Јун 18, 2013

Од утре Македонија во жолта, алертна фаза

Утре и во четврток се очекува Македонија да биде зафатена со температури кои се наоѓаат во жолтата, односно алертна фаза, според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.Деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата, а Министерството за здравство апелира до граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено од 11 до 16 часот, да носат лесна и светла облека, да консумираат лесна храна и течности, да одржуваат хигиена на раце и на хигиенски начин да ја подготовуваат храната, како и хронично болните редовно да ја земаат терапијата. Инаку, …

Јун 18, 2013

Македонската полиција ќе вози и „Шевролет спарк“

На електронската аукција во МВР, најниска цена понуди Авто Македонија, со што го доби тендерот за набавка на 100 нови возила за полицијата.За време на аукцијата, од Авто Македонија ја снижија претходно понудената цена до 45.350.800 денари. На оваа цена не успеаја да и парираат тројцата останати понудувачи, Автонова со „Цитроен Ц1Х“, Еуроимпекс со „Пежо 107“ и Порше Македонија со „Шкода Сити Гоу“.Понудите се движат од 46.906.700 денари до 65.800.000 денари, а во цената, е внесена влегуваат освен возилото, и четири резервни гуми, уред за звучна и светлосна сигнализација, но и сервисирањето на…

Јун 17, 2013

Колкаво е богатството на МПЦ?

Секогаш кога граѓаните ќе влезат во црковен објект и сакаат да извршат некој религиски обред за коишто им е потребен одреден предмет кој што ја означува симболиката на обредот до него стои ценовник за тој предмет или ценовник за соодветната религиска услуга, за соодветниот религиски ритуал. Токму тие ценовници ги иритираат граѓаните бидејќи канонски не можеш и не смееш да дадеш вредност за религискиот ритуал.Иако, според религиските норми, светите книги, никаде не се фаворизира плаќање за одреден обред, туку напротив се оди по правилото верникот да плати кој колку има, сепак во голем дел од…

Ное 1, 2021

Стартуваше новата авиолинија Скопје -Женева

На Меѓународниот аеродром Скопје попладнево во 15.05 часот беше пречекан првиот лет на ИзиЏет од Женева, со што нискобуџетната авиокомпанија го означи почетокот со операции на македонскиот пазар. Во текот на зимскиот ред на летање, од денеска до 25 март следната година, летовите на оваа авиолинија ќе сообраќаат секој понеделник, четврток и петок. Македонскиот главен град ќе биде поврзан со швајцарскиот град три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок, од денес, 1 ноември, во текот на целата зимска сезона. Нискобуџетната авиокомпанија ќе сообраќа до Меѓународниот аеродром Скопје …

Јун 17, 2013

И Македонија има мултимилионери

Извештајот на „Ворлд ултра велт репорт“ (ВУВР) по бројот на богаташи ја става Македонија на 42. место во Европа, а од регионов највисоко котира Хрватска, со вкупно 260 мултимилионери.Македонија има вкупно 35 мултимилионери, чие богатство изнесува вкупно четири милијарди долари, покажува последната анализа на „Ворлд ултра велт репорт“ (ВУВР). Со ова богатство на мултимилионерите, Македонија е на 42. место во Европа, веднаш пред Црна Гора, која има 21 мултимилионер со богатство од две милијарди долари. Според податоците од ВУВР, нема промена во богатството на македонските мултимилионери во сп…

Јун 17, 2013

Во земјава има повеќе од два милиони активни мобилни телефони

Во Македонија минатата година имало 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони, што е зголемување за еден процент во однос на 2011 година, покажува Годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации.Според извештајот, лани е регистриран пад во фиксната телефонија за 3,25 проценти. Во овој сегмент вкупниот број корисници бил 408.318.Бројот на корисници на широкопојасен интернет, не вклучувајќи ги оние на мобилниот интернет,  бил 312.272, што е пораст од 10,59 отсто во споредба со 2011 година. Од нив 156.722 користеле Х-ДСЛ, 106.927 кабелски интернет, оптички 7.880, додека 22.97…

Јун 4, 2013

„Златните“ вина на „Тиквеш“

Винарската визба „Тиквеш“ ја продолжува 2013-та година со уште две значајни награди на престижен меѓународен вински натпревар. Вината „Темјаника Special Selection“ од бербата 2012-та и црвеното „Барово“ од бербата 2011-та се закитија со златни медали на натпреварот „Concours Mondial de Bruxelles“ во Словачка.- Наградите со кои во континуитет се закитуваат вината на „Тиквеш“ за нас не претставуваат цел сама за себе, туку се во функција на нашата долгорочна цел, а тоа е позиционирање на „Тиквеш“ како играч на светската винска мапа.  Наградите претставуваат значајна референца со која го градим…

Јун 4, 2013

Српските владици ќе расправаат за автокефалноста на МПЦ

Колку СПЦ е подготвена да направи компромис за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА? Се очекува ова прашање да биде дел од расправата на пролетниот собор на Синодот на СПЦ, кој се одржува веќе една недела.Изминатите години српските архијереи се покажале доволно ригидни во односот со МПЦ и не сакаат да се изјаснат кој би бил нивниот компромис во врска со подготвеноста да ѝ се даде томос за автокефалност на МПЦ. Минатата година српскиот претседател Томислав Николиќ во официјална посета на Македонија рече дека долгогодишниот спор меѓу двете цркви е решлив, но за тоа треба да помогнат и полит…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top