Окт 20, 2009

Извештајот за укинување на визите усвоен во одборот на ЕП

Извештајот за укинување на визите за Западен Балкан беше усвоен во Одборот на Европскиот парламент за граѓански слободи, правда и внатрешни работи.Одборот, надлежен за подготовка на мислење за јулскиот предлог на Европската комисија за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора, од почетокот на идната година, во понеделник доцна вечерта го усвои извештајот на европратеничката Тања Фајон со само еден глас против и два воздржани.„Се радувам што државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора наскоро слободно ќе патуваат во Европската унија“, изјави Фајон, изразувајќи надеж дека на по…

Окт 20, 2009

Министерот за образование на конференција во Љубљана

Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска и утре во Љубљана ќе присуствува на Петтата неформална конференција на министрите за образование од Западен Балкан.Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска и утре во Љубљана ќе присуствува на Петтата неформална конференција на министрите за образование од Западен Балкан, која е дел од програмата на словенечкото претседателство со Комитетот на министри при Советот на Европа. – Целта е да се развие длабока дискусија за минатиот и иден развој на Болоњскиот процес во земјите од Западен Балкан. Ќе се дебатира за развојните …

Окт 20, 2009

„Доста беше молк!“

Под мотото „Доста беше молк!“ автономното студентско движење „Слободен Индекс“ во вторник организира протест со барање за подобрување на студентските стандарди.„Секој студент треба да излезе на протестот, да покаже храброст и да си ги побара своите права. Доста беше молк“, изјави на прес конференција во понеделникот Богољуб Павловски, студент на Електротехничкиот факултет.Според него, државата немала слух за барањата на студентите, па поради тоа мораат преку протест да го искажат своето незадоволство.„Слободен Индекс“ бара поголем буџет за високото образование, повеќе ваучери за апсолвентит…

Окт 19, 2009

Претседателот Иванов во посета на Израел

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска до среда ќе престојува во Израел каде што ќе учествува на Меѓународната конференцијата „Facing tomorrow 2009“.На собирот во Ерусалим, што ќе го отвори израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ќе учествуваат и претседателите на Чешка Вацлав Клаус, на Хрватска Стипе Месиќ, на Источен Тимор – нобеловецот Хозе Рамон Хорта, поранешниот претседател на Украина Леонид Кучма и поранешниот шпански премиер Хозе Мариа Азнар.Предвидено е шефот на македонската држава за време на престојот во Израел, да има средби со израелскиот претседател Шимо…

Окт 19, 2009

Министерката Јанкуловска на министерска средба во Брисел

Конференција на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ, како и на земјите кандидати за членство во Унијата, почнува денеска во Брисел.Според најавите, на конференцијата, посветена на борбата против трговијата со луѓе, денеска и утре ќе учествува и македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.Министерката ќе има обраќање во рамките на една од сесиите на конференцијата, при што ќе ги презентира досегашните активности и искуства на македонската полиција во борбата против трговијата со луѓе.Министрите на двете пленарни сесии ќе разговараат за меѓун…

Окт 17, 2009

Започна вештачењето на бродот „Илинден“

Започна вештачењето на бродот Илинден. Експертите од Машинскиот факултет од Македонија, рано утрово, се зафатија со работа,додека стручните лица од Хрватска и Словенија не допатуваа во Охрид. Во каналот Студенчишта, започна вештачењето на бродот „Илинден“. Експертите од Македонија од машинскиот факултет, рано утрово се зафатија со работа, додека, стручните лица од Хрватска и Словенија не допатуваа во Охрид. Тие ќе се приклучат во вештачењето во подоцнежната фаза.  Истрагата треба да ги утврди причините кои доведоа до големата несреќа во која загинаа 15 бугарски туристи. Вештаците денеска вр…

Апр 14, 2020

ПОТВРДЕНИ 54 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г). Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови. Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на К…

Окт 17, 2009

ЕУ и САД го поздравија договорот за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово

Постигнатиот договор меѓу Македонија и Косово за демаркација на границата е знак на зрелост, орговорност и меѓусебно почитување, што ќе придонесе за добрососедските односи и за регионалната стабилност, се истакнува во соопштенијата на ЕУ и на САД по повод договорот меѓу Скопје и Приштина.Шведското претседателство со ЕУ го поздравува, како што посочува, позитивниот развој во градењето добрососедските односи меѓу Македонија и Косово. – Кога ќе се најде заедничко прифатливо решение за некое отворено прашање меѓу соседите, тоа е охрабрувачки знак за одговорност и зрелост. Македонија со тоа стан…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top