Угостителските објекти со површина поголема од 80 метри квадратни да имаат два дела – за пушачи и непушачи, а сопствениците на помалите сами да одлучат каков ќе биде објектот, дали пушачки или не Ова е еден од еден од предлозите на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија што беше соопштен денеска на седница.Предлогот не е конечен и допрва ќе се прецизира доколку има дополнителни сигестии од членовите на Здружението. Потоа ќе биде доставен до Владата.- Законот за заштита од пушење што се применува веќе три месеци директно влијае врз економско-туристичката …
Освен на услугите на банките, граѓаните се жалат и на јавните услуги од областа на енергетиката и телекомуникациите, како и на неисправна техничка стока, велат од Организацијата на потрошувачиЕдна голема банка, без налог и известување, на граѓанин му одзела 1.400 денари од трансакциската сметка, за кредитна картичка што тој и не знаел дека ја има. Граѓанинот претходно аплицирал за кредитна картичка, но од банката не добил известување дали барањето му е прифатено. Дека има таква картичка граѓанинот дознал дури по неколку месеци, откако банката му зела пари од трансакциската сметка за годишна…
Одговорот од кабинетот на премиерот на Јужна Австралија, Мајк Ран, дека неговите критики биле насочени кон актуелниот претседател на Македонија е незадоволителенОва е најновата реакција од страна на Австралиско – македонскиот комитет за човекови права(АМКЧП) откако кабинетот на премиерот Ран вчера реагираше на поднесеното барање за истрага до Австралискиот комитет за човекови права по неговиот анти-македонски говор на грчки собир во Австралија.Од АКМЧП сметаат дека настапот на премиерот Ран бил навредлив, не само за македонскиот претседател, туку и за сите Македонци.Вчера, АКМЧП покрена ис…
Јас не би очекувал каква било било промена на грчките позиции за главните прашања, можеби единствено се наѕира можност за компромис во прашањето за името на Поранешна Југословенска Република Македонија Можеме да се договориме со помош на некое име од типот „Нова Македонија“ или „Помлада Македонија“, изјави Лукас Цукалис, претседател на Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и Специјален советник на претседателот на Европската комисија во интервјуто за чешкиот весник „Хосподарске Новини“ на прашањето како ослабената позиција на Грција во меѓународните односи ќе влијае …
Официјална Тирана искажа голема благодарност кон македонската полиција и армија за несебичното залагање да се спасат двете момчиња кои со часови биле заглавени на планината Кораб. Благодарност и гаранција за продолжување и унапредување на соработката искажаа и Албанското Министерство за Внатрешни Работи. Во соопштението се наведува дека успешната соработка е насочена кон елиминирање на недозволената трговија од секаков вид, долж границата меѓу двете земји.Разбирливо настанот зазеде ударно место во информативните емисии на албанските медиуми. Сите, без исклучок, посебен акцент ставаат на фак…
Најдоцна за две недели Владата ќе излезе со првичните предлози за ублажување на казнената политика за да се подобри бизнис-климата во земјата. Ова е заклучокот од вчерашната дебата на која власта ги седна на иста маса инспекторите и бизнисмените и ги соочи нивните аргументите.Компаниите се пожалија на превисоките казни, од близу 22.000 евра за одредени прекршоци, посочувајќи ги проблемите што ги имаат со финансиските контроли, трудовата и пазарната инспекција, како и со царинската управа.„Првиот коментар на бизнис-заедницата е дека определени казни се превисоки. Има сугестии дека во законит…
На првата програма на Македонската телевизија, утре во 20 часот ќе биде реализирана специјална хуманитарна манифестација „Скопје 1963 за Хаити и Чиле 2010“ Организатор на хуманитарната манифестација е градот Скопје, како град на солидарноста, а целта е да се соберат што повеќе финансиски средства за помош на настраданите градови во овие две латиноамерикански земји, што беа погодени од катастрофални земјотреси со многу човечки жртви.Парите ќе бидат собирани преку јавувања од сите телекомуникациски оператори во земјава, а на отворените телефони ќе се јавуваат актуелните министри од Владата на…
Органското земјоделство годинава ќе се субвенционира со вкупно 71 милион денари. За сертифицираното примарно производство следуваат плус 30 отсто од вообичаено проектираната поддршка.За хектар површина наменета за зелено ѓубрење или угар во плодоред субвенцијата е 3.500 денари за хектар. Финансиска поддршка за органско овчарство и козарство изнесува дополнителни 800 денари за грло овца и 700 денари за грло коза од основните субвенции за оваа категорија.Земјоделците со право на поддршка за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно потекло, доработка и пакување…