Во секој миг во Охридскиот суд се очекуваат резултатите од вештачењето на бродот Илинден, за да се утврдат причините за неговото потонување на петти септември минатата година, кога животите во бродоломот во Охридското езеро ги загубија 15 бугарски туристи.Со тоа конечно, шест месеци по несреќата и три по последното вештачење на бродот во Охрид, треба да се заокружи истрагата и предметот да се предаде во јавното обвинителство, што ќе одлучи кој ќе одговара за инцидентот.Од резултатите на стручната експертиза на вештаци од Машинскиот факултет во Скопје и од странство, кои два пати го испитува…
Турски “TAV Airports Holding“, од денеска офцијално ги презема двата македонски аеродроми скопскиот “Александар Велики“ и “Свети Апостол Павле“ во Охрид.Овие воздушни пристаништа ќе бидат управувани од “ТАВ“ следните 20 години.На денешната свеченост по тој повод свое обраќање ќе има министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.Во реконструкцијата на аеродромите која треба да стартува во средината на месецов ќе бидат вложени 200 милиони евра.{loadposition content9}
Во Македонија, во случај да се утврди злоупотреба на податоци казните се високи. Во 2009 до Дирекцијата за заштита на личните податоци пријава за злоупотреба на лични податоци на интернет дале 130 лица, најчесто од мрежите за дружење како Facebook. Интернет револуцијата во Македонија, по обичај ги донесе придобивките, ама и лошите нешта. Податоците говорат дека 53 проценти од населението користи интернет. За кусо време социјалните портали од типот на Skype, My space или Facebook им влегоа под кожа на Македонците. За едни тое е потреба, за други забава, а за трети интернетот бескончено место…
Нивото на Охридското Езеро и вчера порасна и достигна 21 сантиметар над дозволената граница, но од Центарот за управување со кризи информираа дека состојбата е стабилна и дека од денеска се очекува опаѓање на нивото на водата. Според нив, ова се должи на намелениот дотек од реките Сатеска и Коселска, кои се влеваат во езерото, како и поради хидрометеролошките најави за сончев викенд. Охриѓани од вчера ги загрижува и прашањето дали на Охрид му се закануваат земјотреси. Тие се лути на локалната самоуправа и на медиумите, кои јавно изнеле ставови на нестручни лица, во кои тврдат дека Охрид го …
Во холандското место Брунсум, недалеку од границата со Германија, се носат одлуките за мисијата ИСАФ во Авганистан. Тука се наоѓа Командата на сојузничките сили, во која се планираат логистичките операции. Во 2003 година во ова место биле потпишани и договорите со компанијата за услужни дејности, „Еколог“ од Диселдорф. Договорот опфаќал широка палета, од испорака на нафта, перење алишта, до комунални услуги за командата на ИСАФ.Но веќе две недели се води истрага за евентуалната кривична одговорност на вработени во „Еколог“ и на семејството Албанци од Тетово, кои се сопственици на фирмата.Пр…
Андреас Грос во извештајот кој го изработи во 2007 за Парламентарното Собрание на Советот на Европа, заклучи дека падот на авионот, во кој загина екс-претседателот Борис Трајковски и уште осум други лица, најверојатно е несреќен случај. Но тој исто така оцени дека е потребно и понатаму да се води истрага за да се разјаснат причините за падот на авионот. Грос посебно беше изненаден од противречностите во официјалната истрага за причините на несреќата. Неговото барање за солидна истрага од страна на македонскиот парламент што ќе ги расветли околностите за смртта на екс-претседателот Борис Тр…
Германскиот пратеник и претседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ, Јорго Шацимаркакис, за ДВ ја потврдува информацијата, објавена по состанокот на македонскиот премиер Никола Груевски со европарламентарците. “Можам да ви кажам дека премиерот има конкретен предлог. Но не е на мене да го соопштувам, туку тоа е негова обврска. Јас сум многу среќен што тој конечно се одлучи и предложи нови идеи, но на него е да ја информира својата јавност и својата земја за своите идеи. Јас сум среќен што Нимиц дојде во Европа без предлог. Ако дојдеше со предлог тоа ќе беше проблем за двете страни….
„Иако ги поздравуваме сите напори, навистина жалиме што нацртот на законот што беше доставен во Собранието, не само што ја исклучува категоријата со различна сексуална ориентација, по однос на многу прашања не ги отсликува интересите и законодавството на ЕУ“, изјави денес евроамбасадорот Фуере.Тој не е единствениот што смета дека треба промена на текстот на предлог-законот. По амбасадорите од земјите членки на ЕУ, истиот став го има и граѓанскиот сектор.“Сметаме дека неопходно е подобрување во неколку одредби, вклучувајќи ги основите за дискриминација, како и во одредени дефиниции за форми …