Дек 12, 2014

Ќе минува ли новиот „Пат на свилата“ низ Македонија?

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески учествува во меѓународната конференција „Патишта на свилата: инспирации и можности”, која се одржува денес во Истанбул, Турција.„Македонија, со својата географска позиција отсекогаш била стратешка точка за транспорт на Балканот, од причина што се наоѓа на крстопатот на многу рути кои водат од Европа до Азија и Блискиот Исток. Во моментот ние сме посветени и фокусирани на изградбата на нови автопати, нови железнички пруги и модернизација на старите, долж паневропските коридори кои поминуваат низ нашата земја”, рече пред присутните министерот Ј…

Дек 12, 2014

Стотици милиони евра долг кон државата по основ неплатен данок

Вкупно 4.239 фирми и граѓани од крајот на август до крајот на ноември не платиле даноци, покажува Црната листа на даночни должници објавена од Управата за јавни приходи. Тие на државата и должат 272 милиони евра, пишува „Инфо +“ порталот.На последната листа која е објавена деновиве додадени се нови 677 фирми неплаќачи на даноци и 75 граѓани чиј долг е околу 13 милиони евра.Маѓу 20 најголеми должници се јавни претријатија. ЈП „Македонија пат“ должи 5,7 милиони евра (352,879,803 денари) за неплатен ДДВ и данок од добивка, ЈП „Македонски шуми“ кое се води како неплаќач на ДДВ во износ од 4,1 м…

Дек 11, 2014

Подрачните одделенија од Управата за имотно-правни работи ќе работат до 19 часот

Поради големиот интерес за поднесување на барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, Подрачните одделенија за првостепена управна постапка на Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии заклучно со 15 декември 2014 година, кога е крајниот рок за поднесување на барања, ќе работат секој ден, вклучително и недела, со работно време од 8.30 до 19 часот.Во наведениот период, барањата за приватизација можат да се поднесуваат во Подрачните одделенија за првостепена управна постапка при Управата за имотно-правни работи, кое се наоѓаат на следната адреса:…

Дек 10, 2014

Медиумски ден за средношколците

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и средношколскиот весник „Медиум“ организираат Медиумски ден за средношколците во петок во неколку медиуми во земјава.Медиумскиот ден се организира под слоганот „Размислувај критички, делувај етички: Во и надвор од училница“ и има за цел да посочи на важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образование. Медиумската писменост ќе ги научи средношколците како да ги користат позитивните аспекти од популарната култура при личниот развој, ќе им помогне критички да ги анализираат медиумските содржини и да ги разбираа…

Дек 9, 2014

Kорупцијата е 5-ти најголем проблем за македонските граѓани

По невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени, корупцијата е 5-ти најголем проблем за македонските граѓани, се истакнува во Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата.Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата.Статистиката вели дека во земјава секој месец се откриваат во просек по шест случаи на корупција, иако претпоставките се дека бројот на неоткриените случаи е далеку поголем.Неофицијалните пресметки покажуваат дека само бизнис заедницата годишно …

Дек 9, 2014

Климатски предизвик: „Твојот град, од тебе зависи“

Предизвикот е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Амбасадата на Шведска, Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), Милиеуконтакт Македонија и Центарот за социјални иновации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.Двајца победници ќе бидат избрани од страна на експертска комисија. Секој од победниците ќе биде награден со 10,000 УСД. Од оваа сума, 1,000 УСД ќе бидат доделени во кеш (парична награда) а 9,000 УСД ќе бидат вложени за да се развие идејата во прототип. Поддршката ќе вклучувa те…

Дек 8, 2014

МВР: Нема украдени AFIS системи

Нема украдени AFIS системи или било какви системи кои се исчезнати. Според владината одлука на МВР му е доставе еден систем. Во моментов поседуваме еден систем, кој не е украде и не се користи за изработка на лични документи.Истите прашања во име на СДСМ беа поставени и од Невладини организации и од Фокус и беа навремено одговарани.Во одговорот до Фокус е посочено дека МВР ја добива опремата со „Одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Министерството за внатрешни работи“ бр.41-7651/1, донесена од Влада на Р. Македонија на седницата одржана на 22.10.2013 година…

Дек 1, 2014

Светската цена на нафтата паѓа, од утре нови цени на бензините

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 3,78%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 17.11.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,5…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top