На денешната седница на градски татковци и локалниот економски совет се дискутираше за реализација на капитални инвестиции и развојни планови на Општина Охрид. Стана збор за изградбата на градската марина, ски центарот на Галичица, се продискутира и за моменталната состојба со проектот Мауцкер. Градоначалникот Никола Бакрачески градските татковци ги запозна и со најновите сознанија од неодамнешната посета на автокамповите во градов. Се зборуваше за нивната состојба и планови. Стана збор и за изградба на пензионерски дом, како и за плановите за субвенционирање на авио летовите. Бакрачески ре…
Во пораст е бројот на учениците со разни деформитети и здравствени проблеми заради недосток од физичка активност, вели Наум Јамандиев професор по спорт и спортски активности од СОУ Св. Климент Охридски. Во пандемијата кога наставата се изведува онлајн за да се намалат последиците по здравјето на учениците професорите по спорт побарале од МОН и добиле можност часовите покрај онлајн да ги изведуваат и со физичко присуство. Дури 80 посто од учениците го прифатиле овој начин на изведување на наставата. Од друга страна, во неговото дведецениско работење во охридската гимназија, вели дека драстич…
Резултатите од најновото тестирање на општинската администрација уште една можност за прибирање политички поени. Најпрво од Општинската организација на СДСМ реагираа дека резултатите се нереални бидејќи од 26 кандидати само осум го положија тестирањето или само 30% .Како е можно во цела држава досега овие тестирања да ги полагаат над 90% од кандидатите, а кај на с процентот да е толку низок. Овие луѓе шест месеци работеле во својата област под менторство најчесто на нивните раководители. Менторот е тој кој што треба да ви ги даде прашањеата и да ве оцени. Овај неуспех е и нивни, вели Томисл…
Радован Димитриески, претседателот на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид, во гостувањето на утринската емисија на ТВМ Телевизија, објасни за кој дел од езерото поточно станува збор и за кој вид риба ќе се издава концесијата.„Да не дојде до забуна кај јавноста, значи Охридското Езеро е дадено под концесија и за стопански и за рекреативен риболов, сега се доделува само оној дел што спаѓа до Даљан. Охридското Езеро го опфаќа делот од Црниот Дрим од истекот до Даљан, а сега оној дел од Даљан до црквата Св. Петка како го викаме до „ножот“, е овој дел оди под конц…
Мал е бројот на учениците од Охрид и Струга кои знаат какви риби живеат во Охридското Езеро. Се надеваат дека преку проектот „Млади амбасадори на живиот свет во Охридското Езеро“ и предавањата за живиот свет во него, во голема мерка ќе ги зголемат не само нивните знаења за рибниот фонд, туку и знаењата за вредностите на езерото и заштитата на животната средина. „Јас пред да се одржи овој час не бев доволно запознаена со животинскиот свет во Охридското Езеро.Мислам дека со ваквите часови, преадавања лично јас а и останатите ќе се запознаат со убавините на Охрид и животинскиот свет на Охрид“….
Волонтерите од Клубот на млади, Клубот на уметници „Арс Вивенди“ како и волонтерите од проектот за хумани вредности, кои функционираат во рамките на О.О на Црвениот крст од Охрид, своите вештини повторно ги ставија во функција на хуманоста. Имено повеќе од триесеттина волонтери деновиве напорно работат во изработка и боење на гипсени фигури, кои овој петок ќе ги продаваат на градскиот плоштад во 14:30, по повод денот на вљубените „Св Валентин“.Средставата кои ќе бидат собрани од продажбата на овие прекрасни и уникатни примероци ќе бидат наменети за купување на повеќе од неопходниот лам…
Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски официјално им ги предаде објектите лоцирани на стрелиштето Мауцкер на Општина Охрид. Од страна на Државниот секретар Стефаноски, симболично беа предадени клучевите од објектите како и Одлуката на Владата на Република Македонија со која овие објекти преминуваат во целосна сопственост на Општина Охрид. “Се работи за 13 објекти со вкупна површина од 1530 метри квадратни и земјиште со вкупна површина од 949. 789 илјади метри квадратни кои што согласно планот за дивестирање на несуштинскиот имот не се во функција на министерството и…
Како што кажа Тунтев прес ќе одржеле следнава недела за ветените а нереализирани проекти односно она што било ветено во програма ВМРО- ДПМНЕ за Локалните избори затоа што не добиле отчет од градоначалникот што било срботено во 2013 година. Тунтев како тема го посочи и односот на ДПМНЕ кон културата во градот потенцирајќи дека охридскиот народен театар не одржал претстава 6 месеци. Еден од следните пресови СДСМ ќе го закаже на локлитетот Плаошник за како што кажа Тунтев јавноста да види дека бетонските чудовишта биле повисоки од црквата. „Каде е извештајот УНЕСКО, извештајот е добиен од УН…