Купувачите плачат од трговски финти

Освен на услугите на банките, граѓаните се жалат и на јавните услуги од областа на енергетиката и телекомуникациите, како и на неисправна техничка стока, велат од Организацијата на потрошувачи.

 |  Маја Савиќ  | 
karticki
картички

supermarketОсвен на услугите на банките, граѓаните се жалат и на јавните услуги од областа на енергетиката и телекомуникациите, како и на неисправна техничка стока, велат од Организацијата на потрошувачи

Една голема банка, без налог и известување, на граѓанин му одзела 1.400 денари од трансакциската сметка, за кредитна картичка што тој и не знаел дека ја има. Граѓанинот претходно аплицирал за кредитна картичка, но од банката не добил известување дали барањето му е прифатено. Дека има таква картичка граѓанинот дознал дури по неколку месеци, откако банката му зела пари од трансакциската сметка за годишна членарина, за картичка што тој никогаш не ја користел, ниту потпишал договор со банката. Дури откако го пријавил случајот во Организацијата на потрошувачи и по реакцијата, парите му биле вратени.

Ова е само еден случај од многуте слични во земјава со кои се повредуваат правата на потрошувачите во сферата на финансиското работење. Неправилностите во оваа област беа посочени на вчерашната трибина организирана по повод Светскиот ден на потрошувачите, кој годинава се одбележува под мотото „Наши пари, наши права – фер и финансиски услови“. Според организаторите, правата на потрошувачите во финансиската сфера најчесто ги прекршуваат банките, штедилниците и другите друштва што одобруваат кредити.

– Генерално, лани имавме околу 4.000 поплаки од потрошувачи, а годинава очекуваме уште повеќе. За банките имаме многу поплаки што се однесуваат на зголемување на каматата, недоволно информирање при потпишувањето на договорите за кредит, необјаснети каматни стапки, скриени трошоци надвор од каматата, реклами за банките што не ја прикажуваат реалната состојба. Просечниот македонски потрошувач нема доволно познавања за финансиските услуги и не може активно да учествува во заштитата на своите права – рече Маријана Лончар-Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Од Организацијата ги советуваат граѓаните пред да се задолжат, да го пресметам семејниот капацитет за штедење, внимателно да ги прочитаат договорите за кредит и да ги разберат пред да ги потпишат.

Освен за услугите на банките, граѓаните многу се жалат и на јавните услуги од областа на енергетиката и телекомуникациите, на неисправна техничка стока што сервисите не ја поправаат и покрај гаранцијата, на храна со поминат рок и без декларација, козметички производи со недозволени хемикалии, детски играчки што содржат опасни материи. И покрај многуте поплаки и неправилности, граѓаните се’ уште тешко се решаваат да ја тужат компанијата што им ги прекршила потрошувачките права.

Пријавете во Пазарна инспекција

Граѓаните што сметаат дека компанија ги оштетила може да поднесат пријава до Државниот пазарен инспекторат, кој по разгледувањето на пријавата испраќа инспектори на терен. Ако инспекторите утврдат дека личност или компанија со своето работење навистина ги нарушила правата на потрошувачот, му наложуваа на продавачот или давателот на услуга да ги замени неисправните производи или да го обесштети клиентот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top