• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Базиликата на локалитетиот Манчевци е една од најубавите не само во Охрид туку и пошироко

Базиликата на локалитетиот Манчевци е една од најубавите не само во Охрид туку и пошироко

Базиликата на локалитетиот Манчевци е една од најубавите  не само во Охрид туку и пошироко, велат од Mинистерството за култура и од Управата за заштита на културното наследство. Министреката Елизабета Канческа Милевска денес во негова посета.

 |  Јаковлева Лионела  | 
elizabeta kanceska milevska
елизабета канчевска милевска

Министреката за култура, Елизабета Канческа Милевска го посети локалитетот Манчевци. Таа уште еднаш потсети од колкаво значење е овај локалитет на кој се пронајдени остатоци од камени архитектонски градежни пластики од многу значаен период како и ранохристијанска базилика со фантастичен мозаичен под кој потекнува од крајот на 4-тиот и почетокот на 5-тиот век. милеска           

Министерката нагласи дека од буџетот на министерството за култура биле издвоени 2 милиони и 200 000 ден. за изградба на потпорни ѕидови на локалитетот Манчевци. Канчевска Милевска кажа дека и наредната година ќе се издвојат потребните средства за овој локалитет да може да се стави пред очите на јавноста.

Раководителот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман кажа дека ова е една од 9-те ранохристијански базилики која е пронајдена во стариот дел на градот од периодот на 4-тиот до 6-тиот век во кои се пронајдени мозаични подови. Ова богатство ретко која земја го има, мозаикнагласи Кузман.

Според сознанијата на стручните лица, просторот околу локалитетот Манчевци е богат со археолошки наоди.

Проблем претставува што на него има приватни населени куќи.  Министерката Канческа Милевска рече дека ќе направат напори да се изврши експропријација на земјиштето.

Базиликата на локалитетиот Манчевци е една од најубавите  не само во Охрид туку и пошироко и државата ќе ги превземе сите мерки за нејзина реставрација и конзервација, велат и од ресорното министерство и од Управата за заштита на културното наследство.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top