Слаб земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во морскиот реон меѓу селата Урануполис и Амулијани на третиот крак на Халкидики во северна Грција.Според сеизмолошкиот центар на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, на земјотресот му претходел послаб потрес од 3,1 степени.Ова е втор земјотрес во северена Грција денеска, откако претходно околу три часот потрес со интензитет од четири степени според Рихтер го погоди реонот на Кожани. Епицентарот потресот бил на 17 километри југозападно од Кожани. Денешните земјотреси не предизвикаа човечки жртви и мате…
Денес се навршуваат десет години од смртта на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој животот го загуби во авионска несреќа близу Ротимње, БиХ, патувајќи на средба во Мостар во 2004 година. Својот претседателски мандат го започна на 15 декември 1999 година по завршувањето на мандатот на првиот претседател на РМ, Киро Глигоров.По тој повод, свое обраќање во Ротимње ќе имаат Претседателот на РМ, Ѓорѓи Иванов како и претседавачот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.На градските гробишта во Скопје поточно во Алејата на великаните, свежо цвеќе по повод комеморацијата …
Минатата година безмалку 10 илјади барања за азил од македонски државјани биле поднесени до германските служби.Податоците на Сојузната служба за миграција и бегалци покажуваат дека ако пред две години бројот на македонски азиланти изнесувал 1700 денеска е 5 пати повисок. Вицепретседателот на службата Михаел Гризбек за Дојче Веле, истакнува дека околу 130 илјади барања за азил минатата година пристигнале во Германија. Според него Србија е лидер во регионот по бројот на азиланти, додека Македонија е на 4-та позиција.Од воведувањето на визната либерализација бројот на баратели за азил од Макед…
На 1 март и официјално ќе почне да се спроведува проектот „Рурален доктор“. Проектот е всушност отворање на пунктови со лекар и медицинска сестра кои ќе вршат обиколка и ќе вршат основни прегледи на населението, а еден ден е резервиран за патронажни посети на пациентите во нивниот дом.Пет пунктови се веќе поставени во Крушево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Вчера министерот за здравство, Никола Тодоров го посети Здравствениот дом во Крушево, каде што се информираше за состојбите и потребите на таа здравствена установа.„Проектот…
Кутија цигари во јули годинава ќе поскапи за 4 денари, како резултат на зголемените акцизи. Акцизната давачка за цигарите ќе се зголемува секоја година, па до 2023 се очекува цигарите да бидат речиси двојно поскапи отколку сега, пишува „Дневник“.„Ако се земе предвид дека во едно пакување има 19 или 20 цигари тоа значи дека секоја година во просек по 4 денари ќе се зголемува цената на кутија цигари или до 2023 година ќе има поскапување од 40 денари за кутија. Математиката покажува дека цигарите што денес се продаваат за 50 денари, последната година од поскапувањето ќе се продаваат за 90 дена…
Непозната експлозивна направа била фрлена на улица доцна попладнево во близина на канцелариите на една компанија и Социјал-демократскиот Сојуз , потврди полицијата, додавајќи дека во инцидентот нема повредени.Портпаролот на МВР Иво Котевски изјави дека „експлозивна направа била фрлена на улица во скопската населба Карпош, во близина на канцелариите на една компанија и Социјал-демократскиот сојуз“. Тој додаде дека неколку возила се оштетени од експлозијата и е причинета минимална материјална штета.Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов изјави дека „бомба екпслодирала пред нивна канцеларија, во мо…
Сурогат-мајчинството е комплексен проблем и од психолошки и од психијатриски аспект и затоа треба сериозно да му се пристапи, а сурогат-мајката треба да биде добро информирана што ја очекува кога ќе се случи чинот на предавање на бебето на идните родители.Многу да се внимава на психичката состојба на потенцијалните сурогат-мајки порачаа психијатрите и психолозите учесници на јавната дискусија за предлогот на Министерството за здравство да се воведе сурогат мајчинство во Македонија. Според нив, треба да се формира стручна комисија која прецизно ќе одреди дали мајката е способна да го роди де…
Од денеска стапува на сила Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата во период од 2000-тата до 2004-тата година, кој што беше донесен по скратена постапка во Собранието.Со истиот се опфатени лицата кои останале без работа како резултат на приватизација на компанијата која била во државна или доминантна државна сопственост до 31 декември 2013 година.Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, со ова законско решение се очекува да се реши горлив проблем на околу 3.000 стечајци. Тие ќе б…