Отворена школата за млади лидери. Охрид по трет пат домаќин на овој проект, кој важи за еден од најуспешните едукативни проекти во земјава. Школата за млади лидери е лична идеја на претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, како би им овозможила на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија, да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. „Со овој проект сакав да имам личен печат на извршувањето на мандатот на функцијата претседател на Македонија“-истакна Иванов. Додаде дека школата за млади ледери не е нешто што се …
Охридскиот пливачки маратон посилен од сите проблеми. Утре, по 26 ти пат ќе се одржи најреномираната спортска манифестација во земјава. Интересот годинава навистина голем. Вкупно ќе настапат 30 пливачи, 19 во машка, 11 во женска конкуренција, а ќе ги бранат боите на 12 земји од Европа и светот. Сите пливачи се подготвени и физички здрави според зборовите на медицинскиот делегат на ФИНА, Еиде Лубс. Главниот делегат на меѓународната пливачка федерација, Жан-Пол Нарсе, вели претходните два пати кога го посетил Охрид, пристигнал како тренер, на својот пливач, но годинава со нова улога.„Охридски…
52 -то издание на Фестивалот „Охридско лето“ завршницата во драмскиот дел ќе ја има премиeрно со мјузиклот „Декамерон“. 13 врвни македонски актери од МНТ и од Театарот за деца и младинци, глумат, пеат и танцуваат во премиерниот проект под водство на бугарскиот режисер Боњо Лунгов. Познатиот режисер проговори за состојбите со овој жанр на нашите простори. Традиција за мјузикли нема, парите секогаш не се пречка ама режисерите тешко се одлучуваат да ги постават на репертоар. Режисерот се осврна на проектот кој го работеше со актерите од двата македонски театри . Немав чувство дека припа…
Засега нема дислокација на Противпожарната единица во Охрид. Командирот Спасе Прентоски вели дека идејата на Локалната за преместување на противпожарната на друго место која потекнува уште од пред неколку години, барем според најавите за брзо време нема да се реализира.
Тој додава дека нивниот став е јасен. Локацијата на која се наоѓаат е најпогодна за обавување на нивната дејност, но командирот додава дека доколку Локалната одлучи поинаку тие ќе мора да прифатат. Како една од можните локации каде би се сместила противпожарната единица беше спомнувана и касарната.
Од Локалната велат дека …
Министреката за култура, Елизабета Канческа Милевска го посети локалитетот Манчевци. Таа уште еднаш потсети од колкаво значење е овај локалитет на кој се пронајдени остатоци од камени архитектонски градежни пластики од многу значаен период како и ранохристијанска базилика со фантастичен мозаичен под кој потекнува од крајот на 4-тиот и почетокот на 5-тиот век.
Министерката нагласи дека од буџетот на министерството за култура биле издвоени 2 милиони и 200 000 ден. за изградба на потпорни ѕидови на локалитетот Манчевци. Канчевска Милевска кажа дека и наредната година ќе се издвојат…
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид сметаат дека чинот на Владата за доделување на градежното земјиште на менаџирање на локалната самоуправа значи спроведување на децентрализацијата како процес. А тоа што овој процес се случува дури сега а не порано, според нив, е резултат на неодговорноста и неспособноста на локалната власт која со години го блокирала развојот на Охрид.
„Охрид согласно законските норми ќе треба квалитетно отсега да управува со градежното земјиште и преку тоа да обезбеди квалитетен развој на Општината во иднина.Но довербата во оваа сегашна Локална самоуправа во Охрид на СДСМ и во ово…
Општина Охрид од денес и официјално го презеде процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Ова беше соопштено на денешната прес конференција во Министерството за транспорт и врски. Со оваа одлука на Владата , локалната самоуправа на Охрид се здобива со правото да отуѓува и дава под закуп неизградено државно градежно земјиште на територијата на општината.
„Со оваа одлука се потврдува дека Владата на Република Македонија работи објективно и транспарентно, врз основа на законските прописи и со тоа паѓаат во вода обвинувањата дека опр…
Деновиве во Охрид, над илјада малечки херои уживаа во убавините на Охрид. Искуство кое кај секој од нив ќе остави посебен впечаток.
„Јас најмногу уживав во маскембалот, кадев преправена во балерина. Има премногу впечатоци, би ги издвоила забавите навечер, организиравме и маскенбал. Преку деновите имавме водени лудории, натревари во пливање, каде сите се забавуваме, прекрасно се дружевме и пријателствата се повеќе се проширија. Можам да кажам дека сум навистина задоволен, со децата многу се дружевме, бевме во Езерски бисери во Струга и во Охрид на прошетка, се е супер, ни се погоди времето, …