Post Views: 4
Нелегални приклуоци на водоводните мрежи се откриваат во двете соседни општини Струга и Охрид. Има случаи каде што несовесни граѓани крадат вода од градскиот водоводен систем. Дивите приклучоци на вода кои ги има во двете општини тешко се откриваат и прават големи материјални штети на МЈП Проаква. Од РЕ Проаква во Струга велат дека само минатата година евидентирале 144 диви приклучоци, од кои 80 веќе се регулирани. На терен има 4 екипи за откривање на нелегални приклучоци поради што бројот на диво приклучени стружани на водоводната мрежа бил намален. Тоа значи дека прекршителите...
Post Views: 0
Забрзано се работи на градење и реконструкција на патната инфраструктура која води кон Охрид. Патиштата подолго време се во многу лоша состојба на што реагираат и граѓаните и туристите. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов е задоволен како се одвиваат работите на автопатот Кичево- Охрид кој треба да биде завршен за две години. Според проектот за патот во 99 проценти е завршена експропријацијата , а ќе се работи на експропријација на додатните работи како што се косините странично од патот, вели Китанов.
„ Најгорливите проблеми се решение. Има чудни моменти,...
Post Views: 7
Три малолетни деца се спасени од давење во вчерашното невреме кое е ја зафати Струга. Стружанчињата пред хотел Дрим изнајмиле педалинка која подоцна ја зафатило силно невреме. Децата под налетот на силниот ветар ја загубиле контролата врз педалинката која била носена кон албанските територијални води.„ Со патролен чамец езерската полиција изврши пребарување на езерскиот квадрант каде се забележани трите малолетници. Во педалинката на оддалеченост на 1, 5 km од езерскиот брег наспроти хотел Бисер. Во разговорот со полициските службеници трите малолетници покажале...
Post Views: 20
Во првото тромесече од оваа и мината година Oдделението за заштита и влијание врз животната средина при ЛС издало шест интегрирани еколошки дозволи. Една Б- ИЕД е издадена за леарница за леење на обоени метали, една за каменолом за експлоатација на минерална суровина варовник, две за бетонски бази и две за живинарски фарми. Б интегрирани еколошки дозволи се издадени за Леарница ДООЕЛ Охрид, АД Гранит бетонска база с.Косел , ГД Гранит каменолом Рашанец, Бетонска база Лавче ,с.Косел,живинарска фарма Лита, с.Горно Лакочереј, живинарска фарма Вапилица ,с.Вапила Охрид, инфеомираат...
Post Views: 7
Воведување на низа мерки во работењето на општинската администрација за позадоволни граѓани, најавува во изборна програма Митре Милошевски кандидат за градоначалник од Вмро Дпмне. Милошевски, најави на денешната прес конференција поголема ефикасност и услужност на локалната администрација кон граѓаните.
„ Општинатa ќе биде поотворена и ќе работи за граѓаните. Со нови начини на организирање на работата, навремени реакции, достапност и услужност за граѓаните ќе направиме ефикасна и модерна Општина. Кој прв ќе дојде, тој прв ќе добие услуга. Воведување антикоруптивна мерка...
Post Views: 13
Трите делници во охридско – струшкиот регион на кои се изведуваат поправки ќе бидат предвреме завршени, најави Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта кој денес беше во обиколка на регионов. Работите ќе бидат завршени два месеци порано од планираниот рок во проектот пред почетокот на главната туристичка сезона, рече Китанов. За рехабилитација на овие делници ќе бидат потрошени над 180 милиони денари буџетски средства од ЈП Државни патишта. Во моментов се работи на сите три, а рехабилитацијата на Булевар Туристичка во должина од 5,6 км од двете страни на...
Post Views: 7
Словенечката групација Сава Осигурување АД Скопје нуди палета од неживотни осигурувања за физички и правни лица. Сашо Дракулески, Генерален директор на Сава Осигурување АД Скопје,вели за да бидат што подостапни до клиентите и компаниите отвораат нова канцаларија каде што ќе го купуваат ризикот од незгоди за во несакани ситуации да ги покријат разните видови настанати штети.
„ Граѓаните икомпаниите може да купат секаков вид на неживотно осигурување од возила, за физички лица, автоодговорност, каско, домаќински осигурувања, патнички осигурувања, за фирмите осигурување...
Post Views: 3
Советот на општина Охрид со 12 гласа за, 8 против и еден воздржан го усвои извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид и единки корисници до 30.09.2018 година. Со помош на Владата, почнуваме со реализација на процесот на раздолжување на општината, нејзина финансиска консолидација и почеток на нов развоен циклус , изјави вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески.
„ Општината ќе го намали вкупниот долг за 948.023.989,оо денари или за 15.400.000 евра од кои над 495 милиони „ денари...
Post Views: 10
Само што официјално започна претседателската кампања, Гордана Силјановска Давкова, денеска, на плажа во Охрид медитираше јога. За неа јогата не е бегство од реалноста туку потреба за справување во конфликтната реалност.„ Јогата не е спорт, не е хоби туку филозофија. Во јогата телото и духот може да се сретнат. Живееме во немир, а источњачките народи полесно се справуваат со проблемите на денешницата. Кога е во прашање јогата во европските училишта се воведува јога во наставата, во фирмите и компаниите. Јогата е комуникација со себе и другите, размен на позитивна енергија...
Post Views: 2
Основците од Ванчо Николески од Лескоец го одбележаа Први април денот на шегата и денот на акцијаштвото. Учениците на настанот му дадоа и сериозен еколошки дух. Од рециклирани гуми изработиле декоративни и корисни предмети кои го красат училишниот двор. Учениците членови на акцијашкиот клуб Брег на младоста одлучиле денешниот ден да го одбележат со акцијата „Гумата не гори ја, за украс обои ја“ упатувајќи порака дека промените стартуваат од себе, од својот двор, од својата околина.
„На тој начин сакавме да покажеме дека треба да се грижиме за местото во кое учиме и живееме....
Post Views: 7
Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во своето прво обраќање пред охриѓани потсети на пријателството, спомените и заложбите на Јован Стојаноски кој прерано замина од градоначалничката функција. Почувствував голема морална обврска и мотив да ги вложам сите мои човечки капацитети, сето мое искуство и време за да се борам и да го продолжам она што го започнавме заедно за доброто на Охрид и за доброто на охриѓани, истакна Георгиески кандидат за градоначалник на Охрид. Мојата предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи...
Post Views: 1
Стабилна политичка состојба за подобри резултати на македонската берза, беше една од пораките која се упати од 20 годишната конференција на АД Македонската берза. На конференцијата учествуваше и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев , а се обратија и извршниот директор на АД Македонска берза, Иван Штериев и директорката на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Нора Алити.
Македонската берза и пазарот на капитал се значаен дел од економското функционирање на нашата земја и се исклучително важни за раст и развој...