Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Берлин треба да се сретне со германскиот претседател Хорст Келер.Претседателот Иванов во рамките на неколкудневната официјална посета на Германија ќе оствари средби и со парламентарци и владини претставници.Шефот на државата според најавата ќе ја посети и Командата на Армијата на Германија во Потсдам. Во состав на македонската делегација се и бизнисмени, кои треба да остварат средби со своите германски колеги за зајакнување на меѓусебната соработка.Иванов ќе се сретне и македонските иселеници во Германија.{loadposition content9}
Земјотресот со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран во 18.41 часот.Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, во дебарското епицентрално подрачје претходно се регистрирани серија слаби земјотреси.Најсилниот земјотрес што предизвика материјхални штети во Дебар и околината беше регистриран на 6. септември, со јачина од 5,3 степени според Рихтер.{loadposition content9}
Премиерот Никола Груевски денеска учествува на Состанокот на Новите шампиони на Светскиот економски форум што се одржува во кинескиот град Далиан. Груевски учествува на панелот „Соочување со кризата на вработувањето – Влијанието на економската криза врз вработеноста“.Македонскиот премиер денеска во Далиан ја посети Зоната за висока технологија каде се сретна со двајца заменици-директори на зоната Ли Веи Мин и Чук Ши на кои им ги презентираше условите за инвестирање во Македонија и предностите на слободните економски зони. Во Зоната за висока технологија на Далиан има 2.300 компании меѓу кои…
Бугарија е најдобриот пријател на Македонија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.„Ние имаме прекрасни односи со македонскиот премиер. Македонскиот министер за надворешни работи, присуствуваше на погребот во Бугарија на загинатите од Охрид. Вистинскиот збор за за трагедијата во Охрид е невнимателност“, изјави Борисов во Брисел, по повод критиките од македонска страна за премногу острите изјави по бродската несреќа во Охрид во која загинаа 15 бугарски туристи.„Јас во посета на Скопје бев и како градоначалник на Софија. Сакам да ве уверам дека сме меѓу најдобрите пријатели на Македонија“,…
Ребалансот на Буџетот на Република Македонија за 2009 година со кој се кратат расходите и приходите за 3,2 проценти од денеска е на разгледување во Парламентот. Почнува со расправа во собраниската Комисија за економски прашања, а во матичната Комисијата за финансирање и буџет ќе се најде наредната недела. Со овој ребаланс, кој е втор годинава, се проектирани приходи од 138,459 милијарди денари и расходи од 149,5 милијарди денари. Дефицитот се намалува околу 300 милиони денари, а ќе остане во проектираните рамки од 2,8 отсто од БДП.Ребалансот се прави со цел да се приспособи трошењето на држ…
Младинскиот културен Центар ќе одржи денеска прес конференција по повод 34-то издание на Меѓународниот театарски фестивал (МОТ).Според најавите на прес конференцијата ќе биде објавена програмата на овогодинешното издание како и работилниците и семинарите кои се дел од официјалната програма на фестивалот.На прес конференцијата ќе говорат директорот на Младинскиот културен центар Борис Момироски, извршниот директор на фестивалот Дејан Пројковски како и маркетинг директорот на фестивалот Горјан Донев.{loadposition content9}
На осумнаесетиот главен координативен кризен штаб предводен од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски се одвиваше во присуство на членовите на Комисијата за заразни болести на која се дискутираа акуелните состојбу со коронавирус, со посебен акцент на заштита и протоколите за заштита на здравствените работници.
Покрај членовите на Комисијата, на состанокот учестуваа и Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи како и ресорните министерства кои реферираа за актуелните мерки кои Владата ги имплементира во насока на заштита и превенци…
Државната делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, од денеска до сабота ќе учествува на Светскиот економски форум што се одржува во Далиан, Народна Република Кина.Во рамки на посетата, премиерот Груевски ќе оствари билатерална средба со својот кинески колега, претседателот на Државниот совет на НР Кина, Вен Џиабао, како и средби со градските власти на Далиан.Како што е соопштено од Владата, учеството на настанот ќе биде искористено за средби со повеќе светски компании, а покрај тоа ќе бидат посетени и слободната економска зона, царинската зона и зоната за висока технологија во Д…