Јан 15, 2020

Ќе се најде ли дел од националниот парк Маврово на листата на УНЕСКО?

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со постапката за номинирање на локалитетот Длабока Река во Националниот парк Маврово на Прелиминарната листа на УНЕСКО. Локалитетот Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово, поседува исклучителни природни вредности преставени преку голема биолошка и пределска разновидност. Една од основните карактеристики на овој локалитет е старата (девствена) букова шума (Fagus sylvatica) која се развива во долината на Длабока Река на планинскиот масив Кораб, со скоро никаква интервенција на…

Апр 20, 2009

Македонија на 74-то место на листата најеколошки земји

Македонија е рангирана на 74 место на листата еколошки најчисти земји во светот, а во европски рамки е на самото дно.Рангирањето, како што јавува Макфакс, е врз основа на индексот на еколошки резултати (EPI), направено од универзитетите Јејл и Колумбија.Со 74 индексни поени од можните 100, Македонија е 74-та на листата еколошки најчисти земји во светот од рангираните 149 држави.Во европски рамки, Македонија е 37 од вкупно рангираните 40 држави. Зад Македонија се само Украина, Романија и Молдова.Центарот за меѓународна научна информациска мрежа на Универзитетот Колумбија и Центарот за еколош…

Апр 18, 2009

Утре се гласа за пет градоначалници

Вториот круг избори за градоначалник в недела ќе се одржи во општините Долнени, Зелениково, Маврово и Ростуша, Студеничани и Чучер Сандево, соопшти ДИК.Гласањето ќе се спроведе на 123 избирачки места кои ќе бидат отворени од 07,00 до 19,00 часот.Право на глас имаат 44,240 граѓани во овие пет општини, а на гласачките ливчиња ќе бидат имињата на двајцата кандидати кои во првиот круг освоиле најголем број гласови, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).Информациите поврзани со неделното гласање, ДИК ќе ги соопшти на прес конференции во текот на денот.Со неделното гласање ќе се комплетира нов…

Апр 17, 2009

Боцевски во посета на Љубљана

Вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски денеска во Љубљана учествува на вториот ден од Конгресот „Граѓанските организации ги предизвикуваат јавните власти“, посветен на улогата на граѓанското општество во процесот на евроинтеграции на земјите-кандидати за членство и потенцијалните кандидати од Западен Балкан за влез во Унијата.Потпретседателот на македонската Влада задолжен за евроинтеграции ќе оствари и повеќе билатерални средби, меѓу кои со државниот секретар во словенечкото Министерство за надворешни работи Драгољуба Бенчина, со раководителот на одделот за ЕУ при словенечкото МНР …

Апр 17, 2009

Турски Тав се подготвува да ги преземе аеродромите

Делегација од турската компанија заедно со претставници од Европската банка за обнова и развој беа во посета на скопскиот и охридскиот аеродром. Менаџерите на ТАВ Македонија – компанијата што во наредните 20 години треба да оперира со двата аеродроми на банката и ги преставувале инвестициските планови. Детали од средбата никој јавно не сака да коментира, но според наши информации договарале за технички работи околу кредитирање за инфраструктурите проекти. Турците имале средба и со Министерот за транспорт Јанакиевски. Од Министерството велат дека се работело за редовна средба без да се преци…

Апр 16, 2009

Утре се одбележува Велики петок

Во сите храмови на православните цркви во светот утре се одбележува Велики петок, Ден на страдањата и смртта на Исус Христос.Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и пренесување на таканаречената бескрвна жртва се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“.Од тогаш, на …

Апр 16, 2009

Штрајкот на контролорите на летање два часа ќе го блокира авиосообраќајот

Авиосообраќајот над македонското небо денеска ќе биде во прекин од 10 до 12 часот поради штрајкот на контролорите на летање.  Во тој период на скопскиот и на охридскиот аеродром нема да слетуваат, ниту да полетуваат воздухоплови, а ќе биде овозможен само прелет на авионите над македонска територија. Контролорите на летање преку штрајкот бараат укинување на решението на Управата за јавни приходи со кое има намера да наплати 10 милиони евра од сметката на Агенцијата за цивилно воздухопловство што ги собрала последниве шест години како поврат на данок на додадена вредност. Синдикатите бараат и…

Апр 15, 2009

Конечно име прифатливо за Грција?

Официјална Атина во „Република Северна Македонија“ гледа „конечно добар предлог“, кој медијаторот Метју Нимиц најпосле го ставил на преговарачката маса со Скопје.Со ваква оценка грчкиот амбасадор во Вашингтон Александрос Маљас, додавајќи дека станува збор за „разумен предлог“ за кој Грција е подготвена на компромис.„Мислам дека сега е вистинско време да најдеме решение врз основа на предлогот на Нимиц. Тоа е разумен предлог. Грција за прв пат во својата историја прифаќа терминот Македонија да биде вклучен во името за меѓународна употреба.Ова е многу важно. Луѓето можеби не се свесни, но ова…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top