Двата типизирани објекти за продажба на сувенири кај Чинарот и пристаништето се во завршна фаза. Монтажата на типизираните објекти за продажба на сувенири која започна на почетокот од месец јули беше довршена деновиве, месец и половина по отпочнување на работите.Објектите беа најавени дека ќе се градат уште минатото лето. Изминува уште една туристичка сезона, а ресорното министерство не успеа да ги доврши и стави во функција навреме двата објекти. Јавноста го поставува прашањето зошто не се забрза градбата и се дозволи да се пропушти туристичката сезона? Од Министерството за култура …
Жителите на улицата Вардар во населбата Кошишта кај црквата св Архангел Михаил, живеат во мрак. Освен слабото светло од светилката поставена на една бандера во оваа улица години наназад нема никакво осветлување. Мештаните велат дека навечер не се гледа прст пред око па се плашат да одат на продавница или да излезат за да си завршат некоја друга обврска. Посебно е проблем во периодот кога децата одат на училиште па не можат да си се вратат дома бидејќи е тотален мрак па нивните родители се приморани да ги пречекуваат. Темнината им одговара само на крадците кои ја искористиле и неколку пати …
Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021год. за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2021 година објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2021 година
Опис на Јавниот повик
Општина Охрид , со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат ку…
Првиот човек на СДСМ, претседателот Зоран Заев, синоќа на последниот состанок на највисокото раководство на охридскиот огранок на партијата, го именува актуелниот советник Томислав Тунтев за претседател на општинската организација на СДСМ во Охрид.Тунтев за претседател на охридските социјалдемократи бил избран, откако влегол во потесниот избор, заедно со Веле Тодороски. Според измените на статутот на СДСМ донесени на вториот конгрес на СДСМ на 30 јуни годинава, претседателот на партијата, ги именува претседателите на ОО, а секој именуван претседател е обврзан да направи тим за извршен одбо…
52 реализирани термини, 10 театарски претстави од кои 6 премиери, 30 музички настани. Нови инструменти, промоција на недвиќно културно наследство, изложби на современ накит, графики и минијатури. Богата и професионална соработка со медиумите, нови сцени…Според директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска, ова се само дел од успесите кои ги постигнале на годинешното издание на Охридско лето.
„На сцените во црквата Света Софија, Антички театар, предворје, дворот на училиштето Свети Климент, Куќата на Уранија, предворјето на хотел Палас, настапија 770 уметници од 23 земји: Велика Бри…
Вечниот текст на Достоевски, „Браќа Карамазови“ ќе биде јагодата на шлагот во драмската програма на годинешното издание на Охридско лето. Претставата која е во изведба на театарот „Марин Држиќ“ од Хрватска, после цели 35 години го носи театарот од Дубровник повторно на Охридско лето. Нивната врска со фестивалот е секако македонскиот режисер, Дејан Пројковски.„Соработката со Дејан Пројковски е извонредна. Мислам дека го имаме од една страна Александар Македонски кој освојувал со меч, а Дејан Пројковски освојува со својот талент и големата љубов кон театарот и сите со Дејан се чувствувавме …
Локалната самоуправа ќе им помага на опожарените охридски семејства. Само во текот на оваа година се случија четири пожари на семејни куќи во градов. Последниот случај беше пред пет дена кога изгоре домот на шестчленото семејство Рустем. Преставници од локалната го посетиле ова семејство, а денес со нив се видел и портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски кој им ја објаснил постапката која треба да ја запазат за да можат да добијат помош од локалната.Уште претходниот совет на Општина Охрид донесе одлука да им се помага на семејствата кои се затекнати од некои елементарни непогоди, рече Џамтос…
Од 21 до 25 август во центарот за култура Григор Прличев во соработка со кинотека на Македонија во обновениот простор на Кино бавча или летно кино ќе се прикажуваат циклус филмови од еден од најпознатите и најреномирани македонски режисери Столе Попов. Проекциите започнуваат со Црвениот коњ, во кој главните улоги ги толкуваат Бата Живоиновиќ, Илија Џувалековски, Радмила Живоиновиќ , Коле Ангеловски, Мето Јованоски , Ристо Шишков. .. По него веќе во четврток љубителите на филмот ќе имаат можност да се потсетат на филмот „Среќна Нова 49“ .„Џипси меџик“ е во петок во 21.00 часот, па „Тетови…