Јун 28, 2012

Докажуваа чија е вината за заглавеноста на Законот за Охрид

Врелото сонце ги вжешти политичките страсти и за Законот за Охрид. Прозивки и докажувања кој е во право, а кој го кочи изготвувањето на ДУП за да почне имплементирањето на Законот за Охрид.Портпаролот Никола Митровиќ од говорницата на ОК на Вмро Дпмне  обвини  дека градоначалникот Александар Петрески заради негови урбани политики не сака да го спроведе Законот за Охрид. Повика градоначалникот Петрески да постапи според членовите 6 и 13 од Законот за Охрид. Во тој закон утвреден е рок од една година од донесувањето на законот да се донесе ДУП за целата заштитена зона, а не само за Табана тук…

Јун 28, 2012

Градоначалникот ќе го тужи Министерството за транспорт и врски

Градоначалникот Александар Петрески ќе поднесе тужба до Управниот суд, а ќе се жали и до Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС против Министерството за Транспорт и врски. Причина за тоа е одземањето на ингеренциите на Локалната од страна на Транспорт и врски за постапување по случајот на дивоградбата на ИВ- ИРЕ  во Трпејца. Петрески вели: Јас не сум против тоа министерството да излезе и да руши, туку јас сум против одземањето на ингеренциите на Општина Охрид бидејќи немаме направено никаков прекршок за да се направи тоа.Градоначалникот тврди дека Министерството за Транспорт и врски вч…

Јун 28, 2012

„Херои на Македонија 2001“ во посета на општина Охрид

Децата и дел од потесните семејства на погинатите бранители  деновиве се во Охрид, во одморалиштето на МВР. Многу емоции, сеќавање на кобната 2001 год. И заседата на нашите бранители на Карпалак, Вејце, Љубојнски бачила имаше на средбата на     Претставници на здружението „Херои на Македонија“ и претседавачот на советот Душко Јаковчески. Покрај за загинатите македонски херои на средбата стана збор и за активностите на здружението, но и за се она што може локалната да им помогне.  „ Здружението има обврска да се залага за семејствата на загинатите бранители и да ги штити и бара нивните права…

Јун 27, 2012

Кој ќе го урива „ИВИРЕ“?

Сопственикот на објектот „ИвИре“ почна да остранува делови од бесправно изградениот објект на плажата во охридското село Трпејца. Трпејчани откриваат дека инспектори од локалната секојдневно го следат текот на настаните, како и дека веќе било оградено земјиштето, во делот каде ќе се руши спорната градба. Од Црковниот одбор уште додаваат дека сега засега сопственикот на „ИВИРЕ“ извадил само дел од прозорите на објектот, како и инвентар од просториите.Во решението за уривање од локалната, стои дека доколку сопственикот во рок од 15 дена не го урне бесправно изградениот објект, локалната самоу…

Јун 27, 2012

Канцелариите на охридските парламентарции за комуникација со граѓаните, функционираат

„Пред две години комшијата ми ја сруши оградата тврдејќи дека се наоѓа на негово место. Откога се направи вештачење се утврди дека сум оштетен и дека треба да ми плати 10 до 12 000ден. Но во 2011год. пресудата беше изменета во корист на комшијата и сега јас сум тој што треба да плаќа. Правдата ќе ја барам преку канцеларијата на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните“,  вели Ташко Згалоски граѓанин на Охрид.Канцелариите на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните функционираат веќе 6год. Тие се отворени за да обезбедат врска и директна комуникација помеѓу граѓаните и ни…

Јун 27, 2012

Стационарот за бездомни кучиња само на хартија

Истекува рокот на општините да ги згрижат кучињата скитници. Ветеринарниот инспекторат уште во април им издал решенија на општините  да  отпочнат со подготовки. Задолженијата се изготвени по Законот за ветеринарно здравство и Законот за благостотојба на животните. Во склад со законските прописи за 60 дена Локалните самоуправи  мора да најдат начин кучињата скитници да добијат похуман третман од институциите. Од ветеринарниот инспекторат наскоро најавуваат и проверка како општините во пракса се справуваат  со овој сериозен проблем. Градоначалниците на четири Локални самоуправи,  Охрид, Струг…

Јун 27, 2012

Во ОО на Црвен крст формиран клуб за цртање

Идејата за формирање на клуб за цртање ја реализираше Филип Стојкоски студент од трета година, заедно со триесеттина волонтери. Овој тим на млади уметници изминативе два месеци ги надоградуваа своите таленти во разни техники и модели на креативно изразување.  „Нашата цел беше да направиме нешто што ќе биде блиску до луѓето, а не да покажеме висока уметност која би била за затворен круг на луѓе“, вели Стојкоски за ТВМ. „Јас преку оваа акција сакам да ја промовирам потребата за неформална едукација. Затоа сакав да организирам нешто на тоа поле. Изненаден сум многу во позитивна смислам, затоа …

Јун 26, 2012

Реакција од МТЦ на пресот на градоначалникот Петрески

Реакција од Министерството за транспорт и врски на дел од она што беше изнесено на денешната прес конференција на градоначалникот Петрески пред Охридската Капетанија. Во реакцијата стои: Во однос на информациите кои денес ги пласираше градоначалникот на општина Охрид, Алексадар Петрески, сакаме да потенцираме дека во езерскиот сообраќај беше наследена состојба која претставуваше хаварија како за бродарите така и за туристите, патниците и граѓаните на општината. Имено, заради регулирање на ова наследена ситуација која траела со години, направени беа неколкукратни промени во Законот за внатре…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top