Група од повеќе жители на Струшкото село Враништа синоќа околу 23.30 минути го блокираше регионалниот пат Струга – Дебар. Инцидентот предизвика попречување на нормалниот проток на сообраќајот на овој патен правец. На 50 тина метри од овој инцидент друга група на граѓани жители на Велешта, но и Октиси и Лабуништа извршиле собирање со цел да го изразат револтот од претходното блокирање на регионалниот пат. „Со навремена и брза интервенција на полициските службеници спречен е конфликт кој можел да прерасне и во поголем инцидент. На ова бликирање му претходело нарушување на јавниот ред и мир…
За летна сезона 2013 Владата најавува зголемување на износот на име субвенции со кој ќе се привлекуваат странските гости. За субвенционирање на тур операторите и туристичките агенции ќе обезбедат 60 милиони денари, најави министерот за економија Ваљон Сарачини. Лани по основ девизен прилив од туризмот биле остварени 122,3 милиони денари. Покрај досегашната финансиска поддршка за тур операторите од Холандија и Белгија, субвенциите сега се прошируваат и за уште девет нови држави. Годинава субвенции ќе се исплаќаат и за тур-операторите од Скандинавските земји, Русија, Украина, Јапонија и О…
Синоќа во Мешеишта завршен митинг на кандидатот за градоначалник на општина Дебарца од коалицијата „За Подобра Македнија“ Игор Трајкоски. Тој обраќајќи се пред присутните рече дека овој митинг треба да биде почеток на Нова Дебарца која ќе биде препознатлива по дела, при тоа потенцирајќи дека паток до успехот е само преку проектите на ВМРО ДПМНЕ. „Општина Дебрца мора да доживее подем искористувајќи ги природните ресурси со кои располага. Развојот на туризмот, земјоделството и сточарството. Не сакам ни да замислам што значи 16 годишното заточеништво на овој регион и 16 годишно ставање на Д…
Целосно ќе се реконструира Основното општинско училиште Јосип Броз-Тито во Струга. Ова денес го најави министерот за образование, Панче Кралев. Тој го посети ова училиште со цел да види какви се условите во кои се одвива наставата. Кралев рече дека набрзо ќе бидат заменети прозорците, подовите и кровната конструкција во ова училиште.Министерот нагласи дека и во програмата на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Владимир Кочоски предвидени се инвестиции во делот на образованието. Кралев подвлече дека само со заедничко делување на Владата и Локалната самоуправа можат да се постигнат п…
Тим од триесетина светски научници ќе работи на испитувањето на седиментот кој ќе биде изваден од дното на Охридското Езеро, со цел да се утврди староста на едно од најзначајните природни езера во Светот. Во рамките проектот „Сопско“, кој запона на 01 април ќе се утврди уделот на геолошките случувања од минатото на главните еволуциони процеси во езерото кои генерирале екстремно висок диверзитет и ентерно реликтен карактер на животинската и растителна населба на Охридското Езеро. Резултатите од овие истражувања треба да ја потврдат претпоставката дека Охридското езро може да се смета за пот…
Недостиг од кадар е проблемот со кој се соочува градинката Јасна Ристеска. На 31 март истекоа договорите за работа за 10 воспитувачки во градинката Јасна Ристеска, ангажирани преку Агенција за вработување од страна на Локалната самоуправа, информира директорката Марина П. Тодоровска. Таа ги демантира сите гласини дека тие се избркани од работа. Иако воспитните групи се со поголем број на деца, а помал број на воспитувачки, градинката работи нормално, уверува Петровска. Директорката ги негира и сите шпекулации во јавноста поврзани со работата на оваа установа, грижата и приемот на де…
Идните планови за економски развој на Струга, тема на средбата помеѓу вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и Владимир Кочовски кандидатот за градоначалник од коалицијата „Сојуз за Струга“. Ставрески пред новинарите посебно го истакна проектот што владата заедно со локaланта власт ќе го реализира во насока на почеток на изградба на слободната економска зона во Струга што ќе се случи летово и која веќе од октомври ќе биде подговена во Струга да ги пречека идните инвеститори. „Засега имаме интерес од некои Европски компании поточно две, едната од автомобилската индустрија, др…
Поплавени ниви на Железничка. Данчо Ничевски се одлучи за својот проблем да проговори пред камерата на ТВМ. Тој тврди дека поради нестучно изведени градежни зафати на Железничка фекална вода ја поплавила неговата нива.
„Овој проблем го имаме од порано уште од кога се правеше Железничка, но мислиме дека ќе се санира, но не е санирано ништо, затоа што кога ќе има обемно дождови канализацијата се враќа назад и од споредните канализации се одлева водата во нивите“, вели Данчо Ничевски,жител на Охрид.„Штетата е огромна, затоа што оваа вода е фекална. Повеќе не можам ништо да садам“, тврди Ничев…