Фев 28, 2012

Нова реакција на ДУП-овите за „Табана“ и „Ривиера“

Деталните урбанистички планови за „Табана“ и „Ривиера“ повторно пред советниците. Уште незапочната, јасно е дека оваа точка ќе биде хајлајт на утрешната 44та седница на советот на општина Охрид. Жестоки реакции упатени на адреса на локалната од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат: „Локалната самоуправа непочитувајќи ги мислењата дадени од стручните институции, игра на картата на манипулација на граѓаните на град Охрид, посебно на граѓаните кои имаат интерес на локациите, создавајќи им нереални очекувања за остварување на нивните барања.“„Локалната самоуправа упорно и упорн…

Фев 28, 2012

Ј.П.„Биљанини извори“, времено ќе стопанисува со јавните паркинг простори

После доста шпекулации за тоа кој ќе стопанисува со јавните паркинг простор површини во градов, Локалната пресуди во корист на ЈП Билјанини Извори. Боро Шајн, првиот човек на ова претпријатие информира дека покрај постоечките паркинзи кај Ривиера, цвеќара Мартина, АСНОМ и Горна порта, претпријатието на времено користење ги доби и следните јавни паркинг простори. „Пазар ( Tуристичка ), ул. Македонски просветители од семафорите кај Ох. Банка до плоштад ( 1 Мај, Тренд, Основен суд, Амам и Тинекс ), Кеј Маршал Тито и паркингот пред Македонски телекомуникации“, додава Шајн.Шајн објаснува дека сп…

Фев 27, 2012

Во каналот „Студенчишта“, повторно помор на плашица

Повторно помор на плашица во каналот „Студенчишта“. Оваа појава која за кратко време се случи неколку пати ги растревожи граѓаните и размрда надлежните. Директорот на хидробилошкиот институт, Гоце Костоски кој денеска службено беше отсутен, вели дека е феномен фактот што во месец февруари се случува олкав голем број на плашица да влезе во каналот.  Тој е категоричен дека причина за поморот е тоа што нема доволно доток на свежа вода во каналот, по што рибите кои се во каналот брзо го трошат кислородот од водата. „Рибата секогаш оди према изворот, а во овој случај извор имаме кај хидробилошки…

Фев 27, 2012

„Анонимусите“ од Гимназија трето место на карневалот во Прилеп

Учениците од Општинското срдно училиште Св. Климент Охридски уште еднаш покажаа дека се уникатни и единствени.  На карневалот кој вчера се одржа во Прилеп го освоија третото место за современа групна маска.  „ Токму како што ја замисливме маската, така и изгледавме имавме проблем со времет, врнеше и неможевме во целот да ја реализираме нашата замисла. Околу две недели ја работевме маската“, вели ученик ОСУ Св Климент Охридски Ана Групчева.  „Миславме да ја одбреме оваа маска, „Анонимуси“, затоа што е популарна во социјалните мрежи и сакавме да бидеме уникатни и посебни и мислевме дека ќе би…

Фев 27, 2012

Угинатата плашица не се продава на градскиот пазар

ТВМ  се обиде да дознае  каде завршува изловената, угината плашица од каналот. Директорот на ЈП „Градски пазар“, Живка Анѓелоска информира дека во соработка со инспекциските служби веќе презеле строги мерки за да се спречи нелегална  појава на продажба на плашица во  пазарот . „ До корисниците на закупените тезги напишавме соопштени  да го почитуваат пазарниот ред и да не вршат продажба на риба. На влезовите од пазарот поставивме исто така писмено соопштение дека во пазарот е забранета купопродажна на риба. Појавата надвор од пазарот да се продава риба не е во наша надлежност. Но ако вработ…

Фев 27, 2012

Македонија и Охрид на саeм за туризам во Белград

Македонија и Охрид излагачи на најголемата туристичка манифестација во Југоисточна Европа, „Бенефитот е тој што сите луѓе кои сакаат да доживеат нешто убаво и квалитетно имаат убава и квалитетна информација преку промоцијата во Српската национална ревија“, информира Вујовиќ. Ваквиот начин на промоција на Охрид доби амин и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која со свој штанд ја претстави речиси целокупната македонска туристичка понуда на овој саем. Живка Цветкоска – Андоноска информира дека станува збор за четири ко-учесници, ХОТАМ, „Ресторан Острово“, винаријата „Попова ку…

Фев 27, 2012

За Табана и Ривиера се огласи Управата за заштита на културно наследство

Од Управата  за заштита на културното наследство пристигна известување за нивните ставови за  постапката за донесување на Деталните урбанистички планови за Табана и Ривиера, кои се на дневен ред на седницата на Совет во среда. Во известувањето потпишано од директорот Паско Кузман стои : во текот на изработката на двата  детални урбанистички планови на барање од Општина Охрид , Управата во 2008 година дала свое мислење по предметните планови  за Табана и Ривиера. Во нив имало повеќе забелешки за вграденоста на заштитно- конзерваторските основи во нацрт плановите. Досега до Управата за заштит…

Фев 27, 2012

Локалната самоуправа е загрижена за поморот на охридската плашица

Локалната самоуправа е загрижена за поморот на охридската плашица и бара итни и трајни решенија за подобрување на  ваквата алармантна  состојба.Надлежните државни органи кои стопанисуваат со Охридското Езеро и неговото крајбрежје, односно Министерството за транспорт и врски, под итно треба да го исчисти Студенчишкиот канал во кој има повеќе од еден метар неисчистена тиња. Со чистењето ќе се зголеми длабочината на каналот и влез на езерска вода полна со кислород, неопходен за преживување на плашицата.Вина сноси и ЕЛЕМ , кој во договор со Владата , за произзводство на струја отпушташе големи …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top