Фев 5, 2010

Европскиот парламент во среда за Македонија

Европскиот парламент на пленарна седница во среда на 10 февруари ќе расправа за напредокот на Македонија, Хрватска и на Турција кон членството во Европската унија.Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент неодамна ги усвои амандманите на предлог-резолуцијата за Македонија, со која ја повикува Европската унија во март да одреди датум за почеток на претпристапни преговори со Македонија.Во предлог -резолуцијата се повикува и на удвојување на напорите за изнаоѓање на заедничко решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција.Документот е предложен од словенечкиот европратеник Зо…

Фев 6, 2010

Претседателот Иванов ќе одржи говор на Минхенската безбедносна конференцija

Иванов на маргините на  конференцијата ќе оствари и билатерални средби со високи функционери од повеќе земји на кои ќе се потенцираат сите прашања од сферата на безбедноста и уделот на Македонија во меѓународните мисии. На 46. Минхенска безбедносна конференција, која почна вчера попладне а ќе трае до утре, учествуваат 300 шефови на држави, влади, високи функционери, опозициски лидери и претставници на организации од целиот свет. Конференцијата вчера ја отвори претседавачот Волфганг Ишингер, а во воведниот дел говореа и германскиот министер за одбрана Карл-Теодор Гутенберг и министерот за на…

Фев 5, 2010

Коњановски на неформалниот состанок на НАТО

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски од денеска учествува на неформалниот состанок на НАТО во Истанбул. На дводневниот состанок во Истанбул, што започна во четврток, учествуваат министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и на државите кои не се дел од Алијансата, а кои даваат свој придонес кон Меѓународната мисија за поддршка на мирот во Авганистан (ИСАФ).На маргините на состанокот, министерот Коњановски треба да оствари и одделни средби со своите колеги.Средбата на министрите е фокусирана на напредокот во безбедноста на Авганистан и Косово, како и за трансформација на од…

Фев 4, 2010

Македонија во спомен на Гоце Делчев

Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баниц…

Фев 3, 2010

Меѓуетнички тензии во образованието

Причина за бојкотот, како што велат, е револтот поради тепањето на учениците-Македонци од страна на Албанците. Тие најавуваат дека бојкотот ќе продолжи се додека не се обезбедат нормални услови за учење.Свежи се и сеќавањата од меѓуетничките тепачки во гимназијата во Струга, а средношколците – Македонци и Албанци во Куманново, одамна учат во различни училишни згради. Ваљон Беља е претседател на невладината организација Реалитети. Тој вели дека чашата ја прели одлуката, Албанците да учат македонски јазик од прво одделение. Ексклузивното право на донесување одлуки на Македонците, што потоа им…

Фев 3, 2010

Промоција на проектот „Дигитален полициски радио систем ТЕТРА“

Mинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и евроамбасадорот Ерван Фуере денеска ќе присуствуваат на промоцијата на првата фаза од проектот „Дигитален полициски радио систем ТЕТРА“.Промоцијата ќе се оддржи во амфитеатарот на Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи во Идризово. Со проектот, кој значи имплементација на европските телекомуникациски стандарди, македонската полиција добива софистицирана, доверлива и безбедна коминикациска инфраструктура.Oваа вест е превземена од: http://www.sitel.com{loadposition content9}

Фев 2, 2010

Финскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Финска, Александар Стуб, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Тој со својот домаќин министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски, ќе разговара за евро-атлантските аспирации на Македонија, како и за мултилатералната соработка помеѓу двете држави. Стуб ќе биде примен и од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.Оваа вест е преземена од:http://www.makdenes.org{loadposition content9}

Фев 2, 2010

Македонија, Грција и Албанија – за заштита на Преспа

Министрите за животна средина и просторно планирање на Македонија, Грција и Албанија, Неџати Јакупи, Константина Бирбили и Фатмир Медиу денеска во Пили на грчкиот дел од Преспа, ќе го потпишат трилатералниот Договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа. Договорот ќе биде потпишан и од претставник на Европската комисија за животна средина. Со Договорот, по грчка иницјатива, се очекува да се уредат обврските за заштита и управување со Преспанскиот регион. Оваа вест е преземена од:http://www.makdenes.org{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top