„Доста беше молк!“

Под мотото „Доста беше молк!“ автономното студентско движење „Слободен Индекс“ во вторник организира протест со барање за подобрување на студентските стандарди.

logo
лого

Под мотото „Доста беше молк!“ автономното студентско движење „Слободен Индекс“ во вторник организира протест со барање за подобрување на студентските стандарди.

studenti„Секој студент треба да излезе на протестот, да покаже храброст и да си ги побара своите права. Доста беше молк“, изјави на прес конференција во понеделникот Богољуб Павловски, студент на Електротехничкиот факултет.

Според него, државата немала слух за барањата на студентите, па поради тоа мораат преку протест да го искажат своето незадоволство.

„Слободен Индекс“ бара поголем буџет за високото образование, повеќе ваучери за апсолвентите, стипендии за постдипломците што ќе бидат решени со закон, укинување на партиципацијата, унапредување на автономијата на Универзитетот, како и поголеми студентски слободи, медиуми, дебати…

Меѓу останатите барања, студентите бараат и подобрување на хигиената во студентските домови, бесплатни учебници, како и нов закон за студентско организирање.

Според најавите, протестот ќе започне со собирање пред сите факултети, од каде незадоволните студенти ќе се упатат пред Владата, по што ќе одат кон седиштето на Студентскиот парламент, за да завршат пред Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество.

„Слободен Индекс“ се огради од сите политички партии, нагласувајќи дека овој протест не е партиски, туку дека се работи само за исполнување на барањата на студентите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top