„Проглас“ двојазично издание спој на словачкиот и македонскиот народ

„Проглас“ двојазично издание спој на словачкиот  и македонскиот народ.

 |  Валентина Неловска  | 
Proglas
Proglas

Осмислувањето и преводот  на двојазичното издание  на книгата„ Проглас“, на словачки и македонски јазик е дело на охридскиот славист и прведувач Стојан Лекоски.  Проектот е финасиран од словачкото министерство за култура. Покрај  Проглас, првата напишана песна на Св Кирил, по која е и насловена книгата, Лекоски  избрал текстови од Теодор Кришка и историчарот Матеш Кучера со литературен и историски осврт за значењето на оваа песна. Уводниот дел од книгата му го доверил на архиепископот Кирил Васил, секретар на конгрегацијата на Источните цркви во Ватикан, објаснува  Лекоски.

Lekoski  Книгата е илустрирана со фотографии и икони посветени на Св.Кирил и Методиј и нивните ученици, од охридските цркви, од Сливница и Курбиново. За словаците песната Проглас е култна, песна на милениумот,  а оваа книга е еден начин на зближување  на македонскиот и словачкиот народ, вели Лекоски.

Lekoski

 

 

 

 

 

„ Ова е една потврда за духовната и културната блискост на двата народи во Средна и Јужна Европа. Тоа е така речено враќање на позајменото, ние нешто сме дале, а тие возвраќаат и  ја искажуваат почита кон Св. Кирил и Методиј и нивните учници Св Климент, Наум, Горазд, Сава и Ангелариј“.

Песната „Проглас“, првата напишана песна од Св. Кирил Филозоф, е вовед во светото Евангелие. Текстот во книгата е на старословенски јазик со кирилично писмо пронајден пред 155 година во Хиландарскиот манастир на Света  Гора. Оргиналниот текст на глаголица досега не е пронајден, раскажува Лекоски.  Преводот на песната во библиогрфаското издание  е на словачки и македонски јазик. Во Словачка, годинава се одбележува 1150 годишнината од доаѓањето на браќата Кирил и Методиј во мисија во Велика Моравија и ширењето на писменоста кај словенските народи. Концептот на проектот беше Кирил  и Методиј во Средна Европа, а нивните ученици Климент и Наум меѓу јужните словени, посочува Лекоски, за да го вратат на некој начин позајмениот јазик и да ја продолажат својата мисија на југ.

Книгата веќе доживеа една промоција во Терхова, во најголемата црква посветена на Св. Кирил и Методиј, а ќе биде преставена во септември и во други словачки градови  Мартин, Трнава, Братислава, но и во Рим и Прага.  Во агендата на словачкото министерство за култура е планирана  промоција на книгата и во Македонија. Засега институциите во нашава земја не покажале интерес за промоција, кажува  Лекоски кој е добитник на врвни признанија и награди  од словачките институции, но не и од македонските.
Стојан Лекоски е славист и преведувач кој  веќе 7 години живее во Словачка, а работи во Универзитетската библиотека во  Братислава.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top