Градинките се спремаат за големиот почетокот на 02 септември. Законска обврска на родителите кои ги запишуваат дечињата во градинка е да донесат негативен бактериски наод од грло и нос на своите деца. Годинава за прв пат центарот за јавно здравје обезбеди мобилна екипа која брисеви на дечињата им зема во централната градинка. За дечињата земањето брис во градинка, наместо во просториите на центарот за јавно здравје помалку стресно. Целта на акцијата на градинката и центарот з ајавно здравје е да им ја олесниме работата на родителите, нои стресот на дечињата, велат од детската градинка. „За…
Французинот Аксел Рејмонд и италијанката Мартина Грималди се годинешните победници на Охридскиот пливачки маратон. Рејмонд воедно го подобри ланското остварување на легендарниот Петар Стојчев за цели девет минути, препливувајќи ја патеката „Климе Савин“ за рекордно време од 5 часа, девет минути и 54 стотинки.
За изненадувачки добриот резултат се погрижија и струите на Охридското езеро кое беше доста немирно во последните десет километри. „Ова ми е прв пат на Охридскиот маратон, но сакам само да испливам 30 километри.“-вели победникот во Охридскиот маратон, Аксел Рајмонд.Веднаш зад Рејмонд, …
Ќе се воспоставува бродска линија Струга – Поградец – Охрид Ќе се реконструираат пристаништата во Струга и Поградец и ќе се воспостави нова бродска линија помеѓу трите градови на брегот на Охридското езеро. Предвидена е набавка и на два соларни еко бродови, кои ќе служат за крстарење, но нема да го загадуваат езерото. Овој стратешки проект за развој на туризмот ќе се реализира преку министертвото за локална самоуправа и ИПА програмата за прекугранична соработка, најави министерот. „Мислам тоа ќе биде многу добра понуда, вие да бидете тука па да одите на вечера во Поградец па д…
Денес, божественото парче земја, високо таму во Скребатно со својата убавина на едно место обедини луѓе од најразлични краеви. Од домашно, локално население, до туристи од земјава, но и од странство. Денес, Скребатно беше домаќин на манифестацијата Охридска софра 2013. Како дел од неа, 26 натпреварувачи, мајстори во правење на ѓомлезе, или тури-потпечи како што е инаку познато ги покажаа своите вештини во подготовката на ова традиционално охридско јадење. „Нема тајна. Внимание на печењето, да не се изгори, мрсење на време и тоа. Нема никаква тајна. Вода, сол, брашно, тоа е. Нема други дода…
Осмислувањето и преводот на двојазичното издание на книгата„ Проглас“, на словачки и македонски јазик е дело на охридскиот славист и прведувач Стојан Лекоски. Проектот е финасиран од словачкото министерство за култура. Покрај Проглас, првата напишана песна на Св Кирил, по која е и насловена книгата, Лекоски избрал текстови од Теодор Кришка и историчарот Матеш Кучера со литературен и историски осврт за значењето на оваа песна. Уводниот дел од книгата му го доверил на архиепископот Кирил Васил, секретар на конгрегацијата на Источните цркви во Ватикан, објаснува Лекоски.
Книгата е илус…
Успешна туристичка сезона, од ТЛЕР вака ја оценуваат сезоната која е на изминување. Од таму велат дека статистичките податоци и податоците од општинскиот инспекторат кои се однесуваат на наплатата на туристичката такса го потврдуваат тоа. Наплатата на туристичката такса заклучно со месец јуни е зголемена за 29%. Бројот на домашни ноќевања на домашни гости во месец јуни е намален за 2,6%, но затоа пак бројот на ноќевања на странски гости во истиот месец е зголемен за 23,3%. Или вкупно бројот на ноќевања во месец јуни е зголемен за 13,3%. Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР вели дека овој п…
Четири македонски меѓу 28 те маратонци кои ќе се борат за првото место на 27-от Охридски пливачки маратон. Нашите надежи дека можеби годинава сепак македонец ќе биде прв или меѓу најдобрите, насочени кон најискусниот маратонец Томи Стефаноски, кој заедно со Евгениј Поп Ацев го делат второто место во генералниот пласман, но не помалку надежни се и останатите двајца Александар Илиевски и Александар Панчевски. За тоа дека Стефаноски е навистина подготвен за победа говори и фактот што дел од неговиот тим е Бугаринот, Петар Стојчев, кој од 20 учества на маратонот победи дури 11 пати.„Никогаш н…
Историчарот на уметност Јорданка Матова е автор на 4-тата книга посветена на уметноста под наслов „Сликарството во Охрид во 20 век“. Матова во едно сеопфатно издание ги поместува охридските уметници кои биле активни во уметничкото творештво. Сликарството во Охрид во 20 век и на почетокот од 21 претставува спој на уметници, скулптори, иконописци и фрескописци продолжувачи на богатата охридска сликарска традиција. 10 години истражувала во богатиот фонд на уметнички дела во Завод и Музеј, а на книгата работела 2 години.„Од самото истражување произлезе дека во Охрид има три генреции. Прва…