Збогатување на културната програма на Охрид-еден од приоритетите на д-р Бакрачески

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Никола Бакрачески на средба со актерите од Охридскиот Народен театар.

 |  Мишел Наумоски  | 
d-r Bakraceski teatar
д-р Бакрачески театар

Актерите од Охридскиот народен театар се сретнаа со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески. Во едночасовниот разговор, тие имаа можност да продискутираат за проблемите, перспективите и идните планови.

d-r Bakraceski so akteriД-р Бакрачески вели дека културно-уметничките манифестации заземаат посебно место во неговата лична и партиска програма со која во иднина планираат да ја збогатат културната сцена во Охрид.

„За подобро запознавање со приликите во Домот на култура и театарот во Охрид, целта беше да се сретнам директно со непосредните актери на овие случувања, со луѓето кои што од професионален аспект најдобро можат да ги изложат проблемите кои денес нив ги тиштат и секако во еден конструктивен разговор кој денес го имавме со нив да изнајдеме најдобри можни решенија за омасовување на културните и уметничките манифестации кои се случуваат во Охрид и со коишто во иднина преку една заедничка и интегрирана соработка и со подобра координација ќе го збогатиме културното живеење во овој град.“-вели кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Никола Бакрачески.

Ohridski teatar ekipaДиректорот на Охридскиот народен театар, Горан Стојаноски, смета дека една локална самоуправа треба да се грижи за градот од секаков аспект, но особено за културата.

„Во нашиот разговор дојдовме до одредени ставови, до одредени заклучоци дека промовирањето на театарот, промовирањето на културата и ставање во одреден локално-општествен контекст, мислам дека ќе наиде на прекрасна соработка и дека ќе резултира со високи резултати.“-рече директорот на Охридскиот народен театар, Горан Стојаноски.

Не само програмски и технички, туку според Стојаноски и евентуални капитални инвестиции би придонеле да Охрид напредува, не само како локален и балкански, туку и како европски културен центар.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top