Од 1-ви јануари, Фондот за здравствено осигурување на Македонија го започнува проектот за системско скенирање на здравјето на луѓето од 14 до 65 години.И оние кои се болни и оние кои се здрави треба да се јават на повикот на матичните лекари и да направат преглет и лабараториски испитувања.Преку овие прегледи би се спречил развој на кардиоваскуларни, бубрежни или дијабетични заболувања.Со проектот се опфатени 1 милион и 200 илјади лица.{loadposition content9}
Во текот на минатата недела пријавено е 161 лице со симптоми на грип, соопшти Институтот за јавно здравје.Во споредба со бројот на заболени од претходната сезона, се бележи зголемување за 4 пати, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период, се регистрираат 3,4 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во земјава од почетокот на сезоната 2013/2014, изнесува 746 лица. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекции со вирусот на грип.Во споредба со истиот период минатата година (509), постои зголемување на вкупниот број заболе…
Вчера државниот испитен центар ги објави прашањата кои ќе се најдат на екстерното тестирање на 22 и на 24 јануари за учениците во завршна (трета или четврта) година од средното образование.Бројот на прашања по наставен предмет зависи од тоа колку е тој застапен неделно, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, во просек ќе има околу сто прашања. Двата предмета по кои ќе бидат тестирани учениците, ќе бидат објавени на список три дена пред полагањето.До 10 јануари ќе може да се пријавуваат неправилности или нелогичности во прашањата и сите издржани забелешки ќе бидат разг…
Лековите без рецепта, како што се аналгин и андол, освен во аптека да се продаваат во супермаркет и на бензиска станица – ова се дел од измените во законот за лекови и медицински помагала. Така, според надлежните, лековите ќе бидат подостапни за граѓаните во руралните средини, а може да има и намалување на цените поради поголемата конкурентност.-Следна крупна изведба која што ја предвидува овој закон е измената на секои две аптеки, на еден ланец на аптеки, задолжително мора да отвори една аптека во рурална област. Очекувам како резултат на оваа реформа да се отворат до 99 аптеки вели Никола…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.К.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „уништување на изборен материјал”.
Тој, на 31.10.2021 година околу 07.45 часот, на избирачко место лоцирано на улицата „4 Јули” во Кичево, откако претходно го остварил своето гласачко право за избор на градоначалник на општина Кичево, на член на избирачкиот одбор му рекол дека направил грешка и побарал ново гласачко ливче. По добиениот одговор дека тоа е невозможно, пријавениот го искинал гласачкото ливче и го напуштил гласачкото место – информираат од СВР Охрид.
Офицерите и подофицерите на АРМ ќе добијат нови службени униформи, кои вчера беа презентирани во Домот на АРМ во Скопје. Во изработката на униформата во тегет боја учествувале повеќе модни дизајнери и стручни соработници, а изработувач на прототипот е АД „Тетекс“ – Тетово. Kомплетот службена униформа (панталони, кошули, палто, капут, шапка, вратоврска…), кој за мажи чини 16.265 денари, а за жените 18.125 денари, за целосно опремување ќе ја чини армијата 45 милиони денари. Kако што беше појаснето на презентацијата, униформата главно ќе биде изработена од 65 проценти волна и 35 проеценти по…
Синдикалците и работодавачите договорија исплата на регрес за годишен одмор или популарно познат како K-15 за работниците во стопанството. Минималниот износ што работодавачите од наредната година ќе мораат да им го исплатат на над 300.000 работници од приватниот сектор ќе изнесува минимум 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци.Тоа би значело дека со просечна плата од околу 21.000 денари, минимумот што работодавачите би требало да го исплатат би изнесувал околу 8.400 денари или 137 евра.Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи вчера го по…
Маглата и денеска е причина за намалена видливоста на повеќе патишта низ државата, како и за откажување и пренасочување на летовите од скопскиот аеродром.Продолжува откажувањето на предвидените полетувања и слетувања на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, а дел се пренасочени на аеродромите во Охрид и во Софија.Намалена видливост поради магла до 50 метри има во Скопје и Петровец, а до 100 метри во Куманово, Кула, Демир Капија и Сарамзалино, информира Автомотосојузот на Македонија.Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по претежно суви коловози. Поради ниските темп…