За Табана и Ривиера се огласи Управата за заштита на културно наследство

Од Управата  за заштита на културното наследство пристигна известување за нивните ставови за  постапката за донесување на Деталните урбанистички планови за Табана и Ривиера, кои се на дневен ред на седницата на Совет во среда.

 |  Валентина Неловска  | 
opfat Riviera
опфат Ривиера

dup TabanaОд Управата  за заштита на културното наследство пристигна известување за нивните ставови за  постапката за донесување на Деталните урбанистички планови за Табана и Ривиера, кои се на дневен ред на седницата на Совет во среда.
Во известувањето потпишано од директорот Паско Кузман стои : во текот на изработката на двата  детални урбанистички планови на барање од Општина Охрид , Управата во 2008 година дала свое мислење по предметните планови  за Табана и Ривиера. Во нив имало повеќе забелешки за вграденоста на заштитно- конзерваторските основи во нацрт плановите. Досега до Управата за заштита на културното наследство не е пристигнато повторно барање мислење за вграденсота на основите за плановите. Со тоа  Управата не  констатирала усогласеност на планските решенија со пропишаниот режим на заштита во заштитно-конзерваторските основи.
Од Управата, уште еднаш укажуваат на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство. Од овој закон произлегуваат и одредени обврски за Општината, но според сознијата на Управата досега нема спроведено никакви  активности иако законските рокови завршуваат во април 2012 година, стои во известувањето на Управата за заштита на културното наследство.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top