Автор: Валентина Неловска

Одбележан христијанскиот празник посветен на мачениците Вера,Љуба, Нада и мајката Софија

Post Views: 2 Одбележан христијанскиот празник посветен на Вера, Љуба, Нада и мајката Софија во истоимената црквичка во Лагадин . По 18 пат се одржа голем црковно народен собир на кој од година во година доаѓаат се повеќе и повеќе верници од Охрид , но и од другите градови. Во малата црквичка на 30 септември, верниците ги слават љубовта , верата , надежта и мудроста. Малиот параклис е изграден од познатиот охридски угостител Љупчо Патчев по повод одбележувањето 2000 години од христијанството. Верниците доаѓаат да се помолат на овој ден кога црквата на крајот од септември го празнува...

Continue reading

Една деценија хуманитарна акција „За посреќно детство“ на OO Црвен крст

Post Views: 9 Утре ќе стартува хуманитарната акција „ За посреќно детство“ во организација на ОО Црвен Крст. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви ќе бидат наменети за помош на децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца. Големата хуманитарна спортско-рекреативна акција ќе започне со трка од плоштадот „Крушевска република-Чинар“ до градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. Охриѓани преку многу спорт, едукација, дружење, забава, хуманост и многу награди ќе им помогнат на децата кои имаат потреба од помош. Нивниот број е во пораст посебно на лицата кои...

Continue reading

На охридското крајбрежје има интерес за странски вложувања во изградба на хотели

Post Views: 5 На охридско – струшкото крајбрежје се повеќе се чувствува недостиг од хотелски капацитети, посочуваат хотелиерите. Сегашните 7000 легла во хотелските сместувачки капацитети на крајбрежјето се недоволни. Со изградбата на 10 – тина хотели, со по 200 соби или околу 10.000 легла, би ги  задоволиле потребите, напоменува Крсте Блажески претседателот на Хотам. Министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска при работната посета на Охрид информира дека странски инвеститори се заинтересирани за вложување во туризмот на крајбрежјето. „ Од аспект на инвестиции има...

Continue reading

Во земјава во пораст е интересот за бизнис инвестиции во разни области

Post Views: 0 Охридски бизнисмени се сретнаа со министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска, претставници од Фондот за инвестиции на РМ и градоначалникoт Јован Стојаноски. На средбата беа презентирани мерките од трите столба на планот за економски развој. Во првите шест месеци од годинава се чувствуваат резултатите од владините мерки за поддршка на домашната економија, кажа Апостолска. Во пораст се бруто домашниот производ од 3,1 проценти, 5,5 проценти индустриското производство, расте извозот, за околу 6 посто се зголемиле платите, ги наброја економските параметри министерката...

Continue reading

Во тек е чистењето на каналите и речните корита во Охрид

Post Views: 0 Во делови од Охрид каде што се речните корита на Грашница, Коселска и Сушица и каналите започнато е нивно чистење од наноси на тиња, песок и ѓубре. Водостојот на реките е намален и сега е најпогодно време за чистење на коритата на деловите за кои Локалната самоуправа има ингеренции, вели Томе Нанески од Фондот за Комунални дејности. „ Започнато е чистењето на речното корито на реката Грашница на потег од улицата Туристичка до улица Железничка. Тука сме при крај со чистење. Утре завршуваме и ќе се префрлиме на каналот кај бензинската пумпа Лукоил. Потоа ќе се префрлиме...

Continue reading

Дивата депонија Мауцкер од утре ќе се покрива со земја

Post Views: 15 Дивата депонија на Муцкер,  која „изникна“ во близина на северниот влез од Охрид, од утре ќе почне да се покрива со земја. Од Министерството за животна средина најавија дека имаат програма со која ќе ги расчистуваат дивите депонии. Градот пред 10 година наместо да добие слободна економска зона доби во непосредна близина еколошки загадувач за која сега нема пари да ја дислоцира депонијата. „ Ние го пратиме европскиот концепт за регионално управување со депониите и производство на енергија од нив. Тие европски вредности ќе доминираат во конечната одлука. 99 посто од општините...

Continue reading

Охридските фризери незаинтересирани во дуќаните да примат калфи

Post Views: 2 Охридските фризери незаинтересирани да примат во своите дуќани калфи. Досега само 6 -мина фризери и фризерки побарале да примат 8 калфи кои по обуката ќе може да се стекнат со диплома и ќе може самостојно да работат, вели Сашо Богојески, претседател на Регионалната занаетчиска комора. Со тоа можноста која ја нуди Усаид за подобрување на занаетчиската дејност во земјава остана без поголема поддршка. Занаетчиите од Охрид, Битола и Прилеп имаат можност да примат калфи кои ќе им помагаат и ќе го учат занаетот. „ Немам одговор. Не ми е јасно наназад со години токму фризерите...

Continue reading

Општина Охрид ги сумира туристичките резулатати од летната сеозна

Post Views: 4 Туристичките работници и локалната самоуправа ги сумираат резултатите од годинешната туристичка жетва. Охридскиот градоначалник вели првичниот впечатокот е дека имавме одлична сезона. Но , додава дека за прецизни бројки и резулатати треба да се почекаат статистичките обработки за туристичката посетеноста и остварениот туристички промет. Сега сме во две фази на размислување како да се прошируваат хотелските капацитети и на кои туристички пазари Охрид да се продава како туристичка дестинација. „ Втор правец е да се донесат поквалитетни гости. Гости кои ќе поминуваат повеќе...

Continue reading

Охрид го одбележа Денот без автомобили

Post Views: 0 Охрид го одбележа Денот без автомобили. Општина Охрид е дел од семејството на градови кои го одбележуваат Денот без автомобили во рамките на „Европската недела на мобилност“. Утрово, вработените во локалната самоуправа дојдоа на работа пеш или со велоиспеди, а од одделението за животна средина одржаа предавање на тема Мултимодалност –„Комбинирај и движи се“. Низ охридските улици се одржа и велосипедско дефиле . Од името на Локалната самоуправа заменик градоначалникот Константин Георгиески упати порака до граѓаните. „Со мудро одбирање на секојдневниот превоз се заштедува...

Continue reading

Во пораст е бројот на корисници на гарантирана минимална помош во охридскиот центар за социјални работи

Post Views: 4 Охридскиот Меѓуопштински центар за социјални работи евидентира околу 700 корисници на гарантирана минимална помош кои се материјално обезбедени и 80-тина корисници на оваа помош кои се работно неспособни. Бројот на сиромашни граѓани оди во нагорна линија, укажува социјалниот работник, Горан Поп Марков, за социјалната слика во општина Охрид. Има благ раст кој од година во година се покачува и не е само резултат ковидот па да кажеме дека дојде до некој бум, експлозија, факт е дека живееме во сиромашно општество и штом расте бројот на семејства кои користат гарантирана...

Continue reading

Воена делегација од САД го посети ОУ„Братство Единство“ во Лескајца

Post Views: 2 Висока воена делагација, предводена од генерал – мајор Стивен Креј, командант на националната гарда на државата Вермонт од САД, го посети ОУ Братство Единство во налебата Лескајца. Гостите од САД остварија средба со вработените и учениците од оваа школа каде што настава посетуваат ученици од различни етнички заедници. Преку организацијата на УСАИД се реновирани голем број училишта во Македонија, а меѓу нив и во зградата на ова општинско школо. Прекрасно е да се видат плодовите од работата на УСАИД и во изградбата на побезбедна околина за учење на учениците, рече...

Continue reading

Од понеделник асфалт на улицата Распаќе

Post Views: 1 Улицата Распаќе, дел од региналниот пат Охрид-Радожда, од понеделник ќе почне да се афалтира. Возачите реагираат дека патниот правец започнал да се подготвува пред еден месец и сеуште не е асфалтиран. Сообраќајницата е фрекфентна многу често се вози не само по стариот пат кон Струга туку и кон специјалната болница за ортопедија Св. Еразмо. Возачите прашуваат кога ќе добијат асфалтирана улица. Веднаш по завршувањето на реконструкција на подолг патен правец во Струга ќе почнеме со довршување на започнатите подготовки за реконструкција, информира Крсте Ташкоски, раководител...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top