Започна проектот преку кој ќе се отријат тајните на Езерото

Светски научници ги откриваат тајните на Охридското Езеро: Мало цунами некогаш го погодило крајбрежјето.

 |  Маленкова Татјана  | 
ispituvanje Ezero
испитување Езеро

Тим од триесетина светски научници ќе работи на испитувањето на седиментот кој ќе биде изваден од дното на Охридското Езеро, со цел да се утврди староста на едно од најзначајните природни езера во Светот. Во рамките проектот „Сопско“, кој запона на 01 април ќе се утврди уделот на геолошките случувања од минатото на главните еволуциони процеси во езерото кои генерирале екстремно висок диверзитет и ентерно реликтен карактер на животинската и растителна  населба на Охридското Езеро. Резултатите од овие истражувања треба да ја потврдат претпоставката дека Охридското езро може да се смета за потенцијален објект за започнување на длабочинско дупчење врз основа од кое во периодот од 13 до 17 октомври 2008 год. во Охрид се одржа работна средба на која со стручни излагања од областа на геологијата, хидрологијата и хидробилогијата реферираа научници од 11 земји од Европа и САД.  

„Ќе се добијат резултати за тектонските и вулканските промени како и промените во климатските услови во proekt za ispituvanje na Ohridsko Ezero централниот и северниот дел на медитеранот. Идејата за проектот се базира врз прелиминарни сеизмолошко седиментолошки истражувања обавени во Охридското езеро во периодот од 2004 до 2011 год. Во овие истражувања во кои беа добиени седиментни секвенци и беше направен пресек на билошките случувања за периодот од интерглацијален циклус“, истакна проф. Д-р Сузана Патчева, директор на хидробилошки институт.
 
Проектот „Скопско“ беше прифатен во 2009 год. и во неговото финснасирање покрај оваа програма се вклучија и националните   фондови на Германија, Италија и Велика Британија.  РМ на целосно го подржа овој проект и го назначи министерството за образование и наука како координатор за имплементација за проектот чија финансиска конструкција  изнасува 2.5 милиони американски долари.
Примероците кои ќе се земат со дупчењето ќе бидат достапни за научниците вклучени во проектот , а подоцна со барање за ќе може овие примероци да ги добијат и други заинтересирани научници“, вели главниот истражувач на проектот  Берн Вагнер.

Bbernd Vagner „Одбирањето на точките прикажани на оваа мапа не беше направено по случаен избор. Во мометов се дупчи на најдлабоката точка во поглед на седиментот од таа точка. Тоа се 680 метри. Врз база на тоа ќе се добијат информации за староста за  видовите еволуцијата. Подоцна Лин и пештани беа одбрани затоа што на овие места се смета дека имало опдредени тектонски поместувања предизвикани од мали цунами и кои допринесла за промена на самиот терен“, истакна (Берн Вагнер, Главен истражувач на проектот.

 Хидробилошкиот завод од страна на Владата е назначен како институцја која дава целосна логистичка подршка при реализација на целите на проектот, а кепетанија на пристаништата треба да овозможи непречен транспорт  и поставување на опремата на точките во Езерото предвидени за дупчење. Во првата фаза од проектот македонија нема свој претставник кој 24 часа го следи текот на зафатите.

„Немаме целосна 24 часовна контрола односно немаме присутен 24 часа човек од Хидробилошки на платформа, затоа што тоа не е дел од договорот како што беше проектот конципиран врз база на идеи. Одиме со фактот дека цело време имаме наш човек како дел од логистика Зоран Брдароски, но исто така проектот беше подржан од Влада и од Влада беше договорено да врши редовна конрола за случувањата на платформата. Ако не сме 24 часа присутни ние сме 24 часа во функција на контрола за она што се случува на платформа“, истакна Сашо Трајаноски од хидробилошкиот институт.
 
Проектните активности треба да траат од 60 до 75 дена од 01 април до 17 јуни 2013 год. А опремата која ќе биде користена при дупчењето е со сите потребни сертификати за квалитет и безбедност.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top