Најновите вработувања во МЈП „Проаква“, го налутија директорот на Центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов. Тој се закани дека во Охрид ќе се случи прекин на испитување на квалитетот на водата за пиење, бидејќи на Центарот неопходни му се средства за набавка на основните материјали за вршење на испитувањата. Според Михаилов, не може едно Јавно Претпријатие кое има голем долг кон институциите да вработува нови партиски војници.„Како раководител на едно ЈП, морам да кажам дека, вработувањето на луѓе без никаква причина во претпријатие кое што долгува огромни средства и кон институции кои …
Тендерот за стопанисување со паркинг просторите на улиците во Охрид, претставува криминално и коруптивно дејство на градоначалникот Петрески, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Гласноговорникот Никола Митровиќ, потенцираше дека ова е чин на уништувње на градот од страна на градоначалникот.„Петрески се дрзна на два месеци пред заминување да распише тендер за стопанисување со паркинг простори на улиците на Охрид. Тоталното отсуство на знаење на Петрески и неговите тнр.експерти за сообраќај. Со овој чин го загрозуваат одвивањето на сообраќајот по улиците на Охрид претворајќи го во паркинг места…
Почна ловот на на охридската пастрмка за вештачки мрест. Добра вест е што пастрмката се повеќе ја има и се враќа во природните мрестилишта. Од 21 јануари па до денес се собрани 600.000 зрна икра. Од хидробилошкиот институт се задоволни од досегашниот тек на ловот на источниот дел од езерото. Поголема количина на риба е уловена и на струшкиот дел од езерото во споредба со минатата година, информира Зоран Спиркоски раководител на одделението за аква култура. Спиркоски додава дека собраните количини се резултат на физичката заштита на рибниот фонд од страна на концесионерот.„ Во споредба …
Охридскиот катастар отворен за граѓаните. Од денес па до в четврток тимови од Скопје ќе имаат блиски средби со граѓаните кои имаат потреба од услугите на ова одделение. Оваа пракса се спроведува веќе 6 години, а целта е од прва рака да се види и слушне што ги мачи Охриѓани. Доколку има грешки во работата на катастарот истите да се исправат или пак граѓаните да се упатат во другите институции кои се надлежни за нивниот проблем. Минатата година при контролата која беше направена во ова одделение беа затекнати околу 400 нерешени предмети ставени во фиока. Годинава состојбата е многу подобра….
Се доградува зградата на поранешниот дом на АРМ, поточно објектот каде е сместен информатичкиот универзитет. 350 те квадрати кои во моментов се ставени на располагање на универзитетот премалку за нивните потреби. Според најавите со доградбата универзитетот треба да добие три пати поголем простор од оној со кој располага.
„Просториите ќе бидат наменети за настава и за нови канцеларии на универзитетот, за нови лабаратории. Сето тоа ставено заедно значи дека ќе имаме можност да примаме далеку поголем број на студенти, а ќе може да вработиме и повеќе професори, пред се од странство. Ќе има…
Недостатокот од аптеки во селските населби ќе се решава со заживување на аптекарските станици или мобилни возила. Жителите од селата се без аптеки додека во минатото во македонските села функционираа аптекарски станици во кои работеа фармацевтски техничари. Сега, станиците би се реактивирале и би работеле во рамките на државниот сектор. Доколку со овој начин не се успее да се реши проблемот на жителите од селските населби, за да не поминуваат и по 50 километри за лек во градовите, се планира примена на уште една можност. Со набавка на мобилни, теренски возила ќе се снабдуваат селата …
Актерите од Охридскиот народен театар се сретнаа со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески. Во едночасовниот разговор, тие имаа можност да продискутираат за проблемите, перспективите и идните планови.
Д-р Бакрачески вели дека културно-уметничките манифестации заземаат посебно место во неговата лична и партиска програма со која во иднина планираат да ја збогатат културната сцена во Охрид.„За подобро запознавање со приликите во Домот на култура и театарот во Охрид, целта беше да се сретнам директно со непосредните актери на овие случувања, со луѓето кои ш…
Стартува пролетниот упис за учење на англиски јазик во ОО на Црвен крст. Со учење песнички, читање приказни и креативни активности, децата од 4 до 11 години, во присуство на родителите, имаат можност да го изучуваат англискиот јазик со програмата „Час за приказни“. Во тек се уписите за новиот циклус од оваа програма која општинскиот Црвен крст ја реализира од 2009 година. Интересот за упис во „Час за приказни на англиски јазик“ е голем, а се должи на квалитетната програма од досегашните циклуси на изучување, вели волонтерот на Црвен крст, Јованка Сион Доленц.Покрај волонтерите на Црвен…