Фев 26, 2013

Девет години од смртта на Претседателот Борис Трајковски

Денеска се навршуваат 9 години од смртта на претседателот Борис Трајковски, неговите соработници и членови на екипажот.Владиниот кингер со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција во Босна и Херцеговина, се урна во атарот на селото Хусковиќи, во близина на Мостар. Остатоците од авионот и настраданите беа пронајдени 24 часа по уривањето на кингерот.Во несреќата, покрај Трајковски, животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце …

Фев 25, 2013

Будното око на OSCE на претстојните локални избори

Канцeларијата за демократски институции и човекови права, ОДИХР, на ОБСЕ од денеска и формално ја почнува набљудувачката мисија на локалните избори во Македонија коишто треба да се одржат на 24 март. Според најавите, ОБСЕ ќе има 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи. Според информациите, набљудувачката мисија за локалните избори во Македонија ќе функционира независно од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Инаку, претходно претставникот на ОБСЕ во земјава, Ралф Брет, во интервју за Радио Слободна Европа порача политичките фактори да покажат зрелост, да мислат на долгорочните ефекти од нивните …

Фев 25, 2013

Драмскиот театар се простува од Ѓорчев

Драмски театар-Скопје денеска во 11 часот ќе одржи комеморација за актерот и директор на оваа национална установа, Бранко Ѓорчев, кој по долго боледување почина завчера на 50-годишна возраст.Ѓорчев е роден 1962 година во Неготино, во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности,  во класата на проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како актер во Драмски театар-Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги, во матичниот театар и во сите театарски институции во државата, како и на филмското платно.Во 2001-2003 е проект менаџер во Драмскиот театар. Бил и демонстратор…

Фев 22, 2013

Евроинтеграциите пред се

Евроинтеграцијата на Македонија во пресрет на Самитот на Европскиот совет во јуни 2013 година, како и актуелната ситуација во земјата ќе бидат централни теми на денешните средби на министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле со македонскиот државен врв.Како што соопштија МНР и Германската амбасада во Скопје, Вeстервеле ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со заменик-престедателот на Владата за евроинтеграции Фатмир Бесими и со шефот на дипломатијата Никола Попоски. Предвидено е тој да разговара и со претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски.Пр…

Фев 21, 2013

Четкар на Менхетен

На 8-ми март, македонскиот гитарист Владимир Четкар ќе настапи во познатиот клуб „Блу Ноут” на Менхетен.Четкар во Блу Ноут се враќа по петти пат и ќе биде придружуван од Мотохито Фукушима на бас, Милан Милановиќ на клавир и Џефри Фахардо на тапани.Како гостин на концертот кој ќе започне на полноќ ќе настапи и легендата на Казабланка Рекордс и диско музиката, Ди Си Лару кој заедно со Четкар ќе го исполни својот најголем хит “Катедрали”.Истиот ден во клубот ќе настапат и музичките џез и фанк икони, „Круседерс“ (Crusaders) и тоа со славната стара постава препознатливи по нивниот мега хит „Стри…

Фев 21, 2013

Почна анализата и на млекото во македонските продавници

Од Агенцијата за храна и ветеринарство изјавуваат дека од вчера почна проверката на квалитетот на сите видови на млека што се продаваат по македонските продавници.Мострите се веќе земени од сите видови на пастеризирано и стерилизирано млеко и од млечните производи на домашните млекарници.Агенцијата минатата недела соопшти дека сите домашни млека се исправни. Сепак, ако се знае дека српската пченка како сточна храна се увезува и во Македонија, многу е веројатно дека отровот афлатоксин ќе биде пронајден и во млекото од македонските млекарници.Во Србија почна повлекувањето од малопродажба на м…

Фев 20, 2013

Упатите за на лекар, заминуваат во историјата

Од средината на месецот април веќе нема да ни бидат потребни хартиени упати за кај специјалист. Прегледите и интервенциите од средината на април ќе се закажуваат преку интегрален компјутерски систем, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.Електронското закажување на прегледи ќе се спроведува од примарното до терцијарното ниво на здравствена заштита.Доколку пациентот треба да оди кај специјалист, откако веќе ќе отиде кај својот матичен лекар, матичниот ќе го закаже прегледот и ќе пополни електронски упат преку системот, а на пациентот ќе му остане само да отиде кај специјалистот во т…

Фев 20, 2013

Полицајците ќе скијаат

Денеска на падините на спортско-рекреативниот центар „Попова Шапка“ ќе се оддржи 25-то полициско првенство во алпско скијање – велеслалом во машка, женска и екипна конкуренција. На првенството ќе се такмичат над 60 пријавени натпреварувачи кои ќе возат на патеката „Пионерски рид“ или „Сртот“.По завршувањето на натпреварите ќе бидат прогласени победниците и ќе им бидат доделени признанија.Првенството го организираше Македонскиот полициски синдикат.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top