Post Views: 0
Во градот и околината рано утрово наврнаа околу 9 цм снег. Екипите на ЈП Охридски комуналец од 4 часот изутрина се на терен и го расчистуваат снегот, информира Трајан Љаткоски , раковител на паркови и зеленило. Имаме доволно и механизација и човечки ресурси за да се справиме со снежните врнежи , вели Љаткоски.
„Според прогнозите снегот беше очекуван Бевме навреме на терен излезени за расчистување со механизација во центаралното градско подрачје и косите улици, а потоа ги расчистувавме и улиците и тротоарите кон периферијата “, информира Љатксоки.
Утрово и во текот на...
Post Views: 1
Основното училиште Григор Прличев во кое учат над 1000 ученици од 1 до 9 оддоление со низа активности го одбележа својот патронат. Учениците од одделенска и предметна настава со отворени часови на еден поинаков и многу интересен начин ги презентираа своите активности и знаење по скоро сите предмети. Покажаа колку труд и знаење вложуваат во секојдвениот наставен процес. За некои ученици се интересни природните науки, а за други странските јазици, како што е тоа пример за неколку ученички кои по германскиот јазик планираат да запишат студии и да го изучуваат во иднина.
Учениците...
Post Views: 8
Од Фондот за иновации и технолошки развој во тек е објава со која финансиски ќе се поддржуваат ново основани микро , мали и средни претпријатија, информира Татјана Мишова, научен соработник за врски од Иновацискиот хаб во Охрид. Максималниот износ зa кофинaнсирање кој може да се искористи за покренување на сопствен иновативен бизнис е до 30.000 евра или 85 проценти од вкупниот буџет на проктот, информира Мишова.
„Еден од условите е компанијата да не е постара од 6 години , да е регистрирана во Централниот регистер во државава и да е во сопственост на македонски државјанин...
Post Views: 0
Возачи на камиони, автобуси и шлепери се дефицитарни на домашниот пазар на труд. Иако минатата година над 600 кандидати од Охрид се пријавиле да полагаат за возачи од C, D и E категорија недостауваат возачи. Од пријавените кандидати само 76 мина се стекнале со дозвола за управување на овие категории возила, информира Никола Кукоски ,раководител на испитниот центар „Современ возач“.
„Според моите последни сознанија домашните компании едвај се снаоѓаат со кадар за високите категории, најверојатно примањата во странските компании се далеку повисоки “, напоменува Кукоски...
Post Views: 1
Неколку дечиња од Здружението на родители „Тајните на моето срце“ со посебни потреби ќе псоетуваат часови по музикотерапија. Во здружението има 20 тина деца со пречки во развојот, Даунов синдром, комбинирани пречки и церебрална парализа, напоменува Валентина Павлоска Златанова , претседател на здружението. За музикотерапијата е задолжена Билјана Стојкоска, која сесрдно ќе го примени своето знаење за подобрување на комуникацијата кај овие деца, вели Павлоска Златанова , претседател на здружението .
„ Ние во разговор со Билјана, дознавме дека во Европските земји и на Запад...
Post Views: 0
Наскоро ќе се дислоцира спомен бистата на охридскиот и македонскиот преродбеник Григор Прличев од сегашната локација пред градската библиотека во непосредна близина на контејнерите за отпад. Советниците во градскиот совет ја изгласаа предлог одлуката и ја исправаат грешката донесена пред неколку години од нивните претходници. Сега ќе се поместува спомен обележјето на посоодветно место пред Ценатрот за култура кој го носи неговото име.
„Направен е мал проект како ќе изледа во иднина. Ќе биде поставен меѓу двата влеза на градската бибилотека пред големиот изложбен салон...
Post Views: 3
Во градскиот совет не се усвои точката Динамички план за одстранување на бесправно изградените објекти плажи, една од најважните меѓу 20 -те точки кои се разгледуваа на Дневниот ред. Кирил Пецаков, координатор на советничката група на Вмро Дмпне го изнесе ставот дека тие како совеници се изземаат од гласањето по оваа точка. Жешкиот костен за одлучување по важните препораки на Унеско го препуштија на Градоначалникот и Дражавниот градежен инспекторат. Пецаков предлага два начини на решавање на проблемот.
„Сoветот не е надлежна за ваква одлука да донесе. Градоначалникот...
Post Views: 7
Снимањето и санирањето на колекторскиот систем е во тек, а со овој Елаборат не е опфатена санацијата на пречистителната станица во Враништа. Тоа го открива директорот на новото државно ЈП Колектор.
„За ова пречистителна станица има готов проект изработен од нашите инситуции вво осработка со Европските фондови и согласно рзговорот со МЖС и со Владата е во план во 2021 година целосно реконструкција на пречистетелната станица“, укажува Владимир Алексијоски, директорот на Државното ЈП колекторски систем.
Заради географската конфигурација две посебни пречистителни станици...
Post Views: 3
Социјално најзагрозените охридски семејства добија хуманитарни пакети. Општинската организација на Црвен крст додели 30-тина пакети со прехранбени производи и средства за хигиена во рамките на одбележување на „Неделата на борба против гладот“ која започна од 16-ти и ќе трае до 22-ри октомври. Хуманитарните пакети содржат продукти според стандардите на Меѓународната организација на Црвен крст потребни за еден месец за четиричлено семејство, информира Сашо Точков, претседателот на охридската организација на Црвен Крст. Хуманитарната организација преку целата година ги...
Post Views: 1
И оваа сезона изостана зимското одржување на патот кој води низ НП Галичица до Преспа. Атрактивниот локалитет Корита на Галичица, кој е на 9 км од главниот пат, и оваа зима остана празен без посетители. Регионалниот пат од трета категорија е запоставен и нема зимско одржување за кое е задолжено ЈП Државни патишта. Со години останува забрана за одвивање на сообраќај во зимски услови, а патниот правец е мошне значаен за националиот парк, вели Андон Бојаџи од НП Галичица.
„Ние побаравме од ЈП Државни патишта да се одржува патниот правец , да интервенираат. Главно се два...
Post Views: 0
Две лица во Пештани се дале во бегство кога полиција го запрела нивното возило. Зад себе исфрлиле вреќа со 2 риболовни мрежи и 20 парчина риба Охридска пастрмка. Полицијата мрежите и уловената пастрмка ги предала во Хидробиолошкиот завод и работи на целосно расветлување на настанот по што ќе следи соодветна пријава. Оваа заплена се случила вчера, а денеска дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски имаше средба со началникот на СВР Охрид.
„Треба да апелираме во моментов кога Охридско Езеро нема концесионер...
Post Views: 0
Продолжува проектот за ретките болести за запознавање на пошироката јавност. Активистката Гордана Лолеска, заедно со охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ и оваа година ќе ја водат кампањата „Ги запознаваме ретките болести“. Лолеска вели дека оваа година вклучуваат нешто ново, а кое истовремено ќе биде и од едукативен, но и од информативен карактер, за ретките болести да се „доближат“ на пошироката јавност на Албански и Знаковен јазик. Пациентите со ретки болести кои се од албанска етничка припадност полесно ќе се информираат за ретките болести доколку...