• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Нова можност за користење на средства од старт ап 2 од фондот за иновации и технолошки развој

Нова можност за користење на средства од старт ап 2 од фондот за иновации и технолошки развој

Повикот за користење на средства е во тек , а се однесува за кофинансирање на бизнис мали и сердни компании  од различни области. Заинтересираните за старт  ап 2 може да добијат  информации на утрешната инфо сесија која ќе се одржи на Факултетот за информатички технологии Св. Апостол Павле.   

 |  Валентина Неловска  | 

Од Фондот за иновации и технолошки развој во тек е објава со која финансиски ќе се поддржуваат ново основани микро , мали и средни претпријатија, информира Татјана Мишова, научен соработник за врски од Иновацискиот хаб во Охрид. Максималниот  износ зa кофинaнсирање кој може да се искористи за покренување на сопствен иновативен бизнис е до 30.000 евра или 85 проценти од вкупниот буџет на проктот, информира Мишова.

Еден од условите е компанијата да не е постара од 6 години , да е регистрирана во Централниот регистер во државава и да е во сопственост на македонски државјанин во износ од 50,01 посто од сопственоста“, вели Мишова.

Досега 82 компании од земајва ги  искористиле средствата од старт ап инструментите од фондот за иновации и технолошкиот развој и покренале  свои бизнис компании. При  аплицирањето нема  ограничувања во областите на инвестирање.

„Целта е да се воведе инвентивност во компаниите. Според моите информации не постои ограничување за областите каде што може да се аплицира. Возрасно ограничување исто така нема, во однос на физичките лица кои се сопственици или сакаат да започнат свои бизниси“, посочува Мишова.

Фондот за иновации и технолошки развој располага со сите информации за апликациите кои ќе учествуваат во повикот кој е во тек. Заинтересираните за старт ап 2 може да добијат информации на утрешната инфо сесија која ќе се одржи на Факултетот за информатички технологии Св. Апостол Павле.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top