Сеп 21, 2013

Курајчани конечно ќе бидат снабдени со доволни количини вода

Се реконструира и рехабилитира постојниот каптажен систем во село Куратица. Проектот е на Секторот за туризам и локален економски развој, а средствата се обезбедени со грант од германската амбасада во Република Македонија. Жителите на ова охридско село последниве години, се насочени кон развој на руралниот туризам. Снабденоста со вода, кој е еден од основните услови за развој, досега беше голем проблем за курајчани.„Тоа беа каптажни системи на водоводот кои што првично беа изградени пред 30-35 години, и истите не беа во функција повеќе во смисла на задржување на целокупното количество на во…

Сеп 20, 2013

Локална: Нема нерешлив проблем, но законот пред се

Локалната самоуправа на Охрид, денес се огласи во врска со реакциите на неколку охридски семејства кои живеат во објекти кои не одговараат на стандардите на современо урбано градско живеење. Имено, според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, имаат потполно разбирање за тешката состојба во која се наоѓаат неколку социјални семејства. Тој додава дека за жал, нивните можности за помош во тој поглед биле лимитирани од причина што законските прописи не оставале многу простор за работа.„Во најголем број случаи овие објекти се сопственост н…

Сеп 20, 2013

Во градов ќе се отвори средно музичко училиште

Од 2014 година во Охрид покрај основното ќе има и средно музичко училиште. Оваа идеја која постоеше години наназад конечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека подготовките и преговорите се во тек.Интерес за отварање средно музичко училиште постои вели, Нина Момировска, директорката на ОМУ Методи Патче. Уште во месец мај тие спровеле анкета кај учениците од последните одделенија во музичкото училиште и кај основците од останатите училишта во градов. Голем процент од нив позитивно се изјасниле околу прашањето за отварање средно училиште во Охрид. Момировска кажува дек…

Сеп 20, 2013

Со марш, борците од Охрид го одбележат Меѓународниот ден на мирот

По повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември, претставници на Сојузот на борци од Охрид, изведоа мировен марш од пред седиштето на Сојузот на борците,  до градскиот плоштад, по што беше положено цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк.  Пред присутните на денешното одбележување на Меѓународниот ден на мирот беше прочитана и пораката на генералниот секретар на ООН Бан Ки- Мун. Учесниците на маршот испратија порака за траен мир и благосотојба на сите луѓе во светот, без разлика на вера, нација, религија. Пораката беше упатена до власта и до опозицијата, до сите…

Мар 22, 2021

Алексијоски: Опозицијата ја манипулира јавноста за работата на ДЈП Колекторски систем

За ситни политички поени опозицијата пласира низа дезинформции во јавоста меѓу кои за двојно зголемена цената на водата, кажа на прес- конференција  Алексијоски. Точно е дека е зголемена цената, но да потсетиме на фактот и да не заборавиме дека тоа се должи на Решението од Регулаторна Комисија од 2017 кога се поставени новите цени од 10 денари на 17 денари додека беа тие на власт. „Тие цени се добиени согласно пресметки кои нивните тогашни стручни лица врз основа на финансиските извештаи беа должни да ги предадат до Регулаторна комисија за таа да излезе со цена. Тоа се пресметки во нивно в…

Сеп 20, 2013

Кристијан Џамбазовски нов директор на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот

Агенцијата за развој и поддршка на туризмот доби нов директор. На чело на оваа Агенција, а на местото на досегашниот директор Јордан Трајков,  сега е назначен Кристијан Џамбазовски. По  пет месеци од поднесувањето на оставка на Јордан Трајков, сега туристичката фела во регионов  очекува нов ветар на позитивни промени. Претседателот на Хотам, а воедно и член на Советот на Агенцијата, Дончо Танески укажува на досегашното ниско ниво на соработка со екс директорт Трајков, на слабата реалицазија на плановите, лошите ефекти и слабиот бенефит во туризмот.„Во февруари и март ние како Здружение благ…

Сеп 19, 2013

Неколку охридски фамилии живеат во лоши услови

Членовите на 4 семејства од кои дестина се деца живеат во страв во приземната куќа до маларичната. Објектот стар 50 години се распаѓа и како што велат станарите, секој миг може да се случи незгода, односно таванот може да им се сруши врз глава. „Овде се никакви условите за живот, прво и прво се прокиснува, гледате како е однадвор, во денешно време ние имаме полски тоалети и водата ни е надвор од објектот, условите се никакви“ Таир раскажува дека останале да живеат со надеж дека надлежните ќе го решат проблемот, кој е стар речиси 5 децении, ветувале, но до ден денес ништо од тоа.„Никој до се…

Сеп 19, 2013

НВО „ХЕРА“ со петиција бара сеопфатно сексуално образование во училиштата

Невладината организација „ХЕРА“ ја бара подршката од граѓаните за воведување на сеопфатно сексуално образование како предмет во училиштата ширум земјава. Насловена „За последен 1ви Септември без сеопфатно сексуално образование“ нивната кампања деновиве е фокусирана на привлекување на вниманието на ресорното министерство за образование околу потребата од воведување на ваков предмет во образованието. Претставниците од „ХЕРА“ велат дека според нивното истражување „Љубов после часови“, и кај родителите, и кај професорите и особено кај децата постои подготвеност па дури и желба за воведување на …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top