Автор: Валентина Неловска

Куварите од охридското угостителско училиште подготвија традиционални специјалитети

Post Views: 5 Осум млади кувари од трета година при СУД „ Ванчо Питошески“ ги покажаа своите вештини и знаења во подготвување на традиционални специјалитети. Во училишната кујна вредно подготвија по сопствен избор вкусна храна. На тој начин ги потврдија своите вештини и знаења стекнати за време на школувањето. „Сите јадења кои се подготвени овде се наша замисла. Наш избор. Подготвивме велешка пастрмајлија, охридски чомлек,охридски комад, раванија, селско месо, питулици“, вели Кристијан Китанов од Градско. Мирсада Фејзулоска љубовта кон готварството ја стекнала од својот дом. Таа го...

Continue reading

Охриѓани имаат можност да научат проверени техники кои водат до подобар живот

Post Views: 7 Охриѓани кои сакаат лични промени имаат можност да научат како да го постигнат тоа. На дводневен настан на кој ќе се одржува работилница и семинар дел од проектот Отвори врата ќе се споделуваат техники како да го подобрат својот живот. Тренерите за животни промени Ристана Николоска, Надица Исаиловиќ и Елизабета Гошева ќе ги споделуваат долгогодишните стекнати знаења и искуствата за емоционално енергетско и духовно прочистување. Целта е да ги поттикнеме луѓето да створат позитивна енергија, а нивно хоби да биде работата на себе, вели Ристана Николоска тренер за животни...

Continue reading

Охридските училишта формирале комисии по препораките на МОН

Post Views: 0 Министерството за образование и наука упати препораки општините и училиштата да го почитуваат правилникот за исхрана на учениците усвоен во 2014 година. Најавија законски измени за да го следат спрoведувањето на Правилникот за исхрана на учениците. ТВМ ги контактираше директорите на неколку охридски училишта во однос на препораките на МОН. Дел од нив изјавија дека веќе формирале комисии со кои ќе се разгледуваат препораките. Најавија колективно видување на состојбите по што ќе следи нивно изјаснување. Некои напоменуваат дека без помош на државата тешко може да се спроведе...

Continue reading

Конзерваторите во Македонија се дефицитарен кадар

Post Views: 2 Македонија се соочува со дефицит на конзерватори од повеќе области. Недостасуваат домашни стручни кадри кои ќе работат на заштита на непроценливото културно историско наследство. Во земјава нема конзерватори од сите области почнувајќи од сликари, археолози, архитекти, набројува  д-р Лазар Шуманов стручен конзерватор и претседател на Македонскиот Национален комитет на ИКОМОС. „Замислете сеуште нашата држава нема систем за едукација за припрема на конзерватори. Јас сум дипломирал на архитектонскиот факултет и сум учел конзервација. Ние како комитет сакаме и инсистираме...

Continue reading

Осмомартовскиот празник е добар предзнак за успешна сезона

Post Views: 1 Туристичките работници со оптимизам најавуваат успешна туристичка сезона. Според стартот на осмомартовската посетеност на Охрид очекуваат во претстојниот период добар старт на сезоната 2018. Туристичкиот водич Љупчо Јузмески очекува голема посетеност на Охрид и за Велигденските празници. „За претстотните празници има најава на гости и сите хотели се над 80 посто резервирани. Потенцијалните инвеститори треба да размислуваат да градат хотели во Охри“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Во Охрид најголем број посетители се гости од соседните земји. Туристички аранжмани...

Continue reading

Варовиот малтер да се употребува при конзервација на историските објекти

Post Views: 6 Македонскиот национален комитет за споменици и локалитети, препорачува да се употребуваат варовите соединија кои се основа за постоење на нашето културно наследство. Д-р Лазар Шуманов, стручен конзерватор при Македонскиот комитет на ИКОМОС вели се што поседуваме како културно наследство е изградено врз база на вар. Верските објекти кои траат со векови и ги издржаа ланските земјотреси во Охрид се потврда дека во заштитата и понатаму треба да се применуваат материјали кои го издржуваат тестот на времето, напоменува д-р Шуманов. Една од препораките е употребата на варовиот...

Continue reading

Охридските туристички субјекти се сретнаа со претставници од Министерство за еконимија

Post Views: 1 Министерството за економија и охридските угостители и туристички работници ги пеглаат новите предлог измени во законот за угостителска и туристичка дејност, како и во законот за туристичка такса и привремен престој. Туристичките работници ќе предлагаат решенија за надминување на некои слабости за да се подобри климата за работа. На денешната дискусија претставници од ресорното министерство од прва рака ги запознаа со некои предлог измени кои ги бараат угостителите и туристичките работници од земјава. На денешната расправа охридските туристички агенции искажаа незадоволство...

Continue reading

Министерот Зоран Шапуриќ во работна посета на охридски компании

Post Views: 5 Министерот без ресор Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, за време на работната посета на Југозпадна Макеоднија посети и неколку охридски компании. На домашните бизнисмени им ги презентира владините мерки за поддршка на производството и нивните развојни планови. Шапуриќ при тоа ги запозна стопанствениците со мерките наменети за изедначување и поттик на досега запоставените домашни компании. Во мерките за олеснување на бизнисот кажа дека не се предвидени и нема да има ослободување од придонеси за вработување...

Continue reading

Реката Сушица поплави триесетина куќи на улицата Железничка

Post Views: 1 Надојдената река Сушица поплави триесетина домови на улица Железничка. Под вода се куќи, дворови, земјоделска обработлива површина и домашни животни. Жителите стравуваат дека со најавите за утрешните врнежи и од топењето на снегот реката ќе носи поголеми количини вода. Се жалат дека и покрај досегашните барања до надлежните институции речното корито не било исчистено во последните 30 години. Жителите од овој дел на градот велат дека домовите им се поплавуваат и заради инфраструктурни пропусти. Кажуваат дека со поплавите почесто се соочуваат по изградбата на улицата...

Continue reading

За прв пат кај нас се презентирани светските стандарди за одржлив туризам

Post Views: 0 Туристичките субјекти се запознаа со стандардите за одржлив туризам. За прв пат во земјава се презентираат стандарди кои се однесуваат на економската, еколошката и социолошката одржливост на една дестинација, но и на приватните чинители и јавните институции. Денес ќе ги претставиме стандардите и ќе идентификуваме во која насока нашата дестинација да стане одржлива, информира Елена Иванова од Свис контакт, швајцарската агенција за развој и соработка. Советот за одржлив туризам има развиено 42 критериуми според кој една дестинација може да биде одржлива, укажува Елена...

Continue reading

Бездомните кучиња во стaционарот на Мауцкер ќе останат до август

Post Views: 0 50 -те кучиња кои се сместени во привремениот стационар на Мауцкер ќе останат згрижени до месец август. Единствената волонтерка која во моментов се грижи бездомните животни да добијат хуман третман и да не се на улица најавува повлекување од својата повеќегодишна мисија и заминување во странство. Вилдана Садикоска, која остана сама во борбата за грижа на бездомните кучиња, на својот Фејсбук профил меѓу другото напиша. „Жал ми е, но не можам да помагам веќе, не ми остана енергија за борба, бидејќи немам веќе надеж. До сега се спасени многу кучиња од улица, вдомени, згрижени....

Continue reading

Продолжува традицијата на дарување 8 мартовски Охридски бисер од Филеви

Post Views: 4 8 мартовското дарување Охридски бисер од Филеви за туристите кои доѓаат во Охрид се одржа на Билјанини извори. Цветка Манева Трајанска од Софија беше среќната добитничка на овој јубилеен подарок од фамилјата Филеви. За туристите по пово Денот на жената се организира незборавен настан на кој најсреќните добиваат подарок од познатото семејсто Филеви. Бугарската туристка не го криеше задоволството од добиениот несекојдневен и скап подарок. „Ова е за прв пат да добијам ваков подарок .Пријатно сум изненадена со овој гест. До сега не сум имала ваков подарок на овие години....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top