Фев 16, 2010

Граничните премини кон Грција блокирани до петок

Граничните премини кон Грција од изутринава повторно се блокирани поради штрајк на грчките царински служби. Штрајкот ќе трае до петок во шест часот.Македонското МВР апелира граѓаните кои планираат да заминат за Грција во посочениот период патувањето да го одложат или поместат за друг ден.Ова е втор протест на грчките цариници од почетокот на месецов. Граничните премини два дена беа затворени и на 4 и на 5 февруари.Причината за штрајкот е најавеното намалување на нивните плати.{loadposition content9}

Фев 15, 2010

Брендирана облека и по некој грам кокаин

Многу познати фаци повеќе ќе нема од каде да купуваат јакни, свечени тоалети, екстравагантна и фенси гардероба. Полицијата ја уапси најпозната скопска продавачка на брендирана гардероба Персида Момировска. Повеќе од 15 години 39 годишната Персида, позната како Пепи на црно увезуваше и продаваше облека со знакот на познати дизајнери – Армани, Гучи, Долче и Габана, Луи Витон. А клиентела и беше кремот од политиката, естрадата, глумци, бизнисмени. Но, Момировска не е уапсена за шверц и препродажба на гардероба. Таа почнала да работи и како дилер на дрога. Персида вчера е уапсена во полициска а…

Фев 15, 2010

Националната гарда на Вермонт во Скопје

Како што информираат од министерството за одбрана целта на посетата на АРМ од страна на командантот на Националната гарда на Вермонт е разгледување на можностите за унапредување на понатамошната соработка со НГ на Вермонт и согледување на подготвеноста на контингентот на АРМ за престојното заедничко учество со НГ на Вермонт во мисијата ИСАФ. Домаќин на делегацијата од Вемонт ќе биде генерал-потполковник Мирослав Стојановски, а согласно програмата, предвидено е генералот Дуби да се сретне со Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, со министрите заодбрана и внатрешни работи Зоран Коњановск…

Фев 13, 2010

Промоција на 17 научни книги од економската област

На Економскиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе бидат промовирани 17 преведени книги со економска тематика од проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија”.На промоцијата ќе присуствува премиерот Никола Груевски во придружба на министрите за образование и наука и за култура, Никола Тодоров и Елизабета Канческа–Милевска.Груевски, кој денеска ќе престојува во посета на Штип, заедно со директорот на МЕПСО Владимир Здравев ќе ја пуштат во упо…

Фев 12, 2010

Спорот со името мора да се реши

Македонија мора да го реши проблемот со името доколку сака да биде дел од ЕУ и НАТО, порача поранешниот дански министер за надворешни работи Уфе Елеман Јенсен, кому денеска во Скопје македонскиот претседател Ѓорге Иванов му го врачи орденот „8 Септември“, највисоко одличје на Република Македонија.- Ќе ве држат далеку од структурите во кои сакате да влезете се додека не се реши прашањето за името. Тоа е неправедно, несфатливо и се коси со здравиот разум и заедничките европски и атлантски интереси, но така стојат работите и тоа е животна вистина, рече Јенсен. Овој спор, којшто според него, ст…

Фев 12, 2010

Почувствуван земјотрес во Дебар

Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала, утринава беше почуствуван во западниот дел од земјава.Според сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, епицентарот на земјотресот бил регистриран на 110 километри од Скопје, во околината на Дебар.Земјотресот најмногу  го почуствувале жителите на Дебар и Струга.Текстот е преземен од Макфакс:http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/99119/view{loadposition content9}

Фев 11, 2010

ЕУ да ги притисне сопствените членки за решавање на спорот со името

ЕУ нема концепт за Балканот и тоа е главен фактор за повеќе нерешени спорови, смета австриски функционерСметам дека од ниту една држава не може да се бара пред своето име да го стави зборот „поранешна“ изјави државниот секретар во австриското Министерство за финансии Андреас Шидер, осврнувајќи се на спорот околу името на Македонија.Во расправата „Западен Балкан“ оддржана синоќа во Виена тој порача дека спорот околу името на Македонија мора да се реши, и тоа мора да се реши брзо.- ЕУ мора да изврши притисок на сопствените членки за да се изнајде решение, истакна Шидер, дополнувајќи дека Зап…

Фев 10, 2010

Груевски го убедил Фишер дека постои основа за мирен оптимизам

Премиерот Никола Груевски по средбата со неговиот чешки колега Јан Фишер во Прага, коментирајќи ја изјавата на евроамбасадорот Ерван Фуере за виенскиот весник „Стандард“, рече дека не очекува да има каков било меѓуетнички конфликт доколку македонско-грчкиот спор околу името не се реши за шест месеци “ Не очекувам такво нешто да се случи. Тоа само би ги забавило разговорите или би ги ставило ад-акта. Нема логика за такво нешто. Ако на таков начин се сака да се постигне каков било прогрес, би се постигнало нешто што е спротивно на прогрес”- истакна Груевски.Според Фишер, ваквото сценарио е мн…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top