Јул 8, 2020

Охридските доктори и специјализанти не биле искористени за „пиарот“ на Филипче

Пишува: Соња Рилковска Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24 , на 5 јули , под наслов „(ФОТО) Докторите и специјализантите од охридските здравствени установи изманипулирани и искористени за пиар на Венко Филипче и власта на СДСМ?“. Уште од самиот наслов, кој иако е поставен во прашална форма, се обвинува министерот за здравство дека ги злоупотребил специјализантите од охридските здравствени установи, кои учествуваа на трибина на тема здравство. Воедно во насловот се наведува ФОТО за да се омаловажат младите лекари кои се на фотографиите дека биле искористени како пиар на власта. …

Јул 8, 2020

Никој не вели дека активисти на ДУИ пишувале графити за ВМРО во Тетово

Пишува: Ардит Рамадани. За време на предизборната кампања, извадено од контекст е дури и соопштениeтo на државна институција. Вистина е дека полицијата ги уапсила лицата кои пишувале графити во Тетово. Меѓутоа, никаде не пишува дека тие лица се активисти на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), иако рецензираната вест го тврди токму тоа. Иако за вој случај од Секторот за внатрешни работи (СВР) во Тетово испратиле соопштение уште во денот на настанот, истото не е вметнато во написот. Сосема легитимно при пишување на една вест новинарот да користи анонимни извори, но во овој случај цел…

Јул 8, 2020

Субјективно и емоционално коментирање во новинарски прилог

Пишува: Билјана Т. Димко На веб страницата на телевизија „Алфа“ на 27.06.2020 беше објавен прилог: Прогонот врз Душко – млекарот кулминира со семејна драма https://alfa.mk/progonot-vrz-dushko-mlekarot-kulminira-so-semejna-drama/. Предмет на оваа рецензија е необјективното коментаторско драматично однесување на новинарот на прилогот. Подолу е цитирана клучната информација од овој прилог, и не содржи ништо драматично и семејно. Битолчанецот Душко Млекарот, кој неколку години преку социјалните мрежи објавуваше материјали за незаконското работење на актуелната власт и кој, поради закани од …

Јул 8, 2020

И официјално им се лепат етикети на обвинителите

Пишува Ване Трајков Коментаторски и етикетирачки е презентирана информацијата на порталот Лидер објавена под наслов „И официјално збогум СЈО, добредојде за обвинителите под капата на Заев’’ откако Законот за Јавно обвинителство донесен во февруари годинава, стапи на сила денеска. Во информацијата ниту има официјални изјави ниту пак има експертски ставови за законското решение туку само ,,голо’’ и ,,навивачко’’ коментаторство со прашања и одговори на непотпишан автор и етикетирање на обвинителите дека работат под инструкции на екс премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев. ,,Борбата проти…

Јул 8, 2020

Коментаторски став за Фејсбук објави

Пишува: Жаклина Цветковска Тенденциозен, ироничен и навредлив наслов Ленче Ристова солзи рони за СЈО, денес ни е последен ден од лапањето и рекетирањето бизнисмени е објавен на порталот dokazmakedonija.mk, на 30.06.2020 година, како најава за текст во кој е пренесена изјава на обвинителката Ленче Ристоска, споделена на социјалните мрежи, по повод последниот работен ден на СЈО. Содржината на тестот, е всушност, интегрално пренесена објава на обвинителката Ристоска, а дека е нејзина објава може да се заклучи само од пренесениот статус на почетокот на текстот „Ленче Ристоска се чувствува нос…

Јул 8, 2020

Ниту сандалите на кандидатот, а ниту клеветите за „нацист“ не се од јавен интерес

Пишува: Ардит Рамадани Рецензираните вести, прикажуваат разни навреди и обиди за омаловажување на пратеници на една политичка партија. Написите се напишани на ист ден и се однесуваат на истиот настан. Се работи за еден настан во парк организиран од партијата „Алтернатива“. Во првиот напис, авторот се позанимавал со облеката на кандидатот за пратеник во шестата изборна единица, Хисни Исмаили, повикувајќи се на „Кодексот на облекување“ кој реално не постои, барем не за дружење и пикник во парк со сопартијците. „Kaндидатот на Алтернатива со „сандали“ сака да стане пратеник“ е насловот на ов…

Јул 8, 2020

Кандидат за премиер, претставен како ,,премиер”

Пишува: Шефкије Аласани Написот со провоцирачки наслов Албанскиот премиер му оддава почит на Имер Имери и Борис Трајковски (ФОТО), е објавен на информативниот портал ТетоваСот на 28 јуни 2020 година. За време на предизборната кампања ова вест со тенденциозен наслов е објавена во рубриката „Вести од земјата“. Насловот е и доста конфузен и не разјаснува на кој „албански премиер“ се однесува написот. Собранието на Република Северна Македонија се распушти на 16 февруари поради распишувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април, но истите се одложија како последица на кризата со к…

Јул 8, 2020

Текст полн со партиски констатации и неистражени факти

Пишува: Весна Коловска Анализираме текст објавен на bregalnicki.mk под наслов „Проектот за хидросистемот “Злетовица” заборавен од власта на СДСМ, ќе заживее од првиот ден од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ“, наслов кој што сам по себе констатира. Текстот заспочнува со редица заклучоци и коментари, а во функција на видео порака, со пишан текст од обраќањето на кандидатот за пратеник од Пробиштип во Изборната единица број 3, Маријан Миленковски. При тоа авторот пишува: Еден од најзначајните капитални проекти во Брегалничкиот регион веќе 4 година стои оставен сам на себе. Реализацијата на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top