Стотици милиони евра долг кон државата по основ неплатен данок

Вкупно 4.239 фирми и граѓани од крајот на август до крајот на ноември не платиле даноци, покажува Црната листа на даночни должници објавена од Управата за јавни приходи. Тие на државата и должат 272 милиони евра, пишува „Инфо +“ порталот.

danok
данок

Вкупно 4.239 фирми и граѓани од крајот на август до крајот на ноември не платиле даноци, покажува Црната листа на даночни должници објавена од Управата за јавни приходи. Тие на државата и должат 272 милиони евра, пишува „Инфо +“ порталот.

На последната листа која е објавена деновиве додадени се нови 677 фирми неплаќачи на даноци и 75 граѓани чиј долг е околу 13 милиони евра.

danokМаѓу 20 најголеми должници се јавни претријатија. ЈП „Македонија пат“ должи 5,7 милиони евра (352,879,803 денари) за неплатен ДДВ и данок од добивка, ЈП „Македонски шуми“ кое се води како неплаќач на ДДВ во износ од 4,1 милион евра (255,925.819 денари) , потоа ЈП Македонска радиотелевизија со долг од 1,7 милиони евра за неплатен данок на добивка и ДДВ и „Македонска радиодифузија со долг од 742.000 евра.

Должници кон државата се и МЗТ Леарница која ги лее дел од скулптурите нарачани од државните институции, како и Националната установа Македонска опера и балет со долг од 33.000 евра.
Меѓу должниците кои на листата се задржаа од почетокот на нејзиното објавување се и загубарите во државна сопственост ОХИС, Еурокомпозит и деловите на ЕМО и градежни компании кои работат на државни проекти.
На листата се и неколку тутунски компании, приватни медиумски куќи, трговци поединци, но и компанијата „Силекс“ од Кратово со долг од 22.000 евра.

Инаку, листата ја предводат веќе неколку месеци „Ел дон Кастило експорт-импорт“ од Скопје, заедно со уште две компании, односно „Мотор коач индустрија интернационал“ и „Индустрија Ел Азтека“ од Чаир, кои долгуваат 18,2 милиони евра.
На Црната листа неплаќачи на даноци на Управата за јавни приходи се сите фирми и граѓани кои не платиле данок по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за фирми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top