Утре се гласа за пет градоначалници

Вториот круг избори за градоначалник в недела ќе се одржи во општините Долнени, Зелениково, Маврово и Ростуша, Студеничани и Чучер Сандево, соопшти ДИК.

izbori
избори

Вториот круг избори за градоначалник в недела ќе се одржи во општините Долнени, Зелениково, Маврово и Ростуша, Студеничани и Чучер Сандево, соопшти ДИК.

Гласањето ќе се спроведе на 123 избирачки места кои ќе бидат отворени од 07,00 до 19,00 часот.

Право на глас имаат 44,240 граѓани во овие пет општини, а на гласачките ливчиња ќе бидат имињата на двајцата кандидати кои во првиот круг освоиле најголем број гласови, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

kutiiИнформациите поврзани со неделното гласање, ДИК ќе ги соопшти на прес конференции во текот на денот.

Со неделното гласање ќе се комплетира новата локална власт во државата, која беше избрана во првиот и вториот круг од локалните избори, одржани на 22 март и 5 април.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top