„Браќа Карамазови“ за драмско финале на годинешното Охридско лето

По 35 години отсуство од фестивалот, на Охридско лето со изведба доаѓа Дубровничкиот театар.

 |  Мишел Наумоски  | 
brakja karamazovi
браќа карамазови

 

Вечниот текст на Достоевски, „Браќа Карамазови“ ќе биде јагодата на шлагот во драмската програма на годинешното издание на Охридско лето. Претставата која е во изведба на театарот „Марин Држиќ“ од Хрватска, после цели 35 години го носи театарот од Дубровник повторно на Охридско лето. Нивната врска со фестивалот е секако македонскиот режисер, Дејан Пројковски.

Karamazovi„Соработката со Дејан Пројковски е извонредна. Мислам дека го имаме од една страна Александар Македонски кој освојувал со меч, а Дејан Пројковски освојува со својот талент и големата љубов кон театарот и сите со Дејан се чувствувавме како да правиме нешто значајно, големо и дававме се од себе. Секако тука се и соработниците, тоа е една Дубровачко-Македонска соработка, тука се и Горан Трајковски и Владо Ѓоревски.“-рече директорката на театарот „Марин Држиќ“, Јасна Јукиќ.

Режисерот Пројковски пак вели дека кога ја договарале соработката со театарот од Дубровник, решил да ја работат токму оваа претстава.

„Направивме една претстава која всушност зборува за човечките страсти, за човечките пороци за демоните во секој човек. Всушност „Браќа Карамазови“ е една претстава која најмногу зборува за борбата на секој човек која што ја води во сопственото срце. Всушност сите ликови се како заглавени во кал, во блато на сопствените страсти, пороци, а постојано имаат обид да полетаат.“-вели режисерот, Дејан Пројковски.

teatar Marin DrzicТекстот на Достоевски не му е непознат на актерот Фране Перишин кој го игра Фјодор Карамазов. А според него соработката со Пројковски овозможила оваа претстава да биде тоа што е.

„Тој нас не чуваше, како еден родител, со една огромна доверба дека ние тоа можеме да го направиме и тоа и се случи. Имам чувство дека тој ништо не работеше агресивно, да наметнува онака режисерски решенија, а ќе видите има едни убави минималистички ракописни режисерски решенија, но тој нас не чуваше и веруваше во нас.“-изјави актерот Фране Перишин.

Вистинската битка со гревот во луѓето, според актерот Владимир Посавец-Тушек е прикажана преку ликот на Дмитри Карамазов.

„Дмитри Карамазов како што кажа колегата најстрасниот лик, јас некако тргнав да го барам во тој христијански начин. Тогаш сфатив дека тоа е едноставно, има една едноставна работа за искупувањето на човечката душа, а тоа е да се направи прво грев, а после покај се, наместо постојано да го носиш во главата и да мислиш на него и така да си постојано во грев.“-вели Владимир Посавец-Тушек.

Трпимир Јуркиќ пак го игра рационалниот лик во претставата, Иван Карамазов.

„Јас навистина мислам дека Иван е оној лик низ кој Достоевски во вистинска смисла ни говори како да е тој самиот. Тоа не е само лик, туку цела една филозофија за која Достоевски во некоја своја интима размислува и се занимава со она што го мачи. Тој однос-ние, малите, во оваа земја и таа ситуација дали е се дозволено и ако е се дозволено, што ќе правиме тогаш?“-изјави актерот Трпимир Јуриќ.

Инаку претставата „Браќа Карамазови“ ќе се одигра во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“, а поради големиот интерес, на истото место, утревечер ќе има уште една изведба во стандардниот термин од 21 часот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top