Post Views: 2
Владата да се справи со уривање на дивоградбите во Охрид, Струга и Дебрца а не локалните самоуправи, побара Антикорупциската комисија. На денешната прес-конференција ова го соопшти Билјана Ивановска, претседател на Државна комисија за спречување корупција по увидот што го направиле во јавните набавки за општина Охрид. При тоа констатирале дека е склучен само еден договор за уривање на дивоградбите. Ивановска кажа дека поради малиот износ на средства со кои располага општината за справување со дивоградбите, ќе се остави впечаток дека се постапува селективно при уривањето...
Post Views: 19
Од двата новорегистрирани случаи на КОВИД 19 во Охрид, едно лице е вработено во фабриката ОДВ Електрик во ТИРЗ Струга, а членови на семејството на другиот случај биле вработени во фабриката. Погонот од вчера е затворен , а во изолација се сите контакти на лицата, вели Сашо Точков, директор на охридскиот ЦЈЗ.
„Согласно процедурите со извештајот и резултатите добиени од Лабораторијата на Институтот за јавно здравје од Скопје се направи записник од страна на епидемиолозите и инспекциските служби и Комисијата за заразни болести донесоа соодветно решение за престанок за...
Post Views: 2
Триесет граѓани дадоа крв за само 5 часа на Одделенито за Трансфузилогија во Охрид на вонредната кровдарителна акција, информира Сашо Точков претседател на ОО ЦК. Покрај повеќекратните дарители се приклучиле и повеќе млади кои прв пат дарувале крв. Задовoлни сме и изненадени од денешниот одзив на хуманите луѓе кои даруваа крв, инфoрмира претседателот на ОО ЦК .
„Овие крвни единици ќе се обработуваат во Битола и ќе се употребуваат за потребите на пациентите од охридските здравствени установи. Задоволни сме имаше од сите крвни групи очекувавме од 15 до 20 крводарители,...
Post Views: 3
Стопирани се сите културни случувања во НУ Центар за култура Григор Прличев. Културниот живот е замрен не само на охридските две сцени туку насекаде во земјава. Заради корона вирусот нема театарски претстави и кино проекции. Од одобрените проекти помина само одржувањето на Прличевите беседи кои се одржаа пред почетокот на кризата, информира Горан Симоноски , додека другите проекти се стопирани. Центарот годинава не доби средства за материјални трошоци и сега стравуваат со ребалансот на буџетот да не им бидат скратени доделените средства за реализација на проектите.
„Ние...
Post Views: 9
12 мај Светскиот ден на медицинските сестри во охридските здравствени установи ќе помине без вообичаените прослави и избор за најхумана медицинска сестра. Во време на пандемија овој епитет им припаѓа на сите медицински сестри кои се борат со Ковид 19, вели Анета Волканоска главна медицинска сестра од охридската Општа болница.Да се биде добра медицинска сестра не е потребно само знаење и едукација туку и љубов кон луѓето и споделување на љубезноста, вели Волканоска. Таа е горда што досега нема заболен медицински кадар во охридските здравствени установи и досега добро...
Post Views: 1
Според опозциската партија, една година Охрид нема градоначалник, а Георгиески се кити со туѓи перја.
-Георгиески е синоним за неработа, дивоградби и назадување на Охрид. Само лаги и празни ветувања, непосветено и недомаќинско работење. Му честитаме за огромната фотосесија и лично претставување небаре снима предизборен спот, наместо да даде вистински и транспарантен отчет пред граѓаните. Охриѓани видоа реализиран проект Бетонска база, на секој чекор дивоградби, никна нова депонија Мауцкер, огромен број кучиња скитници, нефункционални рампи, јавни претпријатија пред финансиски...
Post Views: 3
Доделена донација за СВР Охрид во висина од 10.000 евра за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19. Донацијата е од Програмата ИПА на ЕУ за прекугранична соработка со Албанија и се состои од заштитни маски за повеќекратна употреба, нараквици и дезинфекциони средства, информираше Горан Милески министер за Локална самоуправа.
„Ние сметаме дека е неопходно да ги заштитиме полицајците кои се на првата борбена линија по здравствените работници. Нашата полиција во регионот на СВР Охрид ги опфаќа Охрид, Струга , Кичево и Дебар и обезбеди 2500 заштитни маски...
Post Views: 5
До општинската организација на Црвен крст со барање за помош се почесто се обраќаат невработени охриѓани, а се млади и работоспособни луѓе. Тие сограѓани се посебен предизвик за нас за да им помогнеме во нашата организација, вели Сашо Точков, претседателот на ОО Црвен крст. Има голем број на луѓе кои се обраќаат да им помогнеме со социјални пакети со храна и средства за хигиена, но ние би сакале да им помогнеме сами да заработуваат за живот, додава Точков.
Има голем број млади луѓе кои бараат помош, кои се во средовечни години, 30 – 40 години кои можат да работат....
Post Views: 4
Влатко Милошевски, инженер по електротехника кој живее во Холандија неодамна на интернет објави Лексикон на странски сликари кои биле инспирирани во творештвото од престојот во Македонија. Создал веб страна „Лексикон на странски сликари во Македонија од 1850 до 1950 година“. Може да се види обемен материјал со уметнички дела кој го собирал 15 години и содржи податоци за над 250 уметници. Во неговата збирка се застапени уметници од западноевропските земји меѓу кои Велика Британија и Германија, но и од балканските простори.
„Она што најмногу ги воодушевувало и привлекувало...
Post Views: 5
СВР Охрид го одбележа 7 мај – Денот на македонската полиција со превентивна кампања. Посветена на граѓаните и подигнување на јавната свест за потребата од поодговорно однесување за заштитата од ширењето на вирусот “COVID 19“ и придржување до одредбата за задолжително носење заштитни маски, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
„Претпладнево, на целото подрачје на СВР Охрид, во општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар, полициски службеници од Одделението за превенција и други претставници на полициските станици, поделија пакети заштитна опрема што опфаќа...
Post Views: 3
Далечинско учење се применува во совладување на теоријата и инструменталните композиции и во основното музичко училиште Методи Патче. Реализацијата на специфичната настава во музичкото школо бара поинтенивен ангажман и од учениците и од предметните професори преку примена на он-лајн настава, инфомира Емилија Маринова, директор на ОУ Методи Патче. Наставата е специфична бидејќи покрај групната се изведува и индивидулна настава по неколку инструменти, вели Маринова, но задоволно додава дека досега успешно се совладува наставната содржина.
„Тешко е од далечина на учениците...
Post Views: 4
До Советодавното биро на ОПМ во Охрид во просек месечно пристигаат по 20 поплаки од купувачите. Тие бараат заштита и информации за различни повреди на нивните потрошувачки права. Во месец јануари имавме 14 различни поплаки од граѓани, информира Вангел Спироски од Советодавното биро. 10 мина се обратиле во врска со неисправна техничка стока и детски играчки, некои со прашања за функционирањето на куќните совети, односно, кој за што е надлежен, до кои институции да се обратат за проблеми, но се обратиле и граѓани за финансиски услуги кога се незадоволни од банки и штедилници,...