Четкар на Менхетен

На 8-ми март, македонскиот гитарист Владимир Четкар ќе настапи во познатиот клуб „Блу Ноут” на Менхетен.

vladimir cetkar
владимир четкар

На 8-ми март, македонскиот гитарист Владимир Четкар ќе настапи во познатиот клуб „Блу Ноут” на Менхетен.Четкар во Блу Ноут се враќа по петти пат и ќе биде придружуван од Мотохито Фукушима на бас, Милан Милановиќ на клавир и Џефри Фахардо на тапани.

vladimir cetkarКако гостин на концертот кој ќе започне на полноќ ќе настапи и легендата на Казабланка Рекордс и диско музиката, Ди Си Лару кој заедно со Четкар ќе го исполни својот најголем хит “Катедрали”.

Истиот ден во клубот ќе настапат и музичките џез и фанк икони, „Круседерс“ (Crusaders) и тоа со славната стара постава препознатливи по нивниот мега хит „Стрит лајф” и соул дивата Ренди Краворд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top