Премиерот Груевски на состанок на Светскиот економски форум во Кина

Премиерот Никола Груевски денеска учествува на Состанокот на Новите шампиони на Светскиот економски форум што се одржува во кинескиот град Далиан.

Nikola Gruevski
Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска учествува на Состанокот на Новите шампиони на Светскиот економски форум што се одржува во кинескиот град Далиан.

logoГруевски учествува на панелот „Соочување со кризата на вработувањето – Влијанието на економската криза врз вработеноста“.

Македонскиот премиер денеска во Далиан ја посети Зоната за висока технологија каде се сретна со двајца заменици-директори на зоната Ли Веи Мин и Чук Ши на кои им ги презентираше условите за инвестирање во Македонија и предностите на слободните економски зони. Во Зоната за висока технологија на Далиан има 2.300 компании меѓу кои е и „Хуалу-Панасонок електро-информатика ЛТД“ која денеска ја посети и македонската делегација.

Груевски вчера во Далиан посети пристанишна слободна економска зона, а имаше и средби со високи претставници на локалната власт.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо вчера во рамките на Светкиот економски форум остварија средби со неколку комании кои беа претходно таргетирани. Две од нив, една американска и една француска од автомобилски и електромехнички сектор, најавија посета на Македонија во следните два месеци со цел подетално да ги анализираат можностите и условите за инвестирање во насока на проширување и релоцирање на дел од капацитетите на поконкурентна дестинација во Европа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top