Апр 24, 2012

Цвеќе и приредба во чест на Христо Узунов

 На бистата на охридскиот револуционер и илингденец Христо Узунов во знак на сеќавање и почит беше положено свежо цвеќе. Градоначалникот, преставници од Локалната самоуправа и училиштето кое го носи неговото име се поклонаа пред големиот револуционер. Потоа, преставници од градот заминаа да го посетат неговото вечно почивалиште во Цер, каде што Христо Узунов храбро во 1905 година со својата дружина ги положија животите за Македонија. Синоќа пак, основното училиште кое со гордост го носи името на овој револуционер, го одбележа по 35 -ти пат својот патронат. Учениците под раководство на своит…

Апр 24, 2012

Охриѓани доминираа на регионалните хорски смотри

И основните и средните училишта од Охрид одлично се покажаа. Овие смотри секоја година се одржуваат во рамките на основното училиште „Христо Узунов“. Учествуваа 16 хорови и 11 оркестри од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево. Првото место кај средните училишта убедливо го освои младинскиот мешан хор при ОСУ „Свети Климент Охридски“, додека кај основните првото место им припадна на хористите од основното училиште „Христо Узунов“, а со прво место, но во категоријата оркестри се закити оркестарот од ОУ „Свети Климент Охридски“-Охрид. Двата прво пласирани хорски состави ќе го…

Апр 24, 2012

Во тек е изградбата на детски игралишта во населбата „Гоце Делчев“

Децата од населбата „Гоце Делчев“, конечно ќе го добијат своето катче за спорт и игра. Генерации од нив израснаа играјќи на улица, секојденвно стравувајќи од автомобилите. Велат, дека не можат да дочекаат да го добијат својот долгоочекуван спортски терен.Советникот за улици, Зоран Шикалески објаснува дека овој нивен зафат се гради според постоечкиот Урбнистички план, донесен уште во 1991 година и согласно програмата донесена од страна на Советот на општина Охрид.„На тој дел ќе се изградат две игралишта, едно детско игралиште, со детски реквизити, нишалки, лизгалки и друго и едно игралиште з…

Апр 24, 2012

Опасен конак

Опасност ги демне учениците и минувачите кои влегуваат низ портата на црквата Света Богородица Перивлепта. Западната страна од ѕидот на конакот кој се наоѓа во дворот на црквата за 40сетина сантиметри е поместена од лежиштето, а на самиот ѕид има голема пукнатина. Секој момент истиот може да се сруши. Благоја Чочегов, жител од овој дел на градот вели дека тука секојдневно поминуваат голем дел од учениците кои учат во Основното училиште Св. Климент Охридски, а и туристите кои ја посетуваат црквата многупати се потпираат на опасниот ѕид без да знаат што може да им се случи.Чочегов вели дека з…

Апр 23, 2012

Поплавени подруми, а Р.Е Водовод не интервенира

По улица „Климетица“ во Струга шест дена тече вода, а надлежните од Р.Е Водовод не интервенираат. Граѓаните како што е ред најпрво решение за проблемот побарале од МЈП Проаква и случајот го пријавиле до надлежните служби во ова ЈП. Откако никој не излегол на терен за да го отстрани дефектот, се обратија и до нашата редакција.Во дописот испратен до ТВМ  стои дека целата улица е во хаотична состојба, а најлошо од се е што сите околни куќи кои поседуваат подрумски простории се полни со вода за пиење. За да се увериме излеговме на терен, каде констатиравме дека жителите на улица Климетица навис…

Апр 23, 2012

Денот на книгата постхумно посветен на Ташко Георгиески

 Со изложба на делата на академик Ташко Георгиески во Охрид се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право. НУ библиотека „Григор Прличев“ постхумно во чест на Георгиески направи изложба на неговите литературни дела. За да му одадат почит и да се потсетат на делата на познатиот македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист во библиотеката беа присутни голем број почитувачи на неговите книжевни дела.   За неговиот книжевен опус, осврт направи директорката на НУ „Григор Прличев“, Александра Белевска. Авторот Георгиески беше член на МАНУ, на ДПМ, на ПЕН. Добитник е на бројни на…

Апр 23, 2012

Локалната реагира дека притисоците продолжуваат

Продолжува  притисокот врз Локалната самоуправа со постојано и временски темпирано, поднесување на кривични пријави. Одговорно тврдиме, како и мпогупати досега, дека и најновата кривична пријава против раководители и вработени во Локалната самоуправа  е неоснована и дека тоа ќе го потврди и судот.Знаеме дека секој може да поднесе кривична пријава , но таа треба да биде основана и да ја потврди судот, зошто и оние кои поднесуваат треба да знаат дека можат да добијат кривична пријава за лажно пријавување. Затоа, прашуваме, кој е одговорен за тоа што од досега поднесените кривични пријави, пор…

Апр 23, 2012

13 кривични, оштетена Општина Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава , против 13 лица, за повеќе сторени кривични дела, со кои, оштетена е општината Охрид.Пријавата е поднесена против З.Ш.(46) и Е.С.(57) раководители на оделенијата за сообраќај и за комунални дејности во локалната самоуправа,  групацијата „Денесовски“ и нејзиниот раководител С.Д.(45), како и против вработените во локалната самоуправа: И.Б.(38) претседател на тендерска комисија, Р.К.(56) и С.Н.(61) членови на тендерска комисија, К.Т.(30) и М.К.(34)  членови на надзорен орган, С.Д.(50) комунален инсп…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top