Апр 4, 2012

Во Охрид слабо се користи сончевата енергија

Сончевата енергија и покрај својата неспорна исплатливост, во Охрид слабо се користи. Благоја Тодоровски, приватен станоиздавач од Охрид е еден од ретките во градов, кој го почуствувал бенефитот од користењето на овој алтернативен извор на енергија. Тој објаснува дека проблемот со топла вода во секое време, сега го нема, а трошоците за енергија се намалиле дури за 80%. Инвестицијата од околу 1000 евра на Тодоровски брзо му се вратила.„Па мислам дека за 2-3 години оваа инвестиција се враќа. За нашиве потреби за овие соби кои ги имам за издавање мислам дека е сосем доволно, системот функциони…

Апр 3, 2012

Пронајдени лицата кои напишаа навредливи графити

Секторот за внатрешни работи Охрид, ги пронајде лицата кои, на 24-ти минатиот месец, на повеќе објекти во градот, извршија оштетувања и испишување на  графити и пароли со погрдни и навредливи зборови. По преземените оперативни мерки, СВР Охрид, како сторители на вандалските чинови, ja посочи три члената група помлади малолетници Х.Т.(16) А.П.(16) и В.Д.(17) сите од Охрид. Согласно законот за малолетничка правда, СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство и до меѓуопштинскиот центар за социјални работи Охрид, испрати известување,  според кое, А.П.(16) и В.Д.(17, се директни извршители на ис…

Апр 3, 2012

Кој треба да се грижи за лифтот во вашата зграда?

Некаде функционираат, а некаде не. Лифтовите во Охридските згради може да ви бидат или најдобар пријател или најголем кошмар. Сето тоа зависи од редовноста со која тој лифт се одржува. А кој да плаќа за негово одржување ако не станарите кои секојдневно го користат. Охрид за среќа или за жал е туристички град во кој голем дел од становите немаат домашни сопственици. Тука се создава голем проблем за заедницата на станари која според Законот за домување треба да ја има секоја зграда.„Сега функционираме, барем досега додека не беше донесен законот, на повик, кога ќе имаше некој дефект тие доаѓа…

Апр 3, 2012

Упевче автор на мозаикот „Сонце“

Мозаикот како симбол на животот и вечноста, топлина и светлина ќе ги грее срцата на децата со инвалидитет без родители во Белград. Оваа порака ја носи новиот мозаик изработен од вредните раце на академски сликар, конзерватор и реставратор. Со посветеност и упорност Никола Упевче рачно обработил над 10.000 минијатурни камчиња, црн гранит и златен оникс, а за тоа му биле потребни три месеци ефективна работа. „Станува збор за класична техника на редење на камчиња каде што е употребен каменот оникс кој е многу мек, ронлив и нежен, и гранит во црна боја, многу цврст и груб, вели авторот.“  Никол…

Апр 3, 2012

Што беше тоа организиран паркинг простор?

Голем број станбени објекти во Охрид без соодветен и неопходен паркинг простор. Зошто надлежниот инспекторат не ги санкционира инвеститорите, што не го обезбедуваат потребниот паркинг простор пред станбените објекти? Граѓаните на Охрид, ова прашање не ретко го поставуваат до нашиот медиум. Тие сметаат дека во општинава низ прсти се прогледува на една ваква се позачестена и незаконска појава, поточно дека инвеститорите кога се работи за обезбедување на потребните паркинг места пред зградите, манипулираат со тоа. Одлично поткован за проблемите во урбаната сфера е овластениот градежен инспекто…

Апр 3, 2012

Младите не сакаат мотика

Младиот човек не може да се мотивира да ја засака природата и родината. Иако во многу рурални средини е сменет амбиентот на живеење сепак младите не се доволно мотивирани за да егзистираат од интензивно сточарство или земјоделство, велат повозрасните земјоделци. Излезот од таквата ситуација го гледаат во ангажирање на државата за подобрување на законските нормативи, образованието на младите и во субвенционирање на прозиводителите, вели познатиот калемар од Завој, Крсте Трајчески. Активните пак земјоделци, ги мачат бројни проблеми. Бараат државата преку ресорните министерства да ги чуе нивни…

Апр 3, 2012

Закон за Билјанини извори и Студенчишко блато

Билјанини извори со закон ќе бидат прогласени за споменик на природата. Со друг закон пак, ќе се овозможи целосна заштита на Студенчишкото блато во постојните граници. Барем навидум конструктивна средба се одржа помеѓу претставниците на риболовното друштво Свети Апостол Петар, Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. „Тоа е законска рамка која што ќе ни овозоможи и да го заштитиме Охридското езеро и неговите вредности, и да го одбраниме од нападите и секако да го туристички валоризираме во смисол и на промоција и…

Мар 31, 2012

Да или Не за стопанската концесија на езерото?

Да се стопира конкурсот за доделување стопанска концесија. Ова барање на спортско риболовното друштво Свети Апостол Петар сеуште актуелно. Од таму ни велат дека сите научни истражувања покажале дека Охридското езеро во моментот нема капацитет за да биде експлоатирано во поголеми размери. Количината на риба во езерото велат не е доволна за да може да се сноси со товарот на една стопанска концесија, а во минатото ваквата концесија се покажала како уништувачка за рибниот фонд.„Ние како спортски рекреативни риболовци уште пред месец дена најавивме дека ќе се бориме до крај за заштита на биодиве…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top