Денес ќе го одржиме пресот со најмногу информации во оваа изборна кампања но за жал и најтажниот прес за вистината со која се соочува општината Охрид“, рече Александар Николоски охридскиот пратеник од владеачката ВМРО ДПМНЕ. Тој потенцираше дека Бранко Црвенковски и Александар Петрески по сценариото од 1997 година наречено ТАТ Битола создале нов ТАТ во Охрид. Општина Охрид функционира како финансиска пирамида, рече Николовски. Тој на пресс конференцијата презентираше податоци за како што кажа точната задолженост на Општина Охрид и јавните претпријатија Проаква, Комуналец и Нискоградба. Инф…
Адвокатот Александар Станкоски, носител на независна советничка листа во Охрид продолжува со претставување на својата програма пред охриѓани од кои во недела ќе ја побара довербата за да седне во градскиот совет. Тој денешната прес-конференција ја одржа на пресекот од улиците „Сирма Војвода“ и „Карпош Војвода“ каде што и живее со своето семејство, еве зошто:„На ова место, многу често на оваа раскрсница се случуваат сообраќајни незгоди, поради што сметам дека власта треба да изнајде ново сообраќајно решение да го подобри сообраќајното решение со цел да се избегнуваат вакви сообраќајни незг…
Весело, разиграно, распеано. Дечињата од детската градинка Јасна Ристеска маскирани во пеперутки, цвеќиња, бумбари, пчели, штурчиња и се радуваа на пролетта.
Директорката на градинките Марина Петроска Тодороска вели дека секоја година во оваа образовна институција на 21 март има програма со која го одбележуваат денот на пролетта. Таа додава дека овој настан е составен дел од воспитно образовната програма. „На 21 март ја поздравуваме пролетта со соодветна содржина, соодветна програма заедно со децата маскирани во предвесници на пролетта ја прославуваат пролетта. Самите тие со своите насмеа…
Императив ќе биде решвање на проблемот со новоотворената продавница за погребни материјали пред влезот на Општата болница од Охрид.Кандидатот за градоначалник на Охрид, поддржан од Социјал-демократската Унија на Македонија, Васил Ристески, вети решавање на најгорливите проблеми кои ги мачат охриѓани. Како еден од тие проблеми, посочен од оние кои веруваат во неговата победа на овие избори е проблемот со новоотворената продавница за погребни материјали пред влезот на Општата болница од Охрид. Ристески кажа дека е станува збор за нечија луда идеја, на некој неодговорен човек во трката за па…
Портпаролот и кандидат за советник од Сојузот за иднината, Дејан Блажески вели дека и во гладијаторските борби постојат правила кои треба да се почитуваат.
Тој смета дека во Република Македонија нема политичка зрелост и почитување на најсветото. „Притисоците и заканите продолжуваат и понатака. Изминатава ноќ демолиран е штаб на Сојузот за иднината во населбата Воска. Случајот е пријавен во охридската полиција, истражните органи биле на местото на настанот, направен е записник и како Сојуз за иднината бараме брзо расветлување на настанот. Затоа ви го приложувам како доказ овој записник и сл…
Тој е убеден дека Охрид ќе биде преплавен со недолични пароли, плакати, текстови и фотографии. Петрески со обвинувања дека не е дозволиво министрите да се мешаат во изборната кампања.
Тој уште еднаш потсети дека противкандидатот Бакрачески сеуште не прифатил дуел со него и додаде дека треба храброст за да се стори тоа. Петрески се осврна и на обвинувањата кои беа упатени до него, дека локалната е виновна за покачувањето на цените на комуналните услуги, вклучително и цената на водата. „Зборува за покачената цена на водата, а не знае за што зборува. Во тоа му простувам, затоа што не е искусен…
Тој рече дека Охрид ќе го развива како град на задоволни жители, со развиена инфраструктура и улици. Додаде дека тој, и неговиот тим ќе имаат поинаков пристап во водењето на јавните претпријатија. Бакрачески вети намалување на цените на комуналните и другите услуги кои се под надлежност на локалната. „Ниту еден ден од мандатот нема да помине а да не се донесат мерки и одлуки во интерес на Охрид.“-порача Бакрачески.„Граѓаните на Охрид многу добро паметат дека локалната самоуправа на СДСМ преку мнозинството во Советот изгласа неколку Одлуки со кои без никакво логично објаснување ја подигна…
Годинава Охрид ќе добие современа градска библиотека од отворен тип, истакна Министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа Милевска, при нејзината денешна посета на оваа национална установа. Министерката ја најави и конзервацијата на една од нашите највредни книги, „Прохор-пчинското евангелие“. Охрид до крајот на годината ќе добие современо уреден простор според сите светски стандарди за библиотечно работење и чување на богатиот книжевен фонд од околу 150 илјади библиотечни единици на националната установа библиотеката „Григор Прличев“, истакна при денешната посета, Мин…