Спроведена координирана акција на СВР Охрид и Центарот за социјални работи кои од охридските улици одстранија лица кои питаат. Акцијата е реализирана во делови од Охрид, во центарот на градот и чаршијата каде што биле затекнати две возрасни лица и десетина малолетници како питаат, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Биле направени и повеќе контроли на живелишта каде што тие лица најчесто привремено се сместуваат.
„Во понатамошниот тек се првеземени и мерки кон станоиздавачи кои им даваат сместување на овие лица. На улицата Гоце Делчев каде што е затекната една жена со 9 малол…
Утревечер во драмскиот дел на Охридско лето, публиката ќе може да ужива во целовечерната драма „Изгубени Германци“ на Дејан Дуковски. Оваа престава која обработува современи идеи, се базира на амбиент кој се базира на периодот од Втората светска војна.
Приказната е сместена при крајот на војната, во 1944 година кога одредена група германци се затворени во еден рудник барајќи некаква руда. „Така заробени во тој простор, би рекол Дуковски со својот најнов текст, асоцира по начинот на пишување на она што го прави Јонеску во „Затворениот круг“, на неможноста да се излезе од тој затворен круг ил…
После неколку изложби во Рим, Сплит и Задар, македонскиот брачен пар Мајкл и Менка Клоус со своите дела доаѓаат и во земјата од која потекнуваат. Новниот ликовен проект е насловен „Сликарството на патот до хуманоста“ и сосема адекватно на насловот, сите нивни изложби се добротворни и најголемиот дел од сликите се подаруваат. Нивната македонска ликовна одисеја започнува од Трпејца.„Денес се отвори изложбата во Трпејца. Тоа ќе ни е првата изложба во Македонија, па потоа следуваат неколку изложби, едната е во Скопје, во кафе „Галерија“, и ќе се отвори во Понеделник, потоа имаме изложба во Кава…
СРЦ „Билјанини извори“потпиша меморандум за соработка со лицата со попреченост. На вкупно шест здруженија од Охрид, на располагање ќе им бидат спортските објекти со кои стопанисува претпријатието за да можат да ги изведуваат сите активности што ќе ги организираат самите здруженија, вели првиот човек на СРЦ „Билјанини извори“ Иван Цветкоски.„Градскиот базен за време на летниот период ќе биде достапен за користење на здруженијата, да имаме едно промотивнио возоње со панорамскиот автобус кога ќе го отвараме и секако да им помогнеме во сите домени каде што може да помогне ЈП“. Цветкоски го на…
Организатор на Манифестацијата „На зајдисонце “ во Трпејца е Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“ поддржано од месната заедница од Трпејца, а покровител на манифестацијата е Општина Охрид. Секретарот на општината Димитар Спасески вели дека ова е една од активностите на општина Охрид, насочени кон подршка на културните манифестации во градот особено со акцент на културните манифетстации кои се одвиваат во рурлните области.„На наше големо задоволство оваа година културната манифестација, организирана од страна на здружението на граѓаните „За Трпејца со љубов“ нуди богата …
Охридскиот центар за вработување е подготвен да ги прима апликациите на барателите на работа и заинтерeсираните работодавачи за користење на активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за оваа година. Станува збор за 5 мерки и тоа : самовработување со грант, практиканство, мерката субвенционирање на плати, мерката обука за работно место за познат работодавач и Програма за јавни работи, информира Пецо Павлоски, директор на центарот за вработување. Павлоски напоменува дека најмногу интерес од досегашното искуство има за проектот за самовработување со грант и субвен…
Прекопите по охридските улици со денови остануваат не санирани. Иако во согласност со законот за градба секој прокоп треба да се затвори во определен рок по завршувањето на градежните зафати и да се врати во првобитната состојба, во градот има многу примери каде тоа не е направено. Граѓаните го поздравуваат и поддржуваат асфалтирањето на улиците и санирањето на ударните дупки од страна на Локалната. Но, тие реагираат после зафатите кои се прават при дефект во водоводната и канализационата мрежа, тротоарите и коловозите во најбрз рок да се враќаат во првобитната состојба. Таков е примерот …
Српски полициски службеници заедно со нивни колеги од СВР Охрид од денеска во две смени ќе патролираат во Охрид и периферните делови, како и на крајбрежјето. Целта на оваа заедничка акција е да се зголеми безбедноста на граѓаните и туристите кои престојуваат на охридската ривиера.„Она што посебно е карактеристично за оваа соработка е дека целта на заедничките партоли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку многу повеќе излегување во пресрет на граѓаните со цел задоволување на нивните потреби од безбедносен аспект. В…