Авг 15, 2013

Узурпирани тротоари

Узурпирани тротоари. На повеќе локации во општина Охрид може да се регистрираат автомобили онаму каде што најмалку им е местото, на тротоарите. По се изгледа ригорозните казни не ги плашат возачите, кои безмилосно го ставаат во опасност животот на пешаците и го оневозможуваат нормалниот проток на сообраќај. Најголема опасност им прети на најмладите, а да не зборуваме за мајките со колички кои немаат друга алтернатива освен да се движат по коловозот. Граѓаните не сакаа да коментираат пред нашата камера. Наш сограѓанин револтирано ни кажа: „Имате камера снимајте. Нема фајде од коментари туку …

Авг 15, 2013

Јубилејно издание на поетската ноќ во Велестово

  25 години поетска ноќ во Велестово. Ова јубилејно издание кое стартува од утревечер оваа година и финансиски и логистички е подржано од Општина Охрид и Градоначалникот Никола Бакрачески. Особена чест е да се зборува за поетската ноќ во Велестово. Ова е најзначајна културна манифестација која се одржува во Охрид, а е под покровителство на општината, рече Зоран Велјановски-Летра-преставник на Општина ОхридПоетската ноќ во Велестово е манифестација која се разликува од другите манифестации од ваков карактер пред се поради тоа што изминатите години секоја ноќ беше посветена на еден поет.Оваа …

Мар 17, 2021

Иницијатива за прогласување на Ресторан Парк за споменик на културата

Охрид ЅОЅ поднесе Иницијатива за прогласување на Ресторан Парк за споменик на културата. Награденото архитектонско дело на охриѓанецот Павел Балабанов вреди да биде зачувано според стручните лица од архитектурата  но и според голем дел од охридската јавност која е против негово рушење посочуваат од Охрид СОС.  Делото на архитектот Павел Балабанов претставува исклучително значаен и редок пример на современа архитектура од втората половина на XX век, чии вредности како од обликовно естетски, така и од статичко-конструктивен аспект, се несомнени, што се потврдува со специјалното признание на Б…

Авг 14, 2013

Стотина палми ќе бидат засадени на охридскиот кеј

Охридскиот кеј ќе биде хортикултурно оплеменет со уште сто нови палмини садници. Во 2014 година се планира да се посадат уште стотина ама на која локацијата засега не е прецизирано. Садниците на егзотичното дрво се од истиот вид на палми кои ги има на охрискиот кеј. Станува збор за  домашно производство на палми  високи 2,5 метри, информира помошникот директор на ЈП Македонски шуми, Игор Лазаровски.„ Веќе има успешен пример на прием на палмите на кејот. Трите се од истиот вид влакнести палми кои планираме да се засадат и  се најотпорни на минусни температури. Предност е тоа што кај постарит…

Авг 14, 2013

Општина Охрид се вклучи во организацијата на охридскиот маратон

Охрид одбројува до меѓународниот пливачки маратон. Локалната власт годинава активно се вклучува во негово помагање покрај со финансии и во организацискиот дел.Преку одлука на совет одобрени се  средства во висина од 300 000 денари за финансиска подршка на маратонот , а од друга страна имаме и добар дел од активностите на мартонот ќе бидат логистички подржани од наша страна.  Ова е за прв пат конкретна и голема помош во поглед на самата организација на маратонот“, истакнува раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.  „Маратонот знаеме на кое ниво е сведен последниве години. Ние како локална самоу…

Авг 14, 2013

Заминуваат српските полицајци кои беа на должност во Охрид

Утре Охрид го напуштаат полициските службеници Драган  Лукиќ од Белград и Славиша Илиќ од Ниш кои еден месец беа на работна задача во градот. Овие двајца српски полицајци беа дел од проектот за меѓусебна соработка за размена на полициски службеници помеѓу македонската  и српската влада и Министерствата за внатрешни работи на двете земји. Искуството на српските полицајци  од едномесечниот ангажман заедно со македонските колеги  е позитивно. Тие раскажаа и за  средбите со нивни државјани кои се на летување во Охрид , а  кои не можеле да поверуваат дека нивни полицајци се работно ангажирани во…

Авг 13, 2013

Инфо центарот на влезот од Охрид нити се дилоцира нити проработе

Инфо центарот на влезот од Охрид нити се дилоцира нити проработе. Оваа сезона инфо центарот на влезот од Охрид нити се дислоцира нити проработе. Инфо центарот на северниот влез во градот со тоа потврди дека е пропадната инвестиција. Затворена врата, искршена табла и запуштена околина е сликата која ги дочекува гостите кои доаѓаат во Охрид , но доколку  го забележат. Според раководството на Тлер инфо центарот мината сезона не го оправдал очекуваниот ефект. Воопшто не бил посетуван од гостите што покажало дека не е исплатливо да се стави во функција оваа туристичка сезона. Тлер веќе добил но…

Авг 13, 2013

Премиера на „Живот под кирија“ на Охридско лето

„ Живот под кирија“  е претставата  која утревечер ќе се прикажува на фестивалскиот репертоар на Охридско лето. Театарската претстава е надреална сатира, премира, фокусирана на животот на младиот режисер Дин и неговите почетоци за создавање на еден нов свет во театарот. Неговото искуство ќе покаже дека тука не оди се така лесно. Дин се соочува со непослушност на акатерите  и  управата кои театарот го гледаат како начин за постигнување на други цели. Улогата на Дин ја толкува актерот, Бесфорт Идризи.  Автор на сценариото на претставата „Живот под кирија“ е Рефет Абази и  во последните театрс…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top