Голем чекор за занаетчиството, калфите, односно чираците се враќаат во дуќаните. Претседателот на регионалната занаетчиска комора Сашо Богоевски, вели дека задоволни се што Министерството за економија покажа разбирање и направи напори, нивните барања да ги стави во законска рамка. „За прв пат во последниве 20 години во законот се вметнати и калфи. Она што ние упорно го баравме, ајде да кажам една од моите големи заслуги тука и успеавме калфите да ги вметниме во законот, јас барав три години калфите да учат занает, предлогот на Министерството за економија во новиот закон е една година со пар…
ЈП НИСКОГРАДБА Охрид воведува две новини во начинот на наплата на сметки кои важат само за физичките лица. Почнувајќи од денес па се до крај на месец февруари граѓаните ќе можат својот заостанат долг кон ЈП да го плаќаат на рати. „Физичките лица кои што имаат неплатен долг му даваме можност за тој долг да склучиме договор тука во ЈП и долгот го плаќаат на 3, 6, 9 и 12 рати. Со што сакаме да потенцираме дека се трудиме она што го имаме како побарување да го наплатиме и му излегуваме во пресрет на граѓаните во Охрид. Втората услуга и таа се однесува на физичките лица. Оние кои што редовно ја …
Отворениот граѓански Универзитет за доживотно учење Кузман Шапкарев, претставува еден од темелите на цело образование кое што не е предвидено со законите за основнио и средно образование во Р. Македонија, изјави заменикот на градоналчалникот на Охрид, Ангел Јанев, на одбележувањето на јубилејот- 60 години од постоењето на оваа институција.„Ја користам оваа прилика да го честитам овој јубилеј со надеж и желба да го славиме и наредните години во една успешна соработка а ние од Локалната самоуправа и советот на Охрид ќе се обидеме со сите наши можности и средства да помогниме овие јубилеи да п…
ЈЗУ Општа болница Охрид денес излезе со официјален став во врска со обвинувањата на роднините на 44 годишната Билјана Туфеска дека истата пред два дена почина поради лекарска негрижа. Според директорот на болницата Љубен Арнаудов, тие досега не добиле преставка од блиските на починатата дека имаат некаква забелешка на работата на невро психијатриското одделение. Но сепак Арнаудов вели дека ја ангажирале Комисијата за внатрешна контрола на болницата за да го испита случајот и врз основа на тоа го заклучиле следново.„Технички се е уредно направено и нема пропуст. Пациентката кај докторката е …
Се изведуваат приклучоци за секое домаќинство, од приклучната шахта до излез од трупот на улиците во селото. Работите ќе се одвиваат во наредните два месеци. Во наредната фаза секое домаќинство ќе може да се приклучи на канализационата мрежа.
Од Општина Дебрца со апелдо граѓаните да соработуваат со економскиот оператор “Маркоски К73” Дооел Струга, кој ги врши градежните активности, а во поглед на точките на поврзување на нивните објекти и максимално да се придржуваат кон нововоспоставената сообраќајна сигнализација за одвивање на сообраќајот по улиците по кои се изведуваат градежните работи.
Десетмина советници од опозицијата ја напуштија 18 – та седница на совет. Причина е што на дневен ред не се најдоа барањата за информација со која одлука се постави лизгалиштето на плоштад, отчет за работата на градоначалникот за 2013 година и информација за причините за дислокација на дел од општинската администрација во Косел. Опозицијата бараше да се разговара за според нив политичкиот реваншизам со неистомислениците вработени во Локалната самоуправа. Нивните колеги од позицијата без дискусија не ги прифатија предлозите.„ Очигледно мнозинството не ги прифати нашите предлози не сак…
Осветен камен темелникот на споменикот за Водици. Денес на православниот празник Свети Атанасиј Велики, на свечен начин беше поставен камен темелникот за изградба на новото спомен-обележје за Водици кај градското пристаниште во Охрид.Чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот го извршија свештеници на МПЦ, преставници на Здружението „Богојавление“, Претседателот на Совет, Гордана Коњановска и Кумот на Водици Охрид во 2012та, Ванчо Чифлиганец кој е и донатор на споменикот.Јас како кум на Водици 2012та дадов збор и пред бога и пред граѓаните на Охрид дека заедно со Здружениет…
Охриѓанката Нина Балабан која е избрана за млад амбасадор на Младинските олимписки игри во Нанџинг 2014-та година, од страна на Интернационалниот Олимписки комитет.ИОК синоќа ја објави импресивната листа за 100-те инспиративни млади луѓе кои ќе служат како млади амбасадори на Младинските Олимписки игри во Нанџинг-2014 година, на која сосема заслужено се најде и стрелачката Нина Балабан, од С.К. „Охрид“. Инаку Нина на само еден месец пред почетокот на Европското првенство што треба да се одржи во Москва, се закити со златен медал на меѓународниот Турнир во Врање што се одржа вчера по повод о…