариле и контакт со Ј.П. „Комуналец“ од каде негирале дека труењето е извршено од нивна страна. Од ветеринарен лекар добиена е потврда дека станува збор за труење со препаратот ЛАНАТЕ. Ова не е прв ваков случај, па поради тоа истиот е пријавен во полиција од каде е направен записник. После масовното труење на кучиња, овој случај е доказ дека тешко се стигнува до свеста на извесни граѓани. Еден апел до …
Електронскиот катастар наскоро ќе биде достапен и во нашата општина. Оваа алатка ќе им овозможи на граѓаните во било кое време и од било кое место да имаат увид во сопствениот имот. Крајниот рок за воведување на електронскиот катастар е Јуни 2012 година. Оваа алатка досега е имплементирана во Скопје и во уште тринаесетина градови. Од подрачното одделение на Агенцијата за катастар и недвижности велат дека до средината на Март ќе биде воведен електронскиот катастар. Со ова, раководителот на одделението Робе Тодороски вели дека во голема мера ќе се намалат гужвите пред одделението.Граѓаните ко…
Охридските пожарникари за месец и половина изгаснале 38 запалени оџаци. Неисчистените оџаци и шпорети под дејство на високиот воздушен притисок и студеното време се најчестите причини за пожарите, вели командирот на Противпожарната единца Спасе Прентоски . Покрај зголемениот број на интервенции на оџаците, во изминатиов период од 2012 година, пожарникарите изгасиле и 10 запалени контејнери и едно возило кое подигало смет. Статистичките податоци покажуваат дека бројот на интревенциите во овој период е повеќе од двојно зголемен во однос на истиот период од последните десетина години. Команд…
До месец јули остануваат уште две претстави и тоа претставата „Итар Пејо“ на Братислав Димитров, убав мјузикл за деца и млади, кој охриѓани треба да го видат кон крајот на мај и третата претстава која се подготвува „Малограѓанска свадба“ на Бертхолд Брехт, а во реЖија на Дејан Пројкоски. Стојаноски се надева дека подготовките за оваа претстава ќе започнат во месец јуни, а кон крајот на јули, истата ќе биде во склоп на фестивалот „Охридско лето“. За периодот од септември до крајот на годината во план се премиери на уште две театарски претстави, објаснува тој. Бидејќи постои реална потреба з…
Делегација од Охрид, во посета на Р.Турција. Општината во Анкара беше претставена од советникот на ПЕИ Кујтим Усеини и Илкер Мустафа од Секторот за туризам и ЛЕР. Уште на првата работна средба членовите на нашата делегација успеале да постигнат договор за збратимување помеѓу две училишта, „Билкент“ од Анкара и ОУ „Братство и Единство“, од Охрид. Кујтим Усеини вели дека задоволство е да се црпат искуства од луѓе кои очигледно на полето на образованието постигнале многу. Воедно тоа дополнително му дало поттик да размислуваат како би се направило нешто повеќе и за нашите училишта.Работевме со …
До крај на годинава охриѓани ќе добијат болница. Вчера заврши електронската аукција за избор на најповолен изведувач за изградба и реконструкција на овој значаен објект, кој досега беше мета на разни политички препукувања и реакции на граѓаните на Охрид. „ВИА“ ДОО Вевчани е компанијата со најповолна понуда, која на вчерашната електронска аукција ја доби довербата пред бугарско македонската компанија и за 194 милиони денари ќе го гради овој капитален објект. За овој тендер немало голема конкуренција бидејќи Министерството за здравство имало поставено строги критериуми. Првиот човек на „ВИА“ …
Деновиве во нашата редакција имаше јавувања и реакции од родители на ученици од електро-машинскиот центар „Свети Наум Охридски“. Родителите револтирани велат „Не е хумано на вакви ниски температури, нашите деца својот појадок да го јадат надвор.“Имено, на големиот одмор училишната зграда била заклучувана, а децата морале да седат во дворот на училиштето. На ваквите обвинувања од родителите, раководителот на секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумоски, со следната изјава:„Веќе подолга пракса е на ЕМУЦ и во други училишта на големите одмори училниците да се заклучени ме…