Мар 2, 2012

ЈП„Нискоградба“ доби зелено светло за кредитното задолжување

Општината даде амин на кредитот за ЈП „Нискоградба“-Охрид. По многу натегања околу потребата за вакво кредитно задолжување, и остри реторики, „Нискоградба“ конечно ја доби очекуваната финансиска инјекција, ама засега само на хартија. Инаку станува збор за рамковен и исклучиво наменски кредит, кој ќе биде употребен за обезбедување на доволна количина обртни средства за претпријатието, како и подмирување на обврските за ДДВ спрема државата.„Тоа е рамковен кредит. Значи сиве јавни претпријатија во градов па и во државава имаат таков кредит. Тоа е можност во одреден период ако има потреба претп…

Мар 2, 2012

Стартува доградбата на ЈДУ „Јасна Ристеска“

Започнаа градежните зафати за проширување на  западното и источното крило на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“. Проектот  е финансиран од страна на Локалната самоуправа и треба да заврши со почетокот на учебната 2012/2013 година. Од општинскиот буџет за оваа намена  се одвоени околу 9 милиони денари. Со изградбата на новите простории се добиваат околу 75 слободни места за прифаќање на децата од предшколска возраст, нагласува директорката Марина Петровска Тодоровска. Најтешко ми е кога морам да им кажам на родителите кои бараа место за сместување на  нивното дете дека …

Мар 1, 2012

Охридските „кантерџии“ најдобри на Балканот

Најдобриот македонски Counter-Strike тим, ENTITY, е повторно балкански шампион.Во конкуренција од 33 други екипи од дури седум држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Унгарија) ENTITY успеа да го освои турнирот без загуби ниту еден натпревар. За освоеното прво место ENTITY доби награда од 900 евра и 5 куќишта за компјутер од реноминираната компанија за компјутерски делови CoolerMaster.До финалето ENTITY стигнаа победувајќи ги екипите од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија во групата која броеше 4 екипи.-Подоцна беше поразена уште една екипа од Ср…

Мар 1, 2012

Петрески: Не знеме дали некогаш ВМРО – ДПМНЕ ја зборува вистината“

„Дојдовме до состојба да не знеме дали некогаш ВМРО – ДПМНЕ ја зборува вистината, истакна градоначалникот Александар Петрески, на прес конференцијата како одговор на обвинувањата од советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Градончалникот потенцираше дека советниците на оваа партија ден пред седницата излегле со став дека општината треба да го откупи земјиштето на граѓаните кои имаат земјиште во нацрт урбанистичките планови на Табана и Ревиера. За да вчера пак истите советници кажаа дека немаат против да има градба на овие места, само таа градба да биде автентична и да нема висококатници, истакна градон…

Мар 1, 2012

ВМРО ДПМНЕ: „Го браневме правото Охрид да биде урбанистички заштитен од нападот на висококатници“

Вчера на седницата на Советот на Општина Охрид имавме  борба , борба за правдата , борба за вистината , за законитоста , пред се борба за Охрид.  Нашите аргументи во таа борба беа принципиелни и беа пред се врзани за мислењето на стручните институции кои јавно и јасно укажаа дека Деталните Урбанистички планови за опфатите Табана и Ривиера во центарот на Охрид , немаат одобрување да бидат точки на седницата на Совет. Тука застанавме на страна на процедурите и законитоста и таквиот став го браневме до крај, истакна координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски. „Исто така принципиелно и со аргу…

Мар 1, 2012

Кривична пријава за 11 раководители кои го оштетиле „ЕМО“

Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава , против 11 лица, за сторено шест кривични дела, со кои, оштетено е акционерското друштво „Емо„ Охрид.Пријавата е поднесена против поранешниот генерален директор на „Емо„ Љ.С.(60) против неговите помошници за правни и финансиски работи К.М.(62) и  К.С.(54) како и против осум други лица, членови на одборот на директори: З.П.(51) К.В.(50) Д.М.(55) Н.Д.(60) З.Ц.(55) З.К.(54) М.С.(57) и С.Б.54), сите од Охрид, поради основи на сомнение дека , го сториле   кривичното  дело: „Злоупотреба на службена пол…

Мар 1, 2012

Падна договор за подигање на опасниот отпад

Општа болница Охрид, симна голем товар од својот грб. Најде решение за медицинскиот отпад, но и за комуналниот отпад. Неколку дена болничкиот простор наменет за одлагање на отпад, остана затрупан од смет. Проблемот на површина исплива деновиве кога се крена голема џева од страна на ЈП „Охридски Комуналец“, кога оттаму реагираа дека несоодветно се одлага медицинскиот отпад. Портпаролот на Општа болница Охрид, Др. Сашо Василески, не сакаше да ги коментира случувањата што претходеа на тоа. Тој само нагласи дека што се однесува до нив проблемот е трајно решен и нема повеќе да дозволат грдата сл…

Фев 29, 2012

Нацрт плановите на „Табана“ и „Ривиера“ не поминаа кај советниците

Предлог урбанистичките планови за Табана и Ривиера не поминаа кај советниците. 8 гласа ЗА, 8 Против и 2 воздржани за урбанистичкиот план за Табана и 11 гласа ЗА, 7 против и 2 воздржани, за нацрт урбанистичкиот план за Ривиера. Вака гласаа градските избраници по неколку часовните кавги, клевети, навреди, во кои опозицијата во советот тврдеше дека плановите како точки за совет се  незаконски поставени, а позицијата и локалната дека се е според законските одредби и норми.  Пред седницата на совет претходеше пресс конференција на која градоначалникот Александар Петрески и координаторот на совет…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top